Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Шверин

Координати: 53°38′0″N 11°25′0″E / 53.63333° СГШ; 11.41667° ИГД / 53.63333; 11.41667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Шверин
Шверински замок (парламент на Мекленбург-Западна Померанија)
Шверински замок (парламент на Мекленбург-Западна Померанија)
Шверински замок (парламент на Мекленбург-Западна Померанија)
Грб на Шверин
Шверин во рамките на Германија
Шверин
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Урбан округ
Градски единици 18 градски окрузи
Градоначалник Ангелика Грамков (Левица)
Основни податоци
Површина 130,46 км2
Надм. височина 38 м
Население 98.596 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 756 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. SN
Пошт. бр. 19053, 19055, 19057, 19059, 19061, 19063
Повик. бр. 0385
Портал schwerin.de
Местоположба на Шверин во Мекленбург-Западна Померанија
Местоположба на Шверин во Мекленбург-Западна Померанија
Местоположба на Шверин во Мекленбург-Западна Померанија
Координати 53°38′0″N 11°25′0″E / 53.63333° СГШ; 11.41667° ИГД / 53.63333; 11.41667
Грофовија Шверин
Grafschaft Schwerin
1161–1358
Статусвазален
Главен градШверин
УредувањеКнежевство
Историски периодСреден век
• Основана
1161
• поделено на Шверин
    и Ш-Витенбург
 
1279
• поделено за да се создаде
    Ш-Бојценбург
 
1323
• го наследува Текленбург
1328
• Ш-Шверин престанува да постои
    
 
1344
1349 1358
• продаден
    на Мекленбург-Шверин
 
1358
Претходници
Наследници
Војводство Саксонија Војводство Саксонија
Мекленбург-Шверин
Бискупија Шверин
Bistum Schwerin
1165–1648
Статусвазален
Главен градШверин
Уредувањетеократија
Историски периодСреден век
• Основана
1062
1165
1648
Претходници
Наследници
Војводство Саксонија Војводство Саксонија
Мекленбург-Шверин

Шверин (германски: Schwerin; мекленбуршки-шверински: Swerin) — главен град и втор најголем град во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, во северна Германија. Со помалку од 100.000 жители, градот претставува најмал покраински главен град во Германија.

Градот се протега на западните и јужните брегови на Шверинското Езеро, кое е составено од дванаесет езера во рамки на езерската област. Една од најголемите знаменитости во градот е Шверинскиот замок. Замокот до 1918 бил главна резиденција на мекленбуршките војводи и големите војводи, а од 1990 е седиште на Ландтагот.

Шверин е првпат споменат во 1018 година, а градските права ги добил во 1160 година, со што е најстар град во денешната покраина Мекленбург-Западна Померанија.

Географија

[уреди | уреди извор]
Воздушен поглед на Шверин
Поглед на Стариот град од Главната железничка станица во Шверин: катедралата и замокот се во средина на сликата

Шверин се наоѓа во западниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија на југозападниот брег на Шверинското Езеро во пошумена езерска област. Други езера на територијата на градот се: Бургско Езеро, Фаулско Езеро, Гримкеско Езеро, Хајденско Езеро, Гросе Карауше, Ланковско Езеро, Медевешко Езеро, Нојмилско Езеро, Осторфско Езеро, Пфафентајх и Цигелско Езеро. Водотеци во областа се Аубах, чии води се влеваат во Шверинското Езеро и каналот Штер.

Жителите на Шверин со задоволство го нарекуваат како „град на седум езера и шуми“ (Stadt der sieben Seen und Wälder). Оваа ознака потекнува од порано, кога Шверин не ја имал денешната распространетост и фактично излегувал на само седум езера. Со површина од 130,46 км2, околу 28,9% отпаѓаат на вода, а дури 18,5% се покриени со шуми.[2] Надморската височина на градот изнесува 38 метри, а највисоката точка е на 86,1 метар на Вајнберг во градскиот дел Нојмиле.

Поголеми градови во близина се Либек, околу 54 километри северозападно, Росток, околу 69 километри североисточно, и Хамбург, околу 94 километри западно.

Соседни општини

[уреди | уреди извор]

Градот Шверин се граничи со следниве општини (од североисток надесно):

Градски единици

[уреди | уреди извор]
Шелфштат, централна градска единица на Шверин
Историскиот стар дел на градот околу катедралата

Територијата на градот Шверин е поделена на 18 окрузи, а секој од нив е воден од посебен совет. Градските окрузи се составени од една или повеќе градски единици. Месните совети во зависност од бројот на жители имаат помеѓу 5 и 15 членови.

Градските окрузи со нивните градски единици:

  • Округ 1: Шелфштат, Вердерфорштат, Шелфвердер
  • Округ 2: Алтштат, Фелдштат, Паулсштат, Левенберг
  • Округ 3: Гросер Дреш (порано Дреш I)
  • Округ 4: Ној Ципендорф (порано Дреш II)
  • Округ 5: Мисер Холц (порано Дреш III)
  • Округ 6: Гартенштат, Осторф (порано Хазелхолц, Осторф)
  • Округ 7: Ланков
  • Округ 8: Вестштат
  • Округ 9: Кребсферден
  • Округ 10: Вистмарк, Геренер Танен
  • Округ 11: Герис
  • Округ 12: Фридрихстал
  • Округ 13: Нојмиле, Зактанен
  • Округ 14: Варниц
  • Округ 15: Викендорф
  • Округ 16: Медевеге
  • Округ 17: Ципендорф
  • Округ 18: Мис

Јужно од градската единица Нојмиле се наоѓа енклава со површина од 12 хектари, која припаѓа на општината Клајн Роган.

Градските единици на Шверин
Панорамски поглед на историскиот центар на градот

Во Шверин владее умерена клима. Просечната годишна температура во периодот 1961-1990 изнесувала 9,4 °C. Разликата на средната температура помеѓу најтоплиот и најстудениот месец изнесувала 17,2 степени. Просечно по година паѓа 621 мм воден талог. Во споредба со северозападниот дел на Германија пролетта е постудена, што се должи на силните североисточни ветрови.

Клима на Шверин
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна максимална (°C) 1,9 3,1 6,8 11,8 17,4 20,6 21,7 21,7 17,9 13,0 7,0 3,4 12,2
Просечна минимална (°C) −2,6 −2,1 0,3 3,2 7,6 11,0 12,6 12,6 9,9 6,5 2,4 −0,9 5,1
Просечно кол. врнежи (мм) 46 33 42 45 52 65 72 54 55 45 57 55 621
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) 11 8 10 10 9 10 10 9 10 9 11 11 118
Влага (%) 86 84 80 75 71 73 75 76 81 84 86 88 79,9
Сончеви часови (дневно) 1,3 2,2 3,5 5,3 7,4 7,3 6,9 6,7 4,8 3,3 1,6 1,1 4,3
Извор: wetterkontor.de[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Шверин е опкружен од повеќе живописни езера. Најголемото од тие езера, Шверинско Езеро, има површина од 60 км². Во средината на овие езера порано имало ободритска населба (датира од XI век). Областа била наречена Цуарин (Zuarin) и името Шверин е изведено од тоа име. Во 1160, Хенрик Лавот ги поразил Ободритите и го заробил Шверин. Градот потоа бил проширен во моќно регионално средиште. Замокот бил изграден и проширен низ вековите, на таа страна. Тој наводно е прогонуван од мали и ѓаволски духови, наречени Петерменхен (Petermännchen).

Во 1358, Шверин станал дел од Војводството Мекленбург, со што станал и седиште на војводството. Околу 1500, почнала изградбата на Шверинскиот замок; тој бил местото каде што војводите престојувале. По поделбата на Мекленбург (1621), Шверин станал главен град на Војводството Мекленбург-Шверин. Помеѓу 1765 и 1837, градот Лудвигслуст служел како главен град, додека не му бил вратен статусот на Шверин.

Во средината на 1800-тите, многу жители од Шверин се преселиле во Соединетите Американски Држави, повеќето кон Милвоки. Денес, Милвоки и Шверин се збратимени градови.

По 1918 и за време на Ноемвриската револуција, што резултирало со пад на сите германски монархии, Големиот војвода абдицирал. Потоа, Шверин станал главен град на Слободната држава Мекленбург-Западна Померанија.

На крајот на Втората светска војна, на 2 мај 1945, Шверин бил заземен од американските трупи. Бил вратен на Британците на 1 јуни 1945 и по еден месец, на 1 јули 1945, бил предаден на советските сили, бидејќи американските и британските сили се вратиле назад до претходно договорените окупациски зони. Шверин, потоа, бил во советската окупациска зона, која станала дел од Германската Демократска Република (ГДР). Првично, тој бил главен град на државата Мекленбург, на која во тоа време ѝ биле приклучени западните делови на Померанија (Западна Померанија). Откако покраините биле распуштени во Источна Германија, во 1952, Шверин бил главен град на истоимениот округ (Bezirk Schwerin).

По повторното обединување на Германија во 1990, поранешната покраина Мекленбург-Западна Померанија била повторна создадена како една од сојузните покраини. Росток бил сериозен кандидат за покраински главен град, но одлуката сепак била во корист на Шверин.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Градските автобуси и трамваи се управувани од страна на НВС (Nahverkehr Schwerin).[4]

Главната железничка станица Шверин е поврзана со железничките линии до Лудвигслуст, Висмар, Росток Хагенов и Бад Клајнен.

Главни знаменитости

[уреди | уреди извор]
  • Обележје на градот е Шверинскиот замок, кој се наоѓа на остров во езерото со исто име (Шверинско Езеро). Тој бил, со векови, резиденција на војводите од Мекленбург, а денес е седиште на Ландтагот (покраински парламент).
  • Шверинска катедрала — градена во 1260–1416 во стил на тулна готика.
  • Плоштадот Алтер Гартен (Alter Garten) — опкружен со згради како што е Старата палата (Altes Palais) од XVIII век, неокласичниот Покраински музеј на уметноста (Staatliches Museum Schwerin), граден во 1877–1882 и Градскиот театар (Staatstheater), подигнат во 1886.
  • Градската куќа (XVIII век)
  • Шелфкирхе (Свети Никола, првично изградена во 1238, но повторно изградена во 1713, по уништувањето од бура)
  • Телевизиска кула Шверин-Ципендорф
  • Покраински музеј Шверин (Музеј на уметноста во Шверин) — поседува забележителна збирка на холандски слики од XVI век на холандските уметнички школи и германската уметност од средновековните и ренесансните мајстори, до денешен ден. Исто така, постои и исклучителна збирка на грчки вазни, во светски рамки важната збирка на слики на Жан Батист Одри, извонредна збирка на скулптури на Худон, германски судски слики од XVIII век и работи со такви современи уметници како Макс Либерман, Франц Штук, Марсел Дукамп итн. Градичкиот кабинет сместува богата колекција на холандски и германски цртежи и графики (Јан ван Гојен, Дирер, Кранах, Рембранд, Меријан, итн.) и во светски најдобрата збирка на обоени графики од времето на Источна Германија.
  • Техничкиот музеј (Technische Museum) — сместен во поранешната Кралска штала (Marstall).

Криминал

[уреди | уреди извор]

Според официјалниот извештај за криминалот во 2007 за Германија, Шверин е единствениот германски град со стапка на криминал од над 17.000 кривични дела сторени на 100.000 жители;[5], па така е на местото број 1 на списокот на германските најопасни градови. Поголемите градови, како што се Берлин, Франкфурт на Мајна или Бремен, сите имаат стапка на криминал од 14.000 до 16.000 вкупни сторени кривични дела на 100.000 луѓе. Меѓутоа, Шверин е единствениот град во Германија, каде што возењето со автобус (или трамвај) без билет и лична карта се смета за кривично дело, што доведува до големо зголемување на бројките за стапката на криминал.[6]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)
  2. Географски податоци на www.schwerin.de
  3. wetterkontor.de
  4. НВС (Nahverkehr Schwerin)
  5. Официјален полициски извештај за Германија Архивирано на 20 март 2012 г., стр. 17
  6. http://www.webarchiv-server.de/pin/archiv07/2020070519paz13.htm

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]