Мекленбург-Штрелиц
Големо Војводство Мекленбург-Штрелиц Großherzogtum Mecklenburg-Strelitz
| |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1815–1918 | |||||||||
Статус | Конфедеративна држава на Рајнски Сојуз (1806–13) Држава на Германски Сојуз (1815–66) Држава на Северногермански Сојуз (1867–71) Федеративна држава на Германско Царство (1871–1918) | ||||||||
Главен град | Нојштрелиц | ||||||||
Говорени јазици | Германски, Долногермански | ||||||||
Вероисповед | Протестантство | ||||||||
Уредување | Mонархија | ||||||||
Голем војвода | |||||||||
• 1815–1816 | Карл II | ||||||||
• 1816–1860 | Ѓорѓи | ||||||||
• 1860–1904 | Фридрих Вилхелм | ||||||||
• 1904–1914 | Адолф Фридрих V | ||||||||
• 1914–1918 | Адолф Фридрих VI | ||||||||
Историски период | Наполеонови војни / Прва светска војна | ||||||||
14 јуни 1815 | |||||||||
18 јануари 1871 | |||||||||
14 ноември 1918 | |||||||||
| |||||||||
Денес дел од | Германија |
Големо Војводство Мекленбург-Штрелиц (германски: Großherzogtum Mecklenburg-Strelitz) — големо Војводство во северна Германија кое постоело од 1815 до 1918 година. Големото Војводство било под контрола на Домот на Мекленбург кој својата престолнина ја имал во Нојштрелиц. Мекленбург-Штрелиц била суверена земја членка на Германскиот Сојуз и станала федеративна држава на Северногерманскиот Сојуз и конечно на Германското Царство во 1871 година.
Географија
[уреди | уреди извор]Државата се состоела од два одвоени делови на регионот Мекленбург: поголемата територија на Штаргард со резиденцијата на Нојштрелиц југоисточно од Големото Војводство Мекленбург-Шверин и Кнежевството Рацебург на запад. Првата се граничела со пруските провинции Померанија и Бранденбург, втората територија се граничела со Војводството Лауенбург (инкорпорирана во покраината Шлезвиг-Холштајн во 1876 година) и со територијата на слободниот град Либек. Главните градови покрај Нојштрелиц ги вклучувале Нојбранденбург, Фридланд, Волдег, Штаргард, Фирстенберг и Везенберг. Големото Војводство, исто така, ги сочинувало поранешните територии на Хоспиталците во Мироу и Немероу.
Историја
[уреди | уреди извор]Војводството Мекленбург-Штрелиц, основано според династичкиот договор од Хамбург во 1701 година, го усвои корпоративниот устав на сестринското Војводство Мекленбург-Шверин со акт од септември 1755 година.[1] За време на Наполеоновите војни било поштедено од француска окупација преку добрите односи со кралот Максимилијан I Јосиф од Баварија и неговиот министер Максимилијан фон Монтгелас; Војводата Карл II од Мекленбург-Штрелиц прогласил неутралност во 1806 година и се приклучил на Рајнскиот Сојуз во 1808 година, меѓутоа, тој се повлекол во 1813 година во пресрет на германската кампања во корист на сојуз против Наполеон. Тој се приклучил на Германскиот Сојуз основан од Виенскиот конгрес во 1815 година за да го наследи распуштеното Свето Римско Царство; тој и неговиот братучед Фридрих Францис I од Мекленбург-Шверин ја презеле титулата голем војвода. Виенскиот конгрес дополнително признал дека големиот војвода и четворица други принцови треба да добијат специјална компензација во вкупна вредност од 69.000 „души“ во регионот на Сар. Меѓутоа, големиот војвода ја разменил таа компензација со Прусија за парична исплата.[2]
Во 1866 година, големиот војвода Фридрих Вилхелм отворено ја прекорил пруската анексија на Кралството Хановер, иако пруската армија била помогната од војници од Мекленбург-Штрелиц во Австро-пруската војна. Потоа, Големото Војводство се приклучило на Северногерманскиот Сојуз и реконституираниот Золверајн. Исто така во Француско-пруската војна од 1870/71 година, Кралството Прусија добила вредна помош од Мекленбург-Штрелиц.
Во 1871 година, и Мекленбург-Шверин и Мекленбург-Штрелиц станале држави на Германското Царство. Мекленбург-Штрелиц имал еден член во Рајхстагот. Сепак, големиот војвода сè уште бил стилизиран како Принц на Венд, а внатрешната влада на Мекленбург-Штрелиц останала немодернизирана. Исмејувано од канцеларот Ото фон Бизмарк како безбедно засолниште пред заканувачката апокалипса „како што се случува таму 50 години подоцна“, Големото Војводство отсекогаш имало уредување со феудален карактер. Војводството имал Ландтаг, кој се состанувал на кратка седница секоја година. Во други времиња, тие биле претставени од комитет составен од сопственици на имоти на витези (Rittergüter), познат како Ritterschaft и Landschaft, или бургомајстори на одредени градови. Овие феудални уредувања значеле дека големите војводи од Мекленбург ја имале најмалата моќ од сите суверени кнезови во Германија.[3]
Во 1904 година Адолф Фридрих V, син на големиот војвода Фридрих Вилхелм и неговата сопруга принцезата Аугуста од Кембриџ, ќерка на принцот Адолф, станал голем војвода од Мекленбург-Штрелиц. Во 1907 година, големиот војвода им ветил устав на поданиците на војводството, но тоа наишло на противење од благородништвото.
Династијата Мекленбург-Штрелиц завршила непосредно пред губењето на монархијата во развојот на настаните поврзани со Првата светска војна. Во тоа време, постоеле само двајца преживеани признати машки династи на Штрелиц, младиот голем војвода Адолф Фридрих VI и неговиот братучед Карл Михаил, кој бил во руска служба, како син на големата војвотка Катерина Михајловна. Во 1914 година, пред прогласувањето на војна меѓу Германија и Русија, војводата Карл Михаил се откажал од мекленбуршкото државјанство. На 23 февруари 1918 година, големиот војвода Адолф Фридрих VI извршил самоубиство, оставајќи го неговиот братучед Карл Михаил како наследник на престолот на Штрелиц. Меѓутоа, во Русија, Карл Михаил не го презел престолот и во 1918 година му напишал на големиот војвода Фридрих Францис IV од Мекленбург-Шверин, кој дејствувал како регент во Штрелиц, наведувајќи дека сака да се откаже од своите права на наследство на Штрелиц, иако писмото било примено од Фредерик Францис дури во 1919 година по крајот на германските монархии, така што прашањето за сукцесијата не можело да се реши во тоа време.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Кога царството било основана во 1871 година, Големото Војводство Мекленбург-Штрелиц било поделено на градови, Доманијаламт, витешки канцеларии и други канцеларии, вклучувајќи го и кнежеството Рацебург. Оваа административна поделба се засновала на феудалната структура на земјата.
Град | Население 1871 |
---|---|
Фридланд | 5.031 |
Фирстенберг | 2.108 |
Нојбранденбург | 7.245 |
Нојштрелиц | 8.470 |
Штаргард | 1.965 |
Стрелиц-Алт | 2.997 |
Везенберг | 1.544 |
Волдег | 2.850 |
Доманијаламт | Население 1871 |
Фелдберг | 8.475 |
Миров | 7.426 |
Штаргард | 9.140 |
Штрелиц, кој ја опфаќал административната област Фирстенберг | 6.626 |
Витешки канцеларии | Население 1871 |
Фирстенберг | |
Штаргард | |
Стрелиц-Алт | |
Вкпуно | 15.055 |
Друго | Население 1871 |
Кнежество Рацебург | 17.006 |
Кабинетсрат Стрелиц | 1.044 |
Владетели
[уреди | уреди извор]слика | име | владеење | забелешка |
---|---|---|---|
Карл II | 1815-1816 | ||
Ѓорѓи | 1816-1860 | Син на Карл II. | |
Фридрих Вилијам | 1860-1904 | Син на Ѓорѓи. | |
Адолф Фридрих V | 1904-1914 | Син на Фридрих Вилијам. | |
Адолф Фридрих VI | 1914-1918 | Син на Адолф Фридрих V. |
Наводи
[уреди | уреди извор]
|
|
|