Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

2 август

Од Википедија — слободната енциклопедија

2 август — 214 ден во годината според грегоријанскиот календар (215 во престапна година). Остануваат 151 денови до крајот на годината.

<< август >>
Н П В С Ч П С
01 02 03
04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
2024
Монета со ликот на Филип II Македонски

Настани:

338 п.н.е.  Се одвива Битката кај Херонеја во која Филип II Македонски ја остварува својата најголема победа над здружените сили на Атина и Теба.
219 п.н.е.  Во текот на Втората пунска војна се одвива Битката кај Кана, каде картагинската војска, на чело со Ханибал, ја совладува бројно далеку помоќната римска војска.
1903  Почна Илинденското востание на македонскиот народ против османлиската власт, еден од најзначајните настани во историјата на македонскиот народ. За време на востанието се водеа битки кај селото Смилево, Демирхисарско, на Слива и на Мечкин Камен, Крушевско, кај Карабуница, Кичевско, кај селото Арменско, Леринско, во Рашанец и кај селото Чаниште, Мариовско.
1941  Месниот комитет на КПЈ за Битола во градот организира демонстрации во кои членовите на извикуваат „Да живее слобдна Македонија“. Со тоа е оневозможено окупаторот да го искористи празникот на македонскиот народ за сопствени цели.
1941  На бугарско-италијанската демаркациона линија карабињетите ги уапсиле членовите на месниот комитет на КПЈ за Тетово при нивното враќање од Скопје.
1942  Во селото Смилево (во кое во 1903 година е донесена одлука за одржување на Илинденското востание) битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“ ја запалил општинската зграда, архива и одржал митинг. Со оваа акција спречена е прославата на Илинден од страна на бугарскиот окупатор на која требало да присуствува бугарскиот министер за внатрешни работи.
1943  Во близина на селото Отешево одржан е проширен состанок на Централниот комитет на КПМ на кој се донесени одлуки за формирање на поголеми воени единици (батаљони и бригади), за започнување на подготовки за свикување на АСНОМ, како и за формирање на повисоки органи на власта.
1944  Во манастирот Свети Прохор Пчински кај Куманово, во присуство на 122 претставници на македонскиот народ е одржано Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Македонскиот народ (АСНОМ). Во согласност со одлуките на АВНОЈ, Македонија е потврдена како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Притоа АСНОМ е конституиран како највисок законодавен и извршен орган на народната власт на чело со Методија Андонов - Ченто (на сликата), а македонскиот јазик е воведен како службен јазик.
1991  Во Скопје излезе првиот број на македонскиот дневен независен весник Република. Вториот број излезе на 8 септември 1991 година.

Родени:

1696  Махмуд Iотомански султан.
1876  Александар Белиќ — македонист и филолог.
1923  Ајк Вилијамс — американски боксер.
1924  Џејмс Болдвин — американски писател.
1926  Евдокија Фотева - Вера — македонска револуционерка.
1934  Александар Стојановиќ — македонски балетан.
1932  Питер О'Тулирски глумец.
1939  Вес Крејвенамерикански филмски режисер, еден од татковците на современиот хорор-филм.
1940  Коле Мангов — македонски поет и публицист.
1942  Изабел Аљендечилеанска писателка.
1943  Љерка Тот - Наумова — македонски поет и преведувач.
1949  Беј Дао — кинески поет, добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата.
1952  Ален Жирес — француски фудбалер.
1957  Анхел Херера Вера — кубански боксер.
1965  Рефик Шабанаџовиќ — босански и југословенски фудбалер.
1968  Штефан Ефенберг — германски фудбалер.
1969  Фернандо Коуто — португалски фудбалер.
1976  Сем Вортингтон — австралиски глумец.
1989  Матео Трентин — италијански велосипедист.
1989  Насер Чадли — белгиски фудбалер.
1994  Бруно Мендес — бразилски фудбалер.
2000  Мохамед Кудус — гански фудбалер.

Починале:

640  Северинримски папа.
686  Јован V — римски папа.
1589  Анри IIIкрал на Франција.
1667  Франческо Боромини — истакнат италијански барокен архитект.
1788  Томас Гејнсборо — познат англиски портретист и пејзажист.
1911  Апостол Петков — македонски револуционер.
1921  Енрико Карузоиталијански тенор, еден од најголемите оперски пејачи во историјата.
1922  Александар Греам Белшкотски иноватор, изумител на телефонот.
1934  Паул фон Хинденбург — германски маршал и државник.
1944  Никола Кордоски — македонски партизан.
1962  Никола Киров Мајски — македонски писател.
1963  Ѓорѓи Абаџиев — македонски писател.
1973  Жан-Пјер Мелвил — француски режисер и глумец.
1976  Фриц Лангавстриски филмски режисер.
1996  Обдулио Варела — уругвајски фудбалер.
1997  Вилијам Бароуз — американски писател.
2009  Георги Василевски — македонски филмски критичар.

Празници:

  Македонија: ИлинденДен на Републиката.
  Христијански празник на пророкот Св. Илија.