Телурот е застапен во Земјината кора во количини од 0,005 ppm (анг. parts per million). Во природата е помалку распространет од селенот; се наоѓа како слободен и како врзан. Почесто се среќава во соединенија со злато, сребро, бизмут и олово, на пример во рудите ; силванит (AuAgTe4), тетрадимит (Bi2Te2S) и галаверит (AuTe2). Телурот најмногу го има во Канада и Австралија. Телурот во 1782 го открил Милер од Рајхенштајн.
Телурот се добива со растворање на неговите руди во сулфурна киселина, а потоа со редукција на растворот со сулфур диоксид.
H2TeO3 + 2SO2 + H2O = Te + 2H2SO4
Така добиениот Телур е аморфен, со темна боја, има густина од 6,24 г/см3, но ако се растопи а потоа олади, постанува негова друга кристална модификација во облик на сребренасто сјајни кристали, чија густина е 6,0 г/см3, се топи на 430 °C. Телурот спаѓа во металоиди. Проведува електрицитет подобро од селенот, но со осветлување му се зголемува електропроводливоста послабо отколку кај селенот. Нерастворен е во CS2, инаку хемиските особини му се многу слични со селенот. Се употребува за легури со олово, железо и бакар, потоа во индустријата за гума, стакло и керамика. Како полупроводник многу се употребува во електрониката.
Природниот телур се состои од стабилни изотопи со масени броеви 120, 122-126, 128 и 130. Најобилни се изотопите Те-128. добиени се 16 негови радиоактивни изотопи со Т ½ од 2 минути па до 154 години.
Телуровите соединенија се помалку стабилни од селеновите и се помалку отровни од нив. Порано се мислело дека сите телурови соединенија се отровни но сега е познато дека некој негови соединенија се користат во ветерината за лекување на заболени животни.