Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Хајнан

Координати: 19°12′N 109°42′E / 19.2° СГШ; 109.7° ИГД / 19.2; 109.7
Од Википедија — слободната енциклопедија
Покраина Хајнан
海南省
Покраина
Име транскр.
 • Кинески海南省 (Hǎinán Shěng)
 • СкратеницаHI / (пинјин: Qióng; Јитпинг: king4; певеѕи: khêng)
 • ХајнанскиHái-nâm-séng
 • јуе јитпингHoi2 Naam4 Saang2
Предел од паркот Санја Наншан Донгтјан
Предел од паркот Санја Наншан Донгтјан
Местоположба на островот Хајнан
Местоположба на островот Хајнан, главниот составен дел на покраината Хајнан
ДржаваКина
Наречено по, hǎi: „море“
, nán: „југ“
„Југ од морето [Хајнански Теснец]“
Главен град
(воедно и најголем)
Хајкоу
Поделби4 префектури, 25 околии, 218 кантони
Управа
 • ВидПокраина
 • ОрганПокраински народен конгрес на Хајнан
 • Секретар на ККПШен Сјаоминг
 • ГувернерФенг Феи
Површина[1]
 • Вкупна35.191 км2 (13,587 ми2)
Ранг28.
Најг. вис. (Вужи Шан)&100000000000018400000001.840 м
Население (2020)[2]
 • Вкупно10,081,232
 • Ранг28.
 • Густина290/км2 (740/ми2)
 • Ранг17.
Демографија
 • Етнички составХанци: 82,6%
Ли: 15,84%
Хмонг: 0,82%
Џуанци: 0,67%
 • Јазици и дијалектимандарински, хајнански, јуе, лингао, хака, хлајски, хмонг, цатски
ISO 3166CN-HI
БДП (2020)553 милијарди ренминби
80 милијарди американски долари (31.)[3]
 - по жител54.878 CNY
7.953 американски долари (25.)
 • раст 3,5%
ИЧР (2018)0,750[4] (висок) (19.)
Мреж. местоанглиски кинески
Остров Хајнан
海南岛
Географија
МестоИсточна Азија
Видостров
Површина33,210 км2
Подреденост по површина42.
Должина156 км
Ширина170 км
Највисоко место1,840 м
Највисока точкаПланина Вужи
Држава
Народна Република Кина
ПокраинаХајнан
Најголема населбаХајкоу (pop. 2.873.358)
Демографија
Населениеоколу 8.180.000
Етнички групиХанци, Ли, Хмонг, Џуанци, Уцул


Хајнан (кинески: 海南)) — тропски остров во јужна Кина. Хајнан е провинција на југ од Народна Република Кина, чиј главен град е Хајкоу. Населението на островот, кој зафаќа површина од 35.354 квадратни километри, достигнало 9,2 милиони жители на крајот на 2016 година, вклучувајќи значајно малцинство Ли (15%), првобитните жители на Хајнан. Површината на овој остров е еднаква на површината на Белгија и Луксембург заедно. Хајнан е најмалата провинција во земјата. Кинеската влада на оваа провинција им ги придодала малите острови на Јужнокинеското Море, над кои тврди дека има суверенитет.

Историја

[уреди | уреди извор]

Островот првично бил населен со жители Ли. Династијата Хан се обидела да го освои островот околу 110 п.н.е., но, соочена со отпор од Ли, одлучила да се задоволи со искористување на неговите ресурси. Кинезите од копното се населиле на островот за да живеат од бисерна култура. Окупацијата на островот од Ханите била ограничена седумстотини години на северниот брег (свртена кон копното Кина). Бројот на кинески доселеници се зголемил за време на династијата Сонг (960-1279) и потоа, но Ли продолжиле да се спротивставуваат со жесток отпор што наметнувало присуство на гарнизони и го ограничил периметарот окупиран од Хан. Пиратството и корупцијата на службениците предизвикувале постепен економски пад на Хајнан. Во 20 век, Хајнан бил вовлечен во граѓанска војна помеѓу Куомитанг и комунистичките сили. Во 1937 година бил окупиран од Јапонците. Тие ги експлоатирале рудните богатства. Со Формоза, островот 6 месеци е едно од последните упоришта на војниците на Куомитанг, по нивниот пораз на копното. Во март 1950 година Кинеската народна армија го зазела островот.

Економија

[уреди | уреди извор]

Во економијата на островот долго време доминирало земјоделството (ориз, каучук и други тропски производи), како и риболов и аквакултура. Секундарниот и терциерниот сектор се развиле неодамна благодарение на стимулациите, особено преку создавање на специјална економска зона, што овозможува островот да има корист од даночни олеснувања што овозможуваат привлекување странски инвестиции. Хајнан, кој има пријатна клима, е популарна туристичка дестинација, често е нарекуван „Кинески Хаваи“.

Хајнан, сместен недалеку од Виетнам, е важна воено место кое се одликува со присуство на бази за балистички ракети и главно пристаниште за кинеските подморници. На островот се наоѓа главната кинеска јадрена подморничка база, како и лансирната база Венчанг, инаугурирана во 2014 година и која се очекува да игра централна улога во кинеската вселенска програма.

На 1 јуни 2020 година, кинеската влада објавила голем план за трансформирање на целата островска провинција во пристаниште за слободна трговија, со цел да се направи најголемата специјална економска зона во Кина[5][6] На островот се ноаѓа и прва кинеска блокверижна тест зона, која официјално била лансирана во 2019 година[7].

Се очекува Хајнан да биде затворен за луѓето од копното во 2025 година. Ова значи дека жителите на копното ќе мора да влегуваат во Хајнан со лична карта. Островот Хајнан ќе спроведе поинаков правен систем од континентална Кина, а владата на Хајнан ќе има независна законодавна власт. Провинцијата Хаинан е овластена да учествува во меѓународна трговска арбитража и медијација во согласност со одредбите на Уставот и важечките национални закони и политики.

Треба да се напомене дека откако стоката ќе влезе во Хајнан без данок, може да се продаде на копно во Кина без данок на додадена вредност 30%. Во исто време, Хајнан им додели безвизен пристап на граѓаните на многу земји, како што се САД, Европската Унија, Канада, итн.

  1. „Doing Business in China - Survey“. Ministry of Commerce - People's Republic of China. Посетено на 5 August 2013.
  2. „Communiqué of the Seventh National Population Census (No. 3)“. National Bureau of Statistics of China. 11 мај 2021. Посетено на 11 May 2021.
  3. GDP-2020 is a preliminary data China NBS (1 март 2021). "Home - Regional - Quarterly by Province". Соопштение за печат.
  4. 《2013中国人类发展报告》 (PDF) (кинески). United Nations Development Programme China. 2013. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-06-11. Посетено на 14 мај 2014.
  5. „Hainan FTZ to Establish China's Biggest Free Trade Port by 2035“ (англиски). 2020-06-05. Посетено на 2021-01-01.
  6. „China's Hainan free trade port: Introducing an innovative tax regime to attract investment“ (англиски). Посетено на 2021-01-01.
  7. „Hainan Reimagines itself as a Blockchain Hub“ (англиски). 2020-01-15. Архивирано од изворникот на 2021-11-22. Посетено на 2021-01-01.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]