Фридрих Ниче
Фридрих Ниче | |
---|---|
Роден(а) | 15 октомври 1844 Лицен, Германија |
Починал(а) | 25 август 1900 Вајмар, Германија |
Период | на XIX век |
Подрачје | Западноевропска филозофија |
Школа | егзистенцијализам, постмодернизам, pост-структурализам, нихилизам |
Претежна дејност | естетика, етика, онтологија, психологија, аксиологија |
Влијанија од
| |
Влијаел врз
| |
Потпис | |
Фридрих Вилхелм Ниче (германски: Friedrich Wilhelm Nietzsche; 15 октомври 1844 - 25 август 1900) — германски филозоф од XIX век и класичен филолог. Автор на низа текстови од областа на религијата, моралот, современата култура, филозофијата и науката, користејќи еден засебен стил и наклонетост кон метафора, иронија и афоризам. Влијанието на Ниче останува значително во и надвор од филозофијата, особено во егзистенцијализмот и постмодернизмот. Неговиот стил и радикалното преиспитување на вредноста и објективноста на вистината резултираа во голем број на коментари и толкувања, главно во континенталната филозофска традиција. Меѓу неговите најпознати идеи се: смртта на Бог, перспективизмот, вечното враќање, аполониско-дијонизиската поделба итн.
Ниче ја започнува својата кариера како класичен филолог пред да се посвети на филозофијата. На возраст од 24 години, тој е назначен за професор по класична филологија на Универзитетот во Базел, но поднел оставка во 1879 година, поради здравствени проблеми кои продолжуваат да го мачат целиот живот. Во 1889 година, Ниче западнал во лудило и е препуштен на грижата на мајка му и сестра му, сѐ до 1900 година.
Животопис
[уреди | уреди извор]Фридрих Ниче е роден во градот Рекен (Лицен), во протестантско семејство со потекло од Полска (грофови Нички). Мајка му се викала Франциска Елер, а баба му од страната на татко му, Ердмута Краузе. За време на младоста, таа живеела во Вајмар, за што Ниче вели дека е возможно нејзината мајка (прабабата на Ниче) е запишана во дневникот на младиот Гете, под името „Мутген“. Ердмута Краузе се омажила по вторпат за надзорникот Ниче во Ајленбург, а на 10 октомври 1813 година, на денот кога војската на Наполеон влегла во Ајленбург, таа го родила татко му на Фридрих Ниче. Тој живеел неколку години во дворецот во Ајленбург, каде бил учител на четири принцези, меѓу кои: кралицата на Хановер, големата војвоткина од Олденбург и принцезата Тереза од Саксен-Алтенбург. Поцоцна, ја презел парохијата на општината Рекен, во близината на Лицен. Според сеќавањето на Фридрих Ниче, татко му имал голема почит кон прускиот крал Фридрих Вилхелм IV од кого ја добил својата парохија и на својот син му ги дал имињата Фридрих Вилхелм, зашто се родил на роденденот на кралот.[1] Татко му на Фридрих Ниче умрел во 1849 година, на возраст од 36 години, а самиот Ниче го опишал како „нежен и мирен, како суштество одредено само за минливост - повеќе потсетување на животот, отколку самиот живот“,[2] изјавувајќи: „Го сметам за голема предност тоа што имав таков татко“.[3] исто така, при крајот на животот, Фридрих Ниче изјавил дека е ист како татко му и дека е само продолжение на неговиот живот.[4] Инаку, според признанието на самиот Фридрих Ниче, од целокупното детство и од младоста, тој немал никакви пријатни спомени.[5]
По дипломирањето во 1864 година, Ниче ги започнува студиите по теологија и класична филологија на Универзитетот во Бон. По еден семестар, поради мајка му, ги прекинува теолошките студии и ја губи верата. Ова можеби се случило делумно поради влијанието на Давид Штраус и неговото дело Животот на Исус, иако уште во есејот под наслов Судбина и Историја, напишана во 1862 година, Ниче уште тогаш тврдел дека историското истражување го дискредитирала централната христијанска догма. Ниче потоа се сосредоточил на проучувањето на филолошките науки кај професорот Фридрих Вилхелм Ритхел при Универзитетот во Лајпциг, кого го сметал за „единствениот генијален научник кој сум го видел до денес“.[6] Таму станал близок пријател со Ервин Рохде,[7] а набргу се појавила неговата прва филолошка публикација, објавена во „Rheinisches Museum“.[6] Во 1865 година Ниче започнува темелно да ги проучува делата на Артур Шопенхауер. Во 1866 година Ниче се запознава со делата на Фридрих Алберт Ланге. Овие двајца мислители особено влијаеле врз Ниче, а влијанието на Шопенхауер особено ќе се чувствува во подоцнежните дела на Ниче. Од друга страна тој бил под влијание и на теоријата на Чарлс Дарвин и материјализамот. Културна средина го поттикнала да ги прошири хоризонтите кон филологијата и да продолжи со проучувањето на филозофијата. Во 1867 година Ниче се пријавил во пруската армија и бил поставен во Наумбург. Меѓутоа, во март 1968 година се повредил јавајќи и останал без служба, како неспособен за отслужување на воениот рок. Како резултат на тоа, Ниче повторно се вратил кон своите студии, по што успешно ги завршил следната година, кога се запознал со Рихард Вагнер.[8] Пред крајот на својот живот, самиот Ниче ги опишува интимните односи со Вагнер како „денови на доверба, веселост... длабоки часови“, изјавувајќи дека „над нашето небо никогаш не помина ниеден облак“. Притоа, Ниче тврди дека токму односите со Вагнер најдлабоко и најсрдечно го закрепнале[9] и дека „не би ја издржал својата младост без вагнеровата музика“.[10] Затоа, Ниче го нарекува Вагнер „голем добротвор на својот живот“.[11]
Професор на Базел (1869-1879)
[уреди | уреди извор]По завршувањето на студиите, Ниче добил понуда да стане професор по класична филологија на Универзитетот во Базел, каде предавал седум години во највисокото одделение при што никогаш не казнил некој од учениците, а дури и најмрзеливите ученици кај него биле биле вредни.[12] Кога се вработил во Базел, Ниче имал само 24 години и сѐ уште го немал завршено својот докторат, ниту пак добил наставен сертификат.[13] Пред да се пресели во Базел, Ниче се откажал од своето пруско државјанство и остатокот од неговиот живот го поминал без официјално државјанство.[14] Сепак, Ниче служел во Пруската армија за време на Француско-пруската војна од 1870-1871 како санитер. Во тоа време доживува многу трауматски стресови од битките кои се воделе, дополнително се разболел од дифтерија и дизентерија. Валтер Кауфман шпекулира дека Ниче можеби имал и сифилис, а некои биографи шпекулираат дека сифилисот го предизвикува неговата евентуално лудило, иако има несогласувања по ова прашање.
По враќањето во Базел во 1870 година, Ниче бил сведок на основањето на Германското Царство и ерата на Ото фон Бизмарк, меѓутоа тој се однесувал со одреден степен на скептицизам во однос на Бизмарковата искреност. Пристапниот говор на Ниче на Универзитетот во Базел бил Хомер и класичната филологија. Ниче, исто така, се сретнал и со Франц Овербехт, професор по теологија, кој станал негов пријател до крајот на животот. Меѓу другото, Ниче се запознал и со неговиот колега, историчарот Јакоб Буркхарт, чии предавања често ги посетувал, а кои имале силно влијание врз него во текот на овој период. Ниче во тоа време ја посетувал и куќата на Вагнер во кантонот Луцерн, по што тие двајца го зацврстиле своето пријателство. Во 1870 година, својот ракопис Создавањето на трагичната идеја Ниче ѝ го подарил на жената на Вагнер. Во 1872 година, Ниче ја објавил својата прва книга, Раѓањето на трагедијата. Меѓутоа, неговите колеги од областа на класичната филологија изразиле негативна критика во однос на ова дело и Ниче се нашол изолиран од страна на филолошката заедница при што неуспешно се обидувал да ја добие нивната наклонетост. Самиот Ниче дава осврт врз ова дело во книгата „Ecce Homo“, објаснувајќи дека првите идеи ги добил за време на неговото учество во Пруско-француската војна, под ѕидините на Мец, додека ги лекувал болните.[15]
Помеѓу 1873 и 1876 година, Ниче објавил четири долги есеи: Давид Штраус: Исповедник и писател, за употреба и злоупотреба на Историја за животот, Шопенхауер како просветител и Рихард Вагнер во Бајројт (Подоцна, овие четири есеи се појавиле под насловот Ненавремени медитации). Есеите се состоеле од критика на културата и развојот на германската култура при што Ниче се движел на линијата на Шопенхауер и Вагнер. Според тврдењето на самиот Ниче, есејот за Вагнер претставува визија за сопствената идина,[16] при што во секој важен дел од есејот, тој, всушност, зборува за себе, т.е. секаде името на Вагнер би можело да се замени со Ниче или со Заратустра.[17] Исто така, Ниче тврди дека во есејот за Шопенхауер, воопшто не станува збор за Шопенхауер како воспитувач, туку спротивно на тоа, за Ниче како воспитувач, зашто во есејот ја запишал својата најдлабока историја, својот постанок, но и го дал својот завет за иднината.[18]
Подоцна, Ниче се оддалечил од Вагнер поради различните мислења околу германската култура и објавил дело кое било критички настроено кон песимистичката филозофија на Вагнер и Шопенхауер. Во тој период, Ниче отпатувал ненадејно во Клингенбрун, во Чешките шуми, каде се задржал неколку недели, извинувајќи му се на Вагнер само со една „фаталистичка телеграма“. За време на своето отсуство, тој западнал во меланхолија и ги презирал Германците „како некаква болест“.[19] Тогаш, Ниче се освестил и го зафатило нетрпение во однос на себе, сфаќајќи дека залудно изгубил десетина години во животот во неплодна научна кариера во која не научил „ништо корисно“. Поради тоа, Ниче одлучил да престане да се занимава со наука и решил дека секој друг живот, дури и поминат во болест или сиромаштија, би бил подобар отколку состојбата во која се нашол „од незнаење, од младост“, а во која подоцна останал да виси од мрзеливост и од таканареченото чувство на должност“.[20]
Во 1879 година дошло до влошување Ничевото здравје и тој бил принуден да поднесе оставка на неговата позиција во Базел, а според неговото признание, „преку летото живеев како некоја сенка во Сент Мориц, а следната зима, најсиромашната со сонце во мојот живот, како сенка во Наумбург.“[21] Според самиот Ниче, болеста му дошла како порачана, зашто го ослободила и му овозможила полесно да ги раскине односите со Вагнер. истовремено, болеста му ги променила сите навики и го натерала да мирува и да мисли при што по цели години не читал книги. Токму во тој период почнало да се раѓа неговото вистинско „јас“ кое претходно било замолчено.[22] Во однос на своите психички проблеми, Ниче вели дека и за време на најголемите маки, кога имал непрекинати, тридневни болки на мозокот, тој секогаш размислувал јасно и студено за нештата и дека никогаш немал нарушување на интелектот. Така, во една прилика, лекарот кој го лечел како нервен пациент му рекол: „Не, вашите нерви не се виновни, само јас сум малку нервозен.“[23] Во делото „Ecce Homo“, Ниче се жали дека неговите здравствени проблеми во текот на целиот живот произлегувале од лошата клима (влажноста на воздухот) во местата во кои живеел, како: Наумбург, Базел, Млетке и Тирингија, воопшто.[24]
Душевните тегоби и смртта (1889-1900)
[уреди | уреди извор]На 3 јануари 1889 година, Ниче доживеал ментален колапс. Двајца полицајци му пришле, откако тој предизвикал нарушување на јавниот ред на улиците во Торино. Што всушност се случило, останува непознато.[25] Во следните неколку дена, Ниче им праќал на своите пријатели кратки ракописи, познати како Wahnbriefe (Писма на лудилото).[26] Потоа, тој бил примен на лечење во психијатриската клиника во Базел и оттогаш покажувал сериозни психички нарушувања. Во 1890 година, Ниче се преселил во домот на својата мајка во Нирнберг, и тогаш неговите пријатели размислувале што да прават со неговите необјавени дела. Во јануари 1889 година, тие решиле да се продолжи со издавањето делото Самрак на идолите, а одлучиле да се повлечат од објавувањето на Антихрист и Ecce Homo, сметајќи дека имаат радикална содржина и би можеле да предизивикаат напади од страна на јавноста. Во 1893 година, од Парагвај се вратила Елизабета, сестрата на Ниче, и таа започнала да ги проучува делата на Ниче и го презела нивното објавување. Од 1897 година, Ниче живеел во Вајмар, каде што Елизабета се грижела за него.[27] Во 1898 и 1899 година, Ниче претрпел најмалку два мозочни удара кои му предизвикале делумна парализа. Во август 1900 година, тој имал уште еден мозочен удар и умрел околу пладне на 25 август.[28] Елизабета го погребала покрај нивниот татко.
Филозофијата на Ниче
[уреди | уреди извор]Филозофијата на Ниче и понатаму останува контроверзна, а постои и големо несогласување околу неговите дела, и нивното толкување и значење. Дел од тешкотиите во толкувањето на Ниче произлегуваат од неговиот особено впечатлив филозофски стил на пишување. Ниче е критички настроен кон христијанството, а според некои толкувачи и воопшто кон религијата. Стилот на Ниче е во спротивност со традиционалните вредности во филозофското пишување, што го отуѓува од интелектуалниот академизам, како во неговото време така и денес. Во својата филозофија Ниче ги поврзува волунтаризмот и дарвинизмот, од друга страна неговото учење е нихилизам, релативизам и аристократски индивидуализам. Ничевата филозофија е несистематска и афорична, а во себе содржи и противречности. Она што го истакнува како врвен филозоф, е неверојатно поетскиот и длабок стил на филозофирање. Сепак, според Владимир Ќоровиќ, она што го сакаме кај Ниче, не е неговото учење, туку неговото дело.[29] Самиот Ниче се изразува многу горделиво за своето творештво, тврдејќи дека едно од најголемите одликувања што еден човек може да си ги укаже на себе е да земе в раце некоја книга на Ниче при што тогаш дури треба да ги соблече и чевлите.[30]
Криза на европската култура
[уреди | уреди извор]Ниче истакнува дека модерната европска култура е во криза. Таа криза се согледува помеѓу стварните животни потреби и претставата за самата состојба. Таа криза означува недостаток на единство помеѓу животот и културата. Ако нема единство тогаш вредностите немаат никаква смисла и стануваат бесмислени за конкретниот живот. Таа состојба во самата култура и општество значат нихилизам (лат. nihil - ништо). Затоа Ниче истакнува дека модерната европска култура е нихилистичка, бидејќи вредностите се во спротивност со реалниот живот. Според Ниче причините за нихилизмот во европската култура лежат во јазот помеѓу претставата што за себе ја има европската култура и вистинските животни потреби. Европската култура за себеси има претстава дека е метафизичка и христијанска, од што произлегуваат науката и политиката, првата со рационалното објаснување на светото, а втората со претставата за еднаквост. Спојот на метафизичкиот и христијанскиот дух довел до претстава дека сите луѓе се едакви, и вера за постоење на вистински вредности иако тие се надвор од конкретниот живот. Ниче истакнува дека филозофијата придонела да дојде до подвојување на два света: натсетилниот кои се смета за вистински и појавниот, односно конкретниот живот кои се определува како привиден. Оваа состоја настанала со Сократ кога дошло до раздвојување на единството меѓу дионизискиот принцип (опијанетост , занес, возвишеност, оргијастичност) и аполонскиот принцип (хармонија, пропорција, ред). Со Сократ започнува да преовладува аполонскиот принцип, а тој уште повеќе се засилил со Платон и Христијанството. Ниче истакнува дека:
Вистинската филозофија е онаа од предсократовиот период[31]
кога постоело единство помеѓу животот и културата. Од друга страна пак, Ниче истакнува дека модерната европска куклтура придонела за одвојување на реалните животни потреби од инстиктите, а тоа значи дека дошло до:
Пресвртување на вистинските вредности[31]
a тоа придонело да дојде до парадокси:
Историјата на борбата на моралот против инстиктите на животот е најголем неморал којшто светот некогаш го запознал[31]
и овој пресврт ја претставува декаденцијата на европската култура и е причина за нејзината криза, кога конкретниот живот се смета за привид, а метафизичкото објаснување за животот за вистинска реалност.
Превреднување на сите вредности
[уреди | уреди извор]Нихилизмот на Ниче се состои во барањето за превреднување на сите вредности, односно отфрлање на сите постојни вредности за да се создадат услови за воспоставување на единство помеѓу животот и културата, а тоа значи создавање на Нов Свет, во кој ќе дојде до постојните сфаќања. Тоа е можно само ако се разурнат сите досегашни вредности, кои пред сѐ се отелотворени во поимот Бог. Затоа Ниче говори за смрта на Бог и ќе каже:
Бог е мртов![32]
а тоа значи дека Бог треба да стане мртов за модерната европска култура, затоа што сите христијански вредности се бесмислени бидејќи се во спротивност со реалниот, конкретен живот[33]. Бог е мртов затоа што вредностите што тој ги олицетворува не се реалност во живеењето, и Ниче открива нешто спротивно од таквите вредности и истакнува:
Каде што сум забележал дека нешто живее, наедно сум откривал и волја за моќ - дури и во волјата на слугата сум откривал волја за господар[32]
Затоа треба да се инсистира на волјата за моќ (Wille zur macht). Ниче истакнува дека таа е вистината и вистинската реалност. Волјата за живот е самиот живот, кој се докажува со постојаниот стремеж да се потврдува. Целта на животот е да се одржува и сѐ што го одржува е вредност, а сѐ што не го одржува не е вредност. Животот како волја за моќ е постојано себепотврдување на животот. Животот нема никаква друга цел надвор од себе, како што и светот нема никаква цел надвор од себе што треба да ја достигне. Суштината на волјата за моќ е нејзиното постојано потврдување, а тоа значи:
Вечно враќање на истото[32]
и на тој начин се возобновува волјата за моќ, а тоа возобновување се случува во разни форми кои се најсоодветни за потврдување на нејзината суштина. Ниче истакнува дека таква е уметноста, уметноста е вистинската задача на животот. Волјата за моќ е слободна игра на вечното враќање, небаре ја игра уметнички гениј.
Сѐ се урива и се повторно се создава... вечно се гради иста куќа на битието... Сè се разделува и се повторно се состанува... вечно си верен на себеси и кругот на битието.[32]
Барање на натчовекот
[уреди | уреди извор]Волјата за моќ е пројава на исклучителните луѓе, а таквите луѓе имаат животна енергија, духовна сила да творат и да создаваат. Наспроти нив се луѓето со слаба волја за моќ, кои проповедаат морал на еднаквост, демократија и социјализам. Меѓудругото Ниче истакнува дека за иднината треба да се одржуваат само луѓе кои се способни да се соочат со иднината, кои ќе ги отфрлаат сите вредности и ќе си поставаат правилата што мнозинството ќе ги следи, а со тоа се појавува идејата за натчовекот (Übermensch). За Ниче натчовек е слободна личност која себеси се потврдува преку борбата, тој е воин и гениј, смел и храбар, творец и возвишен, создава и урива, не подлегнува на никакви правила, освен на тие што сам си ги поставил. Од аспект на денешниот постојан морал натчовекот прави зло, но тој ги отфрла наметнатите вредности, тоа е аморализмот на Ниче [34]. Натчовекот на Ниче е од онаа страна на доброто и злото во вообичаената смисла на зборот. Ниче истакнува:
Јас ќе се борам да му се вратат на човекот како негова сопственост и негова творба сета убавина и возвишеност што сме ја позајмиле од реалниот и од замислениот свет[31]
Осамен, длабоко повлечен во себе и зафатен само со своите слики на светот, земајќи се единствено себе како почетоки и како последна точка на сè, без никакви релации кон другите, Ниче го создал својот идеализиран тип на натчовек, кој по своите важни особини не е само асоцијален, туку и антисоцијален, а според својата апсолутна волја не само невозможен, туку и опасен.[35]
Творештво
[уреди | уреди извор]Во творештвото на Ниче се разликуваат три периоди. Во првиот период тој бил под влијание на Шопенхауер, ја истражувал Антиката и бил посветен на уметноста. Во вториот период се занимавал со науката и со сознанието на вистината. Во третиот период, Ниче е насочен антихристијански и се навратил кон големите извори на светската мисла. Ниче е критичар на модерната западноевропска цивилизација, на малограѓанството, на догматизмот и робувањето кон авторитетите. Тој се залага за слобода на личноста и бил противник на класичниот интелектуализам. Негови позначајни дела се:
- „Раѓањето на трагедијата“ (1872)
- „За вистината и лагата во неморална смисла“ (1873)
- „Филозофијата во трагичното раздобје на Грците“ (1873)
- „Несовремени разгледувања“ (1876)
- „Човечко, премногу човечко“ (1878, дополн. 1879 и 1880)
- „Зора“ (1881)
- „Весела наука“ (1882)
- „Така зборуваше Заратустра“ (1883–1885)
- „Отаде доброто и злото“ (1886)
- „Генеалогија на моралот“ (1887)
- „Случајот Вагнер“ (1888)
- „Самракот на идолите“ (1888)
- „Антихрист“ (1888)
- „Ecce Homo“ (1888)
- „Ниче против Вагнер“ (1888)
- „Грчката држава“ (1871)[36]
- „Волја за моќ“ (необјавени ракописи, во заедничко уредништво со неговата сестра)
Влијание и значење
[уреди | уреди извор]Еден краток расказ на рускиот писател Јуриј Мамлеев, со наслов „Едниот (Расказ за комсичкиот ничеанец)“, содржи повеќе елементи од учењето на Ниче.[37]
Белешки
[уреди | уреди извор]- а Буквалната транскрипција на името од германски на македонски гласи „Фридрих Вилхелм Ницше“, но во македонскиот јазик е одомаќена употребата на „Фридрих Вилхелм Ниче“.
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 27-28.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 22.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 28.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 32.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 48-49.
- ↑ 6,0 6,1 Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 65.
- ↑ Schaberg, William, The Nietzsche Canon, University of Chicago Press, 1996, p. 32
- ↑ A letter containing Nietzsche's description of the first meeting with Wagner
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 55.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 57.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 58.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 29-30.
- ↑ Kaufmann, p. 25.
- ↑ Hecker, Hellmuth: "Nietzsches Staatsangehörigkeit als Rechtsfrage", Neue Juristische Wochenschrift, Jg. 40, 1987, nr. 23, p. 1388-1391; and His, Eduard: "Friedrich Nietzsches Heimatlosigkeit", Basler Zeitschrift für Geschichte und Altertumskunde, vol. 40, 1941, p. 159-186. Note that some authors (among them Deussen and Montinari) mistakenly claim that Nietzsche became a Swiss citizen.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 83-90.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 96.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 89.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 97-97.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 101.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 102-13.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 23.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 103-104.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 23-24.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 48.
- ↑ Kaufmann, p. 67
- ↑ Zweig, Stefan (1939) Master Builders [trilogy], The Struggle with the Daimon, Viking Press, p. 524.
- ↑ Rudolf Steiner: Friedrich Nietzsche, ein Kämpfer gegen seine Zeit. Weimar 1895
- ↑ Concurring reports in Elisabeth Förster-Nietzsche's biography (1904) and a letter by Mathilde Schenk-Nietzsche to Meta von Salis, 30 август 1900, quoted in Janz (1981) p. 221. Cf. Volz (1990), p. 251.
- ↑ Владимир Ћоровић, „Ecce Homo“, во: Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 13.
- ↑ Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 70.
- ↑ 31,0 31,1 31,2 31,3 Ecce Homo
- ↑ 32,0 32,1 32,2 32,3 Thus Spoke Zarathustra
- ↑ Morgan, George Allen (1941). What Nietzsche Means. Cambridge, Mass.: Harvard University Press. pp. 36.
- ↑ Nietzsche, Friedrich Wilhelm. The Antichrist. Grand Rapids: Kessinger, 2004: 4, 8, 18, 29, 37, 40, 51, 57, 59. Print.
- ↑ Владимир Ћоровић, „Ecce Homo“, во: Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 11-12.
- ↑ http://nietzsche.holtof.com/Nietzsche_various/the_greek_state.htm
- ↑ Јуриј Мамлеев, Вампир-психопат, Темплум, Скопје, 2022, стр. 94-100.
Литература
[уреди | уреди извор]- Arena, Leonardo Vittorio (2012), Nietzsche in China in the XXth Century, ebook
- Babich, Babette E. (1994) Nietzsche's Philosophy of Science, Albany: State University of New York Press.
- Baird, Forrest E; Walter Kaufmann (2008), From Plato to Derrida, Upper Saddle River, NJ: Pearson Prentice Hall, стр. 1011–38, ISBN 0-13-158591-6
- Benson, Bruce Ellis (2007). Pious Nietzsche: Decadence and Dionysian Faith. Indiana University Press. стр. 296.
- Markus Breitschmid, Der bauende Geist. Friedrich Nietzsche und die Architektur. Lucerne: Quart Verlag, 2001, ISBN 3-907631-23-4
- Markus Breitschmid, Nietzsche's Denkraum. Zurich: Edition Didacta, 2006, Hardcover Edition: ISBN 978-3-033-01206-6; Paperback Edition: ISBN 978-3-033-01148-9
- Cate, Curtis (2005). Friedrich Nietzsche. Woodstock, NY, USA: The Overlook Press.
- Corriero, Emilio Carlo, Nietzsche oltre l'abisso. Declinazioni italiane della 'morte di Dio', Marco Valerio Editore, Torino, 2007
- Deleuze, Gilles (2006) [1983]. Nietzsche and Philosophy. trans. Hugh Tomlinson. Athlone Press. ISBN 0-485-11233-7.
- Eilon, Eli. Nietzsche's Principle of Abundance as Guiding Aesthetic Value. Nietzsche-Studien, December 2001 (30). стр. 200–221.
- Gemes, Ken; May, Simon, уред. (2002). Nietzsche on Freedom and Autonomy. Oxford University Press..
- Golomb, Jacob, уред. (1997). Nietzsche and Jewish culture. Routledge..
- Heidegger, Martin. The Word of Nietzsche..
- Kaufmann, Walter (1974). Nietzsche: Philosopher, Psychologist, Antichrist. Princeton University Press. ISBN 0-691-01983-5.
- Kopić, Mario, S Nietzscheom o Europi, Jesenski i Turk, Zagreb, 2001 ISBN 978-953-222-016-2
- Lampert, Laurence (1986). Nietzsche's Teaching: An Interpretation of "Thus Spoke Zarathustra". New Haven: Yale University Press. ISBN 0-300-04430-5.
- Magnus and Higgins, "Nietzsche's works and their themes", in The Cambridge Companion to Nietzsche, Magnus and Higgins (ed.), University of Cambridge Press, 1996, pp. 21–58. ISBN 0-521-36767-0
- O'Flaherty, James C., Sellner, Timothy F., Helm, Robert M., "Studies in Nietzsche and the Classical Tradition" (University of North Carolina Press) 1979 ISBN 0-8078-8085-X
- O'Flaherty, James C., Sellner, Timothy F., Helm, Robert M., "Studies in Nietzsche and the Judaeo-Christian Tradition" (University of North Carolina Press) 1985 ISBN 0-8078-8104-X
- Owen, David. Nietzsche, Politics & Modernity (London: Sage Publications, 1995).
- Pérez, Rolando. Towards a Genealogy of the Gay Science: From Toulouse and Barcelona to Nietzsche and Beyond. eHumanista/IVITRA. Volume 5, 2014. http://www.ehumanista.ucsb.edu/eHumanista%20IVITRA/Volume%205/Volum%20Regular/7_Perez.pdf Архивирано на 24 септември 2014 г.
- Porter, James I. "Nietzsche and the Philology of the Future" (Stanford University Press, 2000). ISBN 0-8047-3698-7
- Porter, James I (2000). The Invention of Dionysus: An Essay on The Birth of Tragedy. Stanford University Press. ISBN 0-8047-3700-2..
- Ratner-Rosenhagen, Jennifer (2011), American Nietzsche: A History of an Icon and His Ideas. Chicago: University of Chicago Press.
- Roochnik, David (2004). Retrieving the Ancients..
- Russell, Bertrand (2004). A History of Western Philosophy. Routledge..
- Santayana, George (1916). „XI“. Egotism in German Philosophy. London & Toronto: JM Dent & Sons..
- Sedgwick, Peter R (2009). Nietzsche: the key concepts. Routledge, Oxon, ENG, UK: Routledge..
- T. K. Seung Nietzsche's Epic of the Soul: Thus Spoke Zarathustra. Lanham, Maryland: Lexington Books, 2005. ISBN 0-7391-1130-2
- Tanner, Michael (1994). Nietzsche. Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-287680-5.
- von Vacano, Diego (2007). The Art of Power: Machiavelli, Nietzsche and the Making of Aesthetic Political Theory. Lanham, MD: Lexington..
- Wicks, Robert. „Friedrich Nietzsche“. Во Edward N. Zalta (уред.). The Stanford Encyclopedia of Philosophy (Fall 2004. изд.).
- Young, Julian. Friedrich Nietzsche: A Philosophical Biography (Cambridge University Press; 2010) 649 pp.
- Luchte, James (2008). Nietzsche's Thus Spoke Zarathustra: Before Sunrise. London: Bloomsbury Publishing. ISBN 978-1441116536..
- Charles Andler: Nietzsche, sa vie et sa pensée. 6 Bände. Brossard, Paris 1920–1931, spätere Auflagen (3 Bände, jeweils zwei zusammengefasst) bei Éditions Gallimard, Paris, ISBN 2-07-020127-9, ISBN 2-07-020128-7, ISBN 2-07-020129-5 (detaillierte Gesamtdarstellung, Rezeptionsgrundlage vieler französischer Autoren).
- Sabine Appel: Friedrich Nietzsche: Wanderer und freier Geist. Eine Biographie. Beck, München 2011, ISBN 978-3-406-61368-5.
- Raymond J. Benders, Stephan Oettermann: Friedrich Nietzsche: Chronik in Bildern und Texten. Hanser, München 2000, ISBN 3-446-19877-6.
- Ivo Frenzel: Friedrich Nietzsche in Selbstzeugnissen und Bilddokumenten. 31. Auflage. Rowohlt, Reinbek bei Hamburg 2000, ISBN 3-499-50634-3.
- Curt Paul Janz: Friedrich Nietzsche. Biographie. 3 Bände, Hanser, München 1978/1979, ISBN 3-423-04383-0 (Standardwerk)
- Alice Miller: Das ungelebte Leben und das Werk eines Lebensphilosophen: Friedrich Nietzsche. In: Dies.: Der gemiedene Schlüssel. Suhrkamp, Frankfurt am Main 1988, ISBN 3-518-02226-1.
- Christian Niemeyer (Hrsg.): Nietzsche-Lexikon. Wissenschaftliche Buchgesellschaft, Darmstadt 2009, ISBN 978-3-534-20844-9.
- Henning Ottmann (Hrsg.): Nietzsche-Handbuch: Leben – Werk – Wirkung. Metzler, Stuttgart/ Weimar 2000, ISBN 3-476-01330-8.
- Werner Ross: Der ängstliche Adler; Friedrich Nietzsches Leben. DVA, Stuttgart 1980, ISBN 3-423-30736-6, und Der wilde Nietzsche oder Die Rückkehr des Dionysos. DVA, Stuttgart 1994, ISBN 3-421-06668-X (zwei antithetische Akzentuierungen von Nietzsches Charakter aus der Sicht eines Literaturwissenschaftlers).
- Rüdiger Safranski: Nietzsche: Biographie seines Denkens. Hanser, München 2000, ISBN 3-446-19938-1 (hoher philosophischer Anteil; dient auch als Einführung in Nietzsches Denken).
- Hermann Josef Schmidt: Nietzsche absconditus oder Spurenlesen bei Nietzsche. 4 Bände. IBDK, Berlin/Aschaffenburg 1991–1994 (akribische psychologische Studie über Nietzsches Kindheit und Jugend).
- Pia Daniela Volz: Nietzsche im Labyrinth seiner Krankheit. Königshausen & Neumann, Würzburg 1990, ISBN 3-88479-402-7 (Standardwerk zu Nietzsches Krankengeschichte).
- Volker Ebersbach: Nietzsche in Turin. Boldt-Literaturverlag, Winsen/Luhe; Weimar 1994, ISBN 3-928788-11-6.
- Günter Abel: Nietzsche. Die Dynamik der Willen zur Macht und die ewige Wiederkehr. 2., erweiterte Auflage. De Gruyter, Berlin/ New York 1998, ISBN 3-11-015191-X (Versuch der Klärung des häufig missverstandenen Begriffes).
- Keith Ansell Pearson (Hrsg.): A Companion to Nietzsche. Blackwell, Oxford/Malden 2006, ISBN 1-4051-1622-6.
- Maudemarie Clark: Nietzsche on Truth and Philosophy. Cambridge University Press, Cambridge 1990, ISBN 0-521-34850-1.
- Gilles Deleuze: Nietzsche und die Philosophie. Europäische Verlagsanstalt, Hamburg 1976, ISBN 3-434-46183-3 (Klassiker der französischen Nietzsche-Rezeption).
- Jacques Derrida: Sporen. Die Stile Nietzsches. Corbo e Fiore, Venedig 1976 (versucht zu zeigen, dass Nietzsches Denken kein Zentrum hat).
- Günter Figal: Nietzsche. Eine philosophische Einführung. Reclam, Stuttgart 1999, ISBN 3-15-009752-5.
- Eugen Fink: Nietzsches Philosophie. Stuttgart 1960.
- Erich Heller: Die Wiederkehr der Unschuld und andere Essays. Suhrkamp, Frankfurt am Main 1977.
- Karl Jaspers: Nietzsche. Einführung in das Verständnis seines Philosophierens. De Gruyter, Berlin/New York 1981 (Erstauflage 1935), ISBN 3-11-008658-1 (Jaspers sucht als Philosoph und als Psychiater Zugang zu Nietzsches Denken.).
- Walter Arnold Kaufmann: Nietzsche: Philosopher, Psychologist, Antichrist, Princeton University Press, Princeton, N.J. 1950, 4. Auflage. 1974; deutsche Übersetzung: Nietzsche: Philosoph – Psychologe – Antichrist. Wissenschaftliche Buchgesellschaft, Darmstadt 1988, ISBN 3-534-80023-0 (wichtiges Werk der angelsächsischen Nietzsche-Interpretation).
- Domenico Losurdo: Nietzsche, der aristokratische Rebell: Intellektuelle Biographie und kritische Bilanz. 2 Bände. Argument/Inkrit, Berlin 2009, ISBN 978-3-88619-338-7.
- Mazzino Montinari: Friedrich Nietzsche: Eine Einführung. De Gruyter, Berlin/New York 1991, ISBN 3-11-012213-8 (von einem der Herausgeber der Kritischen Gesamtausgabe Nietzsches).
- Wolfgang Müller-Lauter: Nietzsche. Seine Philosophie der Gegensätze und die Gegensätze seiner Philosophie. De Gruyter, Berlin/ New York, 1971.
- Barbara Neymeyr, Andreas Urs Sommer (Hrsg.):Nietzsche als Philosoph der Moderne. Universitätsverlag Winter, Heidelberg 2012. ISBN 978-3825358129
- Raoul Richter: Friedrich Nietzsche. Sein Leben und sein Werk. 4. Auflage. Meiner, Leipzig 1922 (Digitalisat).
- Wiebrecht Ries: Nietzsche zur Einführung. Junius, Hamburg 2004, ISBN 3-88506-393-X.
- Georg Römpp: Nietzsche leicht gemacht. (= Uni-Taschenbücher. 3718). Böhlau, Köln/Weimar 2013, ISBN 978-3-8252-3718-9.
- Hans-Martin Schönherr-Mann: Friedrich Nietzsche (= Uni-Taschenbücher. 3001). Fink, Paderborn 2008, ISBN 978-3-8252-3001-2.
- Stefan Lorenz Sorgner, H. James Birx, Nikolaus Knoepffler (Hrsg.): Wagner und Nietzsche: Kultur-Werk-Wirkung: Ein Handbuch. Rowohlt, Reinbek bei Hamburg 2008, ISBN 978-3-499-55691-3.
- Werner Stegmaier: Friedrich Nietzsche zur Einführung. Junius, Hamburg 2011, ISBN 978-3-88506-695-8.
- Bernhard H. F. Taureck: Nietzsche-ABC. Reclam, Leipzig 1999, ISBN 3-379-01679-9.
- Gianni Vattimo: Nietzsche: Eine Einführung. Metzler, Stuttgart 1992, ISBN 3-476-10268-8.
- Claus Zittel: Selbstaufhebungsfiguren bei Nietzsche. Königshausen & Neumann 1995, ISBN 3-8260-1082-5.
- Heidelberger Akademie der Wissenschaften (Hrsg.): Historischer und kritischer Kommentar zu Friedrich Nietzsches Werken. Berlin / Boston: Walter de Gruyter 2012 ff.
- Jochen Schmidt: Kommentar zu Nietzsches Geburt der Tragödie = Historischer und kritischer Kommentar zu Friedrich Nietzsches Werken, Bd. 1/1. XXI + 456 Seiten. Berlin / Boston: Walter de Gruyter 2012, ISBN 978-3-11-028683-0.
- Andreas Urs Sommer: Kommentar zu Nietzsches Der Fall Wagner. Götzen-Dämmerung = Historischer und kritischer Kommentar zu Friedrich Nietzsches Werken Bd. 6/1. XVII + 698 Seiten. Berlin / Boston: Walter de Gruyter 2012, ISBN 978-3-11-028683-0.
- Andreas Urs Sommer: Kommentar zu Nietzsches Der Antichrist. Ecce homo. Dionysos-Dithyramben. Nietzsche contra Wagner = Historischer und kritischer Kommentar zu Friedrich Nietzsches Werken, Bd. 6/2. XXI + 921 Seiten. Berlin / Boston: Walter de Gruyter 2013, ISBN 978-3-11-029277-0.
- Richard Krummel: Nietzsche und der deutsche Geist. De Gruyter, Berlin/New York 1974–2006.
- Бугера, В. Е. Социальная сущность и роль философии Ницше. — Москва: КомКнига, 2010. — ISBN 978-5-484-01062-2.
- Nietzsche-Studien: Internationales Jahrbuch für die Nietzsche-Forschung. De Gruyter, Berlin, ISSN 0342-1422
.
- Nietzscheforschung: Jahrbuch der Nietzsche-Gesellschaft. Hrsg. im Auftrag der Förder- und Forschungsgemeinschaft Friedrich Nietzsche e. V. Akademie-Verlag, Berlin.
- New Nietzsche Studies. The Journal of the Nietzsche Society. ISSN 1091-0239
.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Фридрих Ниче“ на Ризницата ? |
- Дела од Фридрих Ниче на проектот „Гутенберг“
- Works by Nietzsche in audio format from LibriVox
- http://www.iep.utm.edu/nietzsch/ Nietzsche, Internet Encyclopedia of Philosophy, article by Dale Wilkerson, 2009
- Nietzsche Архивирано на 29 јуни 2011 г. from the radio program Philosophy Talk
- Фридрих Ниче: Весела наука (извадоци)
|