Фредериција
Фредериција Fredericia | ||
Град | ||
Споменикот „Ландсолдатен“ во Фредериција
| ||
|
||
Земја | Данска | |
---|---|---|
Регион | Јужна Данска | |
Општина | Фредериција | |
Височина | 15 м | |
Координати | 55°34′N 9°45′E / 55.567° СГШ; 9.750° ИГД | |
Население | 39.922 (2014) | |
Основан | 1650 | |
- Денешната општина | 1970 | |
Часовен појас | CET (UTC+1) | |
- лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Поштенски бр. | 7000 | |
Повикувачки бр. | (+45) 72 | |
| ||
Портал: fredericia.dk | ||
Фредериција (дански: Fredericia, изг. [fʀɛðəˈʀedɕa]) — значаен град во Данска, поточно во средишниот дел од државата. Градот се наоѓа во рамките на регионот Јужна Данска, каде со околните населени места ја сочинува општината Фредериција. Основан е како тврдина од кралот Фредерик III во 1650 г.
Денес самипот град има 39.922 жители (2014)[1], а општината Фредериција брои вкупно 50.324 жители (2014).
Природни услови
[уреди | уреди извор]Фредериција се наоѓа во средишниот дел на Данска. Од главниот град Копенхаген, Фредериција е оддалечен 210 км на запад.
- Релјеф
Градот Фредериција се наоѓа во источниот дел на данскиот полуостров Јитланд, на местото каде што најмногу се доближува со островот Фин. Ваквото стратегиско и прометно значење придонел на ова место да се формира град. Надрморкста височина на градот се движи од 0 до 25 метри.
- Клима
Климата во Фредериција е умерено-континентална под влијание на Атлантикот и топлата голфска струја.
- Води
Фредериција се формирала на Лилебелт, канал имзеѓу кој се раздвојуваат островот Фин и полуостровот Јитланд. Просечната широчина на каналот изнесува 1,0-1,5 километри. Средишниот дел од градот се наоѓа на местото каде Лилебелт се отвора во море, т.е. во Категат.
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето Фредериција било населено уште во времто на праисторијата. Денешната населба била формирана во 1650 година од страна на кралот Фредерик III. Населбата е замислена како тврдина на Данска на Јитланд, за обезбедување на даденото подрачје по Триесетгодишната војна.
Во 1846 година кај градот се доселила карактеристична битка во војната помеѓу Данска и Шлезивиг-Холштајн.
И покрај пет годишната окупација над Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, градот и неговото население не претрпеле големи страдања.
Население
[уреди | уреди извор]Денес Фредериција има 39.797 жители во градските граници и околу 50.000 со околните населени места.
- Етнички состав
Населението на Хернинг до пред неколку децении било типично населено со етнички Данци. И денес етничките Данци се поголемото мнозинство во градот, но мал дел од населението се доселеници.
Познати личности
[уреди | уреди извор]- Родени
- Хенрик Понтопидан (1857-1943) — писател
- Ерик Холтвед (1899–1981) — етнолог
- Сесил Бедкер (1927- ) — писател и поет
- Јерген Виг Кнудсторп (1968- ) — стопанственик, ген. директор на „Лего“
- Томас Серенсен (1976– ) — фудбалер
- Починати
- Драган Богдановски (1929-1998) — истакнат македонски политички иселеник, дисидент и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ. Починал во воз во овој град, на пат од Шведска во Германија, а погребан е во Куманово.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Градски музеј
-
Црквата „Св. Троица“
-
Стара градска куќа
-
Железничката станица
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „BEF44: Население на 1 јануари, по населени подрачја“ — база на Данска статистика
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Фредериција“ на Ризницата ? |