Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Планински пласман на Вуелта а Еспања

Од Википедија — слободната енциклопедија
Планински пласман на Вуелта а Еспања
Сина точкеста маичка
Детали за наградата
СпортДрумски велосипедизам
НатпреварувањеВуелта а Еспања
Доделена занајдобар искачувач
Историја
Прва награда1935
Изданија73 (до 2018)
Прв победник Едоардо Молинар (ИТА)
Најмногу победи Хосе Луис Лагија (ШПА) (5 победи)
Најнов победник Томас де Гент (БЕЛ)


Планински пласман на Вуелта а Еспања — второстепен пласман на велосипедската трка Вуелта а Еспања. На овој пласман, бодови се доделуваат на велосипедистите кои први ќе поминат преку планинските врвови. Пласманот бил основан во 1935 година, кога бил освоен од Италијанецот Едоардо Молинар и до 2005 година, предводникот во планинскиот пласман ја носел зелената маичка. Во 2006 година, станала портокалова, а во 2010 година станала бела со сини точки.

Шпанецот Хосе Луис Лагија го освоил овој пласман рекордни пет пати, вклучувајќи три последователни победи. Други велосипедисти кои го освоиле овој пласман три последователни пати се Антонио Суарез, Антонио Кармани, Хулио Хименес, Хосе Марија Хименес, сите Шпанци. Севкупно, Шпанците го имаат освоено овој пласман 47 од 68 пати.

Во 2010 година, Давид Монкутје размислувал за повлекување, но останал и настапил на трката, освојувајќи го неговиот трет последователен планински пласман.[1] Во 2011 година, станал првиот возач кој го освојувал овој пласман четири последователни години.

Од 2010 година, предводникот на планинскиот пласман ја носи белата маичка со сини точки.[2] Планинската маичка е трета во поредокот на маички, зад маичката на генералниот пласман и бодовниот пласман, но пред онаа на комбинираниот пласман; ова значи дека ако велосипедистите водат во генералниот и планинскиот пласман, велосипедистот ја носи маичката за генералниот пласман, а планинската маичка преоѓа на вториот велосипедист во пласманот.

Организаторите на Вуелта означуваат за кои искачувања ќе се доделуваат бодови и во која категорија ќе бидат. Од 2010 година постојат 5 категории: најмногу бодови носи врвот Алберто Фернандес, највисоката точка на Вуелта.[2]

Бодовна распределба
Вид 1 2 3 4 5 6
Врв Алберто Фернандес 20 15 10 6 4 2
Завршница на високо искачување 15 10 6 4 2
Прва категорија 10 6 4 2 1
Втора категорија 5 3 1
Трета категорија 3 2 1

Ако двајца или повеќе велосипедисти имаат ист број на бодови, велосипедистот кој бил прв на врвот „Алберто Фернандес“ ќе има повисок пласман. Ако ова не го реши проблемот, велосипедистите со најмногу победи на завршници на високи искачувања ќе добијат повисок пласман. Ако и ова не го реши проблемот, велосипедистите со најмногу победи од прва категорија и во другите, ќе добијат повисок пласман. Дури и ако по третата категорија сè уште е нерешено, ќе се искористи поредокот во генералниот пласман.

Список на победници

[уреди | уреди извор]
Победници на планинскиот пласман[3]
Година Победник Второпласиран Третопласиран
1935  Едоардо Молинар (ИТА)  Лујџи Барал (ИТА)  Лео Амберг (ШВА)
1936  Салвадор Молина (ШПА)  Хулијан Берендеро (ШПА)  Фермин Труеба (ШПА)
1937 - 1940: немало трка
1941  Фермин Труеба (ШПА)  Хулијан Берендеро (ШПА)  Хосе Хабардо (ШПА)
1942  Хулијан Берендеро (ШПА)  Пјер Брамбила (ИТА)  Исидро Берахано (ШПА)
1943 - 1944: немало трка
1945  Хулијан Берендеро (ШПА)  Жоао Ребело (ПОР)  Педро Фонт (ШПА)
1946  Емилио Родригес (ШПА)  Далмасио Лангарика (ШПА)  Хулијан Берендеро (ШПА)
1947  Емилио Родригес (ШПА)  Мартин Мансисидор (ШПА)  Мануел Коста (ШПА)
1948  Бернардо Руиз (ШПА)  Емилио Родригес (ШПА)  Бернардо Капо (ШПА)
1949: немало трка
1950  Емилио Родригес (ШПА)  Хосе Сера (ШПА)  Хесус Лороњо (ШПА)
1951 - 1954: немало трка
1955  Џузепе Бурати (ИТА)  Антонио Гелаберт (ШПА)  Жилбер Бовен (ФРА)
1956  Нино Дефилипис (ИТА)  Федерико Баамонтес (ШПА)  Антонио Суарез (ШПА)
1957  Федерико Баамонтес (ШПА)  Кармело Моралес (ШПА)  Бенињо Аспуру (ШПА)
1958  Федерико Баамонтес (ШПА)  Хесус Лороњо (ШПА)  Илер Куврер (БЕЛ)
1959  Антонио Суарез (ШПА)  Рихард ван Генехтен (БЕЛ)  Антонио Кармани (ШПА)
1960  Антонио Кармани (ШПА)  Антонио Суарез (ШПА)  Франс де Мулдер (БЕЛ)
1961  Антонио Кармани (ШПА)  Хулио Хименес (ШПА)  Хосе Перес (ШПА)
1962  Антонио Кармани (ШПА)  Хосе Сегу (ШПА)  Хулио Хименес (ШПА)
1963  Хулио Хименес (ШПА)  Антонио Кармани (ШПА)  Гуј Ињолен (ФРА)
1964  Хулио Хименес (ШПА)  Хосе Перес (ШПА)  Вентура Дијаз (ШПА)
1965  Хулио Хименес (ШПА)  Антонио Гомес дел Морал (ШПА)  Естебан Мартин (ШПА)
1966  Грегорио Сан Мигел (ШПА)  Доминго Перурена (ШПА)  Маријано Дијаз (ШПА)
1967  Маријано Дијаз (ШПА)  Грегорио Сан Мигел (ШПА)  Висенте Лопес-Карил (ШПА)
1968  Франсиско Габика (ШПА)  Антонио Гомес дел Морал (ШПА)  Хосе Перес (ШПА)
1969  Луис Окања (ШПА)  Роже Пинжон (ФРА)  Жилбер Белон (ФРА)
1970  Агустин Тамамес (ESP)  Вентура Дијаз (ШПА)  Хоаким Галера (ШПА)
1971  Јоп Зутемелк (ХОЛ)  Луис Балаге (ESP)  Вилфрид Давид (БЕЛ)
1972  Хосе Мануел Фуенте (ШПА)  Андрес Олива (ШПА)  Мигел Марија Ласа (ШПА)
1973  Хосе-Луис Абилеира (ШПА)  Еди Меркс (БЕЛ)  Луис Балаге (ШПА)
1974  Хосе-Луис Абилеира (ШПА)  Хосе Мануел Фуенте (ШПА)  Луис Окања (ШПА)
1975  Андрес Олива (ШПА)  Педро Торес (ШПА)  Луис Окања (ШПА)
1976  Андрес Олива (ШПА)  Лудо Лос (БЕЛ)  Жоаким Агостињо (ПОР)
1977  Педро Торес (ШПА)  Андрес Олива (ШПА)  Лудо Лос (БЕЛ)
1978  Андрес Олива (ШПА)  Енрике Сима (ШПА)  Бернар Ино (ФРА)
1979  Фелипе Јањез (ШПА)  Висенте Белда (ESP)  Јоп Зутемелк (ХОЛ)
1980  Хуан Фернандес (ШПА)  Анастасио Гресијано (ШПА)  Хосе Луис Лагија (ШПА)
1981  Хосе Луис Лагија (ШПА)  Висенте Белда (ШПА)  Хосе-Луис Серон (ШПА)
1982  Хосе Луис Лагија (ШПА)  Хуан Фернандес (ШПА)  Хосе Ресио (ШПА)
1983  Хосе Луис Лагија (ШПА)  Фјоренцо Аливерти (ИТА)  Марино Лехарета (ШПА)
1984  Фелипе Јањез (ШПА)  Хосе Луис Лагија (ШПА)  Ерик Кариту (ФРА)
1985  Хосе Луис Лагија (ШПА)  Роберт Милар (ВБР)  Франсиско Родригес (ШПА)
1986  Хосе Луис Лагија (ШПА)  Алваро Пино (ШПА)  Едуардо Чозас (ШПА)
1987  Луис Ерера (КОЛ)  Висенте Белда (ШПА)  Анри Абадје (ФРА)
1988  Алваро Пино (ШПА)  Анселмо Фуерте (ШПА)  Шон Кели (ИРС)
1989  Оскар Варгас (КОЛ)  Педро Делгадо (ШПА)  Иван Иванов (СССР)
1990  Хосе Мартин Фарфан (КОЛ)  Алваро Мехија (КОЛ)  Пабло Вилчес (КОЛ)
1991  Луис Ерера (КОЛ)  Марино Лехарета (ШПА)  Фабио Пара (КОЛ)
1992  Карлос Ернандес (ШПА)  Тони Ромингер (ШВА)  Хулио-Сесар Кадена (КОЛ)
1993  Тони Ромингер (ШВА)  Алекс Циле (ШВА)  Антонио-Мигел Дијаз (ШПА)
1994  Лук Леблан (ФРА)  Микеле Кополило (ИТА)  Тони Ромингер (ШВА)
1995  Лорен Жалабер (ФРА)  Роберто Писторе (ИТА)  Алекс Циле (ШВА)
1996  Тони Ромингер (ШВА)  Лорен Жалабер (ФРА)  Дмитри Конисјев (РУС)
1997  Хосе Марија Хименес (ШПА)  Алекс Циле (ШВА)  Лорен Жалабер (ФРА)
1998  Хосе Марија Хименес (ШПА)  Лорен Жалабер (ФРА)  Фернандо Ескартин (ШПА)
1999  Хосе Марија Хименес (ШПА)  Франк Ванденбрук (БЕЛ)  Роберто Ерас (ШПА)
2000  Карлос Састре (ШПА)  Роберто Ерас (ШПА)  Роберто Лаисека (ШПА)
2001  Хосе Марија Хименес (ШПА)  Клаус Михаел Мелер (ДАН)  Хуан Мигел Меркадо (ШПА)
2002  Аитор Оса (ШПА)  Роберто Ерас (ШПА)  Хуан Антонио Флеча (ШПА)
2003  Феликс Карденас (КОЛ)  Аитор Оса (ШПА)  Хоан Орач (ШПА)
2004  Феликс Карденас (КОЛ)  Роберто Ерас (ШПА)  Сантјаго Перес (ШПА)
2005  Хоаким Родригес (ШПА)  Еладио Хименес (ШПА)  Роберто Ерас (ШПА)
2006  Егои Мартинес (ШПА)  Пјетро Кауколи (ИТА)  Алехандро Валверде (ШПА)
2007  Денис Мењшов (РУС)  Јурген ван Голен (БЕЛ)  Карлос Састре (ШПА)
2008  Давид Монкутје (ФРА)  Кристоф Керн (ФРА)  Алберто Контадор (ШПА)
2009  Давид Монкутје (ФРА)  Давид де ла Фуенте (ШПА)  Хулијан Санчес (ШПА)
2010  Давид Монкутје (ФРА)  Серафин Мартинес (ШПА)  Езекиел Москера (ШПА)
2011  Давид Монкутје (ФРА)  Матео Монтагути (ИТА)  Хуан Хосе Кобо (ШПА)
2012  Сајмон Кларк (АВС)  Давид де ла Фуенте (ШПА)  Хоаким Родригес (ШПА)
2013  Никола Еде (ФРА)  Крис Хорнер (САД)  Даниеле Рато (ИТА)
2014  Луис Леон Санчес (ШПА)  Алберто Контадор (ШПА)  Алехандро Валверде (ШПА)
2015  Омар Фраиле (ШПА)  Рубен Плаза (ШПА)  Френк Шлек (ЛУК)
2016  Омар Фраиле (ШПА)  Кени Елисонд (ФРА)  Роберт Гесинк (ХОЛ)
2017  Давиде Вилела (ИТА)  Мигел Анхел Лопес (КОЛ)  Крис Фрум (ВБР)
2018  Томас де Гент (БЕЛ)  Бауке Молема (ХОЛ)  Луис Анхел Мате (ШПА)
  1. Кренер, Хедвиг (15 јануари 2010). „Монкутје се подготвува за историски предизвик“. Cyclingnews.com. Future Publishing Limited.
  2. 2,0 2,1 „Specific Regulations 65 Edition Vuelta Spain“ (PDF) (PDF). Unipublic. 2010.
  3. „Историски резултати - Вуелта а Еспања“. Cycling hall of fame. Архивирано од изворникот на 2002-08-29. Посетено на 2014-08-30.