Планински пласман на Вуелта а Еспања
Сина точкеста маичка | |
Детали за наградата | |
---|---|
Спорт | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Вуелта а Еспања |
Доделена за | најдобар искачувач |
Историја | |
Прва награда | 1935 |
Изданија | 73 (до 2018) |
Прв победник | Едоардо Молинар (ИТА) |
Најмногу победи | Хосе Луис Лагија (ШПА) (5 победи) |
Најнов победник | Томас де Гент (БЕЛ) |
Планински пласман на Вуелта а Еспања — второстепен пласман на велосипедската трка Вуелта а Еспања. На овој пласман, бодови се доделуваат на велосипедистите кои први ќе поминат преку планинските врвови. Пласманот бил основан во 1935 година, кога бил освоен од Италијанецот Едоардо Молинар и до 2005 година, предводникот во планинскиот пласман ја носел зелената маичка. Во 2006 година, станала портокалова, а во 2010 година станала бела со сини точки.
Шпанецот Хосе Луис Лагија го освоил овој пласман рекордни пет пати, вклучувајќи три последователни победи. Други велосипедисти кои го освоиле овој пласман три последователни пати се Антонио Суарез, Антонио Кармани, Хулио Хименес, Хосе Марија Хименес, сите Шпанци. Севкупно, Шпанците го имаат освоено овој пласман 47 од 68 пати.
Во 2010 година, Давид Монкутје размислувал за повлекување, но останал и настапил на трката, освојувајќи го неговиот трет последователен планински пласман.[1] Во 2011 година, станал првиот возач кој го освојувал овој пласман четири последователни години.
Маичка
[уреди | уреди извор]Од 2010 година, предводникот на планинскиот пласман ја носи белата маичка со сини точки.[2] Планинската маичка е трета во поредокот на маички, зад маичката на генералниот пласман и бодовниот пласман, но пред онаа на комбинираниот пласман; ова значи дека ако велосипедистите водат во генералниот и планинскиот пласман, велосипедистот ја носи маичката за генералниот пласман, а планинската маичка преоѓа на вториот велосипедист во пласманот.
Правила
[уреди | уреди извор]Организаторите на Вуелта означуваат за кои искачувања ќе се доделуваат бодови и во која категорија ќе бидат. Од 2010 година постојат 5 категории: најмногу бодови носи врвот Алберто Фернандес, највисоката точка на Вуелта.[2]
Вид | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 |
---|---|---|---|---|---|---|
Врв Алберто Фернандес | 20 | 15 | 10 | 6 | 4 | 2 |
Завршница на високо искачување | 15 | 10 | 6 | 4 | 2 | |
Прва категорија | 10 | 6 | 4 | 2 | 1 | |
Втора категорија | 5 | 3 | 1 | |||
Трета категорија | 3 | 2 | 1 |
Ако двајца или повеќе велосипедисти имаат ист број на бодови, велосипедистот кој бил прв на врвот „Алберто Фернандес“ ќе има повисок пласман. Ако ова не го реши проблемот, велосипедистите со најмногу победи на завршници на високи искачувања ќе добијат повисок пласман. Ако и ова не го реши проблемот, велосипедистите со најмногу победи од прва категорија и во другите, ќе добијат повисок пласман. Дури и ако по третата категорија сè уште е нерешено, ќе се искористи поредокот во генералниот пласман.
Список на победници
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Кренер, Хедвиг (15 јануари 2010). „Монкутје се подготвува за историски предизвик“. Cyclingnews.com. Future Publishing Limited.
- ↑ 2,0 2,1 „Specific Regulations 65 Edition Vuelta Spain“ (PDF) (PDF). Unipublic. 2010.
- ↑ „Историски резултати - Вуелта а Еспања“. Cycling hall of fame. Архивирано од изворникот на 2002-08-29. Посетено на 2014-08-30.
|