Маркус Бургхарт
Бургхарт на Тур де Романди 2013 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Маркус Бургхарт | ||
Роден | 30 јуни 1983 Чопау, Источна Германија | ||
Висина | 1,89 м | ||
Маса | 78 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски велосипедист | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за класици | ||
Професионални клубови | |||
2005–2009 2010–2016 2017-2021 | Т-Мобајл Тим Верандас Вилемс Бора-Хансгрое | ||
Значајни победи | |||
|
Маркус Бургхарт (германски: Marcus Burghardt; р. 30 јуни 1983 во Чопау, Саксонија) — поранешен германски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2005-2021.
Се повлекол од професионалниот велосипедизам откако се здобил со сериозна повреда на зглобот при пад на Трката околу Полска 2021 година, каде паднал на кружен тек близу завршницата на петтата етапа.
Кариера
[уреди | уреди извор]Бургхарт станал професионалец во 2005 година, пред тоа натпреварувајќи се како аматер во екипата Визенхоф, со која веќе постигнал успех на одредени трки во Бундеслигата Герлинген во 2004 година. Бургхарт ја освоил UCI ProTour трката Гент-Вевелгем во 2007, пред неговиот колега Роџер Хамонд. Тој исто така имал добри резултати на Дварс дор Вландерен и на некои етапи од Вуелта а Еспања.
Бургхарт постигнал мала популарност на деветтата етапа на Тур де Франс 2007, кога удрил во куче на патеката. Тој исто така бил успешен со освојување на етапата 18 на Тур де Франс 2008 во Сент Етјен, победувајќи го Карлос Баредо, другиот член во бегството.
Бургхарт потпишал со Верандас Вилемс за сезоната 2010.[1]
По седум години во екипата, во август 2016 година Бора-Хансгрое објавиле дека ќе им се приклучи за 2017 година.[2]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2001
- 1. Трофео Карлсберг
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 5
- 9. Светско јуниорско друмско првенство
- 2003
- 1. Етапа 3 Ронд де л’Изар
- 2004
- 4. Париз-Рубе за млади
- 8. Краен пласман Триптих на планините и замоците
- 2005
- 4. Дварс дор Вландерен
- 2006
- 7. Дварс дор Вландерен
- 2007
- 1. Гент-Вевелгем
- 3. Е3 Харелбеке
- 6. Краен пласман Трка на три земји
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 5
- 6. Трофео Кала Милор-Кала Бона
- 2008
- Тур де Франс
- 1. Етапа 18
- Награда за борбеност на етапата 18
- 2009
- 4. Краен пласман, Трка околу Саксонија
- 5. Омлоп Хет Ниусблад
- 7. Трка околу Фландрија
- 7. Гент-Вевелгем
- 10. Е3 Харелбеке
- 2010
- Тур де Свис
- 5. Краен пласман Трка околу Катар
- 7. Краен пласман Трка околу Оман
- 2011
- 9. Краен пласман Трка околу Катар
- 2013
- 1. Планински пласман Тур де Романди
- 2015
- 3. Национално друмско првенство
- 2017
- 1. Национално друмско првенство
- 2018
- 10. Омлоп Хет Ниусблад
- 2019
- 2. Национално друмско првенство
- 2021
- 5. Национално друмско првенство
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 70 | — | — | — | — |
Тур | — | — | 127 | 120 | — | 161 | 164 | 58 | 98 | 154 | — | 89 | 131 | 92 | 141 |
Вуелта | 76 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | СО | — | — | 149 | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ VeloNews.com (1 септември 2009). „Хинкапи потпиша со БМЦ заедно со Балан, Крон, Бургхарт“. VeloNews. Архивирано од изворникот на 2009-09-03. Посетено на 2 септември 2009.
- ↑ „Marcus Burghardt signs for Bora-Hansgrohe“. cyclingnews.com. 19 август 2016. Посетено на 15 октомври 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Маркус Бургхарт“ на Ризницата ? |
- Матична страница (германски)
- Блог на Маркус Бургхарт Архивирано на 20 февруари 2008 г. (германски)
- „Достигнувања на Маркус Бургхарт“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Маркус Бургхарт“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Маркус Бургхарт“. ProCycling.