Џиро д’Италија 2015
Светска турнеја на UCI 2015, трка 15 од 28 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 9 мај – 31 мај 2015 | ||
Етапи | 21 | ||
Растојание | 3.481,8 км | ||
Време | 88ч 22' 25" ( км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Алберто Контадор (ШПА) | (Тинкоф-Саксо) | |
Втор | Фабио Ару (ИТА) | (Астана) | |
Трет | Микел Ланда (ШПА) | (Астана) | |
Бодовен | Џакомо Ницоло (ИТА) | (Трек Фактори Рејсинг) | |
Планински | Џовани Висконти (ИТА) | (Мовистар Тим) | |
Младински | Фабио Ару (ИТА) | (Астана) | |
Екипен | Астана | ||
Екипни бодови | Астана | ||
Џиро д’Италија 2015 — 98. издание на Џиро д’Италија, една од големите велосипедски трки. Трката започнала во Сан Лоренцо ал Маре на 9 мај со екипен хронометар на растојание од 17,6 километри, а завршила во Милано на 31 мај со рамна етапа на растојание од 185 километри. Трката била петнаесетта по ред во сезоната на Светската турнеја.[1] Вкупно 197 возачи од 22 екипи настапиле на трката, која била освоена од Шпанецот Алберто Контадор од екипата Тинкоф-Саксо. Второто и третото место биле освоени од Италијанецот Фабио Ару и Шпанецот Микел Ланда, соодветно.
Контадор првпат го презел водството по петтата етапа, првата етапа со завршница на нагорнина. Неговата одбрана на розовата маичка била ставена во сомнеж кога го изместил левото рамо при пад во текот на спринтот на шестата етапа, но ја продолжил трката. Успеал да го одржи неговото водство во текот на една среднопланинска и планинска етапа, но бил задржан во друг пад во текот на тринаесеттата етапа, предизвикувајќи да изгуби време, како и самото водство. Меѓутоа, на важниот поединечен хронометар на растојание од 59,4 километри следниот ден, извозил значајно време пред сите негови соперници и ја освоил розовата маичка и ја одбранил низ планините за втора победа на Џиро, по Џиро 2008. Исто така, ја освоил и трката во 2011 година, пред да му биде одземена победата поради контроверзата со кленбутеролот. Како во 2008 година, Контадор не освоил ниедна етапа на Џиро, но имал силни завршници на секоја планинска етапа, што му овозможило да го зголеми водството и до денес, нема освоено етапа на трката. Второто место му припаднало на Ару, кој и покрај слабиот настап на хронометарот и слабиот резултат на Мортироло, ги освоил етапите 19 и 20. Заокружувајќи го подиумот на третото место било изненадувањето на трката, Ланда, кој ги освоил етапите 15 и 16 и имал солиден настап на другите планински етапи, освојувајќи го Чима Копи на трката.
Во другите пласмани на трката, Италијанецот Џакомо Ницоло од екипата Трек Фактори Рејсинг го освоил бодовниот пласман, возачот на Мовистар Тим Џовани Висконти го освоил планинскиот пласман, додека Ару од Астана го завршил Џиро како најдобар возач под 26 години во генералниот пласман, завршувајќи на второто место. Астана завршила како победник во Трофеј Брза екипа, освојувајќи најмало вкупно време од сите екипи, како и Трофеј Супер екипа.
Екипи и велосипедисти
[уреди | уреди извор]Бидејќи Џиро д’Италија е дел од Светската турнеја, сите 17 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. Организаторите на трката на пет професионални континентални екипи им доделиле специјална покана и така била заокружена групата од 22 екипи. Првично, секоја екипа испратила состав од девет возачи на трката. Меѓутоа, Џорџ Бенет бил приморан да се повлече пред да започне трката, оставајќи го Лото НЛ-Џамбо со само осум возачи. Така, Џиро започнал со група од 197 возачи. Од нив, 163 возачи успеале да завршат на целта во Милано.
Екипи во Светската турнеја биле:
Екипи кои добиле специјални покани биле:
Фаворити пред трката
[уреди | уреди извор]Минатогодишниот победник, Наиро Кинтана, избрал да не ја брани неговата титула со цел да се насочи на Тур. Пред почетокот на трката, Алберто Контадор бил сметан како главен фаворит за победа на трката.[2] Контадор се надева на победа оваа година, како и на Тур де Франс (кој започнува во јули), во обид на повторување на двократниот успех на Марко Пантани на Џиро-Тур во 1998 година. Пантани бил последниот возач кој ги освоил двете трки во една година. Според многумина, негова најголема закана ќе биде Ричи Порт. Порт покажал силна форма во текот на сезоната со победите на Париз-Ница, Волта а Каталуња и Џиро дел Трентино. Други возачи кои се сметаат како фаворити на трката биле Ригоберто Уран, второпласиран на Џиро во 2013 и во 2014 година и Фабио Ару, третопласираниот на минатогодишниот Џиро.[3]
Други велосипедисти за првите пет места во генералниот пласман ќе се борат Доменико Поцовиво (завршил во првите пет минатата година), Јурген ван ден Брук (завршил меѓу првите десет на сите големи трки), Илнур Закарин (победник на неодамна завршениот Тур де Романди) и Рајдер Хесједал (победник на Џиро д’Италија 2012).[4][5]
Етапи
[уреди | уреди извор]Рутата за Џиро д’Италија 2015 била прикажана од директорот на трката Мауро Вењи на 6 октомври 2014 година во Милано. Содржела две хронометарски етапи, еден екипен и еден поединечен хронометар. Имало пет етапи со големи искачувања, од кои четири со завршница на нагорнина: осмата етапа до Кампитело Матезе; петнаесеттата етапа до Мадона ди Кампилјо; деветнаесеттата етапа до Червинија и дваесеттата етапа со Сестриере. Етапите 4 и 12, иако биле категоризирани како среднопланински, завршуваат на Абетоне и Монте Берико, соодветно. Како што било вообичаено за минатите години, организаторите вклучиле два дена за одмор. Кога се споредува со претходните изданија на трката, трката била подолга за 36,3 километри, содржела помалку еден ден за одмор, како и еден поединечен хронометар.
Две етапи започнувале или завршувале надвор од Италија, обата пати во Швајцарија. Седумнаесеттата етапа завршувала во Лугано, додека осумнаесеттата етапа започнувала во Мелиде.
Етапа | Датум | Движење | Растојание | Вид | Победник | ||
---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | 9 мај | Сан Лоренцо ал Маре до Санремо | 17,6 км | екипен хронометар | Орика-ГринЕЏ | ||
2 | 10 мај | Албенга до Џенова | 173 км | рамна етапа | Елија Вивијани (ИТА) | ||
3 | 11 мај | Рапало до Сестри Леванте | 136 км | среднопланинска етапа | Мајкл Метјус (АВС) | ||
4 | 12 мај | Кјавари до Ла Специја | 150 км | среднопланинска етапа | Давиде Формоло (ИТА) | ||
5 | 13 мај | Ла Специја до Абетоне | 152 км | среднопланинска етапа | Јан Поланц (СЛО) | ||
6 | 14 мај | Монтекатини Терме до Кастилјоне дела Пескаја | 181 км | рамна етапа | Андре Грајпел (ГЕР) | ||
7 | 15 мај | Гросето до Фјуџи | 263 км | рамна етапа | Диего Улиси (ИТА) | ||
8 | 16 мај | Фјуџи до Кампитело Матезе | 188 км | планинска етапа | Бењат Инчаусти (ШПА) | ||
9 | 17 мај | Беневенто до Сан Џорџо дел Санио | 212 км | среднопланинска етапа | Паоло Тиралонго (ИТА) | ||
18 мај | Ден за одмор | ||||||
10 | 19 мај | Чивитанова Марке до Форли | 195 км | рамна етапа | Никола Боем (ИТА) | ||
11 | 20 мај | Форли до Имола | 147 км | среднопланинска етапа | Илнур Закарин (РУС) | ||
12 | 21 мај | Имола до Виченца | 190 км | среднопланинска етапа | Филип Жилбер (БЕЛ) | ||
13 | 22 мај | Монтекио Маџоре до Језоло | 153 км | рамна етапа | Сака Модоло (ИТА) | ||
14 | 23 мај | Тревизо до Валдобјадене | 59,2 км | поединечен хронометар | Васил Кириенка (БЛР) | ||
15 | 24 мај | Маростика до Мадона ди Кампилјо | 165 км | планинска етапа | Микел Ланда (ШПА) | ||
25 мај | Ден за одмор | ||||||
16 | 26 мај | Пинцоло до Априка | 175 км | планинска етапа | Микел Ланда (ШПА) | ||
17 | 27 мај | Тирано до Лугано (Швајцарија) | 136 км | рамна етапа | Сака Модоло (ИТА) | ||
18 | 28 мај | Мелиде (Швајцарија) до Вербанија | 172 км | среднопланинска етапа | Филип Жилбер (БЕЛ) | ||
19 | 29 мај | Гравелона Точе до Червинија | 236 км | планинска етапа | Фабио Ару (ИТА) | ||
20 | 30 мај | Сен Венсан до Сестриере | 196 км | планинска етапа | Фабио Ару (ИТА) | ||
21 | 31 мај | Торино до Милано | 185 км | рамна етапа | Илјо Кејсе (БЕЛ) |
Преглед на трката
[уреди | уреди извор]Трката започнала со екипен хронометар во Санремо. Екипата Орика-ГринЕЏ ја освоила првата етапа, со што Сајмон Геранс бил првиот кој ја облекол розовата маичка. Втората етапа, обележана со неколку падови, била освоена од возачот на Скај, Елија Вивијани, кој ја презел црвената маичка како предводник во бодовниот пласман. Мајкл Метјус ја презел розовата маичка од неговиот колега Геранс. Потоа, ја освоил третата етапа, која била обележана како среднопланинска и вклучувала искачување од втора категорија, но, можеби неочекувано, завршила со масовен спринт од намалената главна група. Меѓутоа, на етапата се случила страшна несреќа на фаворитот Доменико Поцовиво, кој бил приморан да се откаже од трката. Четвртата етапа била прва која предизвикала поголеми временски разлики. Давиде Формоло ја освоил етапата по бегство, следен од група на тринаесет возачи со најголем дел од фаворитите.
Петтата етапа завршила на нагорнина во Абетоне. Словенецот Јан Поланц ја освоил етапата по бегство и дошол до крајот на втор ден по ред. На етапата се случиле повеќе напади од главните фаворити Контадор, Ару и Порт. Тројката завршила 1' 31" зад Поланц. Контадор ја преземал розовата маичка, главно поради второто место на неговата екипа, Тинкоф-Саксо, на воведниот екипен хронометар на трката. Наредните две етапи завршиле со спринтови, освоени од Андре Грајпел и Диего Улиси, соодветно.
Осмата етапа го имала првото искачување од прва категорија. Била освоена од Бењат Инчаусти. Контадор успешно ја одбранил маичката, возејќи со изместено рамо по падот во последните метри на шестата етапа. Деветтата етапа вклучувала повеќебројни категоризирани искачувања, како завршница на првата недела. Била освоена од Паоло Тиралонго. На етапата се случил и напад на Ару, но бил достигнат од Контадор, Порт и Ланда. Меѓутоа, Ару успеал да добие една секунда од Контадор во завршниот спринт на крајот.
По првиот ден за одмор, со десеттата етапа започнала втората недела. Никола Боем ја освоил етапата по бегството кое било успешно до крајот. Кон крајот, третопласираниот Порт имал механички проблем (дупната гума) и изгубил 47 секунди во однос на главната група. Добил и дополнителни две минути казна поради тоа што имал недозволена промена на тркало од страна на Сајмон Кларк, возач од друга екипа. Следниот ден, бегството повторно било успешно, овој пат победувајќи Илнур Закарин. Дванаесеттата етапа, со завршница на нагорнина, била освоена од Филип Жилбер.
Тринаесеттата етапа била освоена од Сака Модоло во спринт, но била одбележана од пад на 3,1 километар пред целта. Контадор, кој изгубил 40 секунди и Порт, кој изгубил дополнителни две минути, биле вклучени во падот. Розовата маичка преминала кај Ару, на радост на домашните обожаватели.
Четиринаесеттата етапа била единствениот поединечен хронометар на трката. На растојание од 59,4 километри бил долг тест и се покажал важен за генералниот пласман. Васил Кириенка ја освоил етапата, а Алберто Контадор бил најдобар помеѓу фаворитите, преземајќи ја розовата маичка од Фабио Ару и добивајќи значајно време пред соперниците. Ару изгубил повеќе од две и пол минути, а Ричи Порт доцнел повеќе од четири минути зад Шпанецот, губејќи ги сите шанси за победа на Џиро.[6][7] Следниот ден била првата етапа на Доломитите. Екипата на Ару, Астана, имале солиден настан на планинската завршница на Мадона ди Кампиљо, но не успеала да го оддалечат Контадор. Микел Ланда ја освоил етапата, Контадор бил трет, освојувајќи дополнителни седум секунди во однос на Ару. Ричи Порт, сè уште под ефект од падот, изгубил 27 минути и ја напуштил трката на последниот ден за одмор[8] додека Ригоберто Уран, по слабиот резултат на хронометарот, изгубил уште осум минути, со што ги изгубил шансите за подиумот.
Шеснаесеттата етапа била кралска етапа со пет алпски врвови, вклучувајќи ги Тонале, Мортироло и планинска завршница на Априка. Контадор имал импресивна потера на Мортироло откако доживеал проблем со гумата и заостанувајќи скоро минута зад групата на подножјето. Ланда ја освоил втората етапна победа по ред, додека Контадор го потврдил своето водство. Ару продолжил да се мачи, губејќи уште две минути во однос на Контадор и паднал на третото место, зад неговиот колега, Ланда. Сака Модоло ја освоил седумнаесеттата етапа во Лугано, единствената точка во странство на Џиро.
Во текот на осумнаесеттата етапа, Филип Жилбер ја обезбедил својата втора етапна победа од бегство по долгиот спуст од последното искачување, на кое имало напад од Контадор и од Рајдер Хесједал, кои добиле минута во однос на своите соперници. Во текот на следниот ден, кој имал три искачувања од прва категорија, вклучувајќи го завршното искачување на Червинија, Ару, по мачењето на претходните планински етапи, стекнал сила и ја освоил етапата. Исто така, го повратил второто место во генералниот пласман, откако Ланда и Контадор завршиле во група со неколку други фаворити со повеќе од една минута зад Ару. Дваесеттата етапа го имала последниот врв на целта и последна планинска етапа на Џиро, завршувајќи на Сестриере, по поминувањето „Чима Копи“ на трката, Коле деле Финестре. Ару ја освоил својата втора етапа по ред, откако Контадор отпаднал на Коле деле Финестре. Изгубил 2' 25" во однос на Ару и околу две минути во однос на другите фаворити, но сепак успеал да ја одбрани розовата маичка.
Последната етапа била традиционално во Милано. Иако, се очекувало да заврши во спринт, бегство од двајца возачи успеало до крајот и Илјо Кејсе ја освоил етапата. Предводниците од четирите пласмани завршиле кратко потоа, во главната група, за обезбедување на нивните победи и традиционалното доделување на наградите кратко по трката.
Поредок
[уреди | уреди извор]На Џиро д’Италија 2015 се доделуваат четири различни маички. Во генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси (10, 6 и 4 секунди соодветно) за првите тројца велосипедисти на етапите, предводникот ја добива розовата маичка. Овој пласман се смета за најважен на Џиро д’Италија 2015 и победникот на овој пласман се смета за победник на трката.[9]
Дополнително, постои и бодовен пласман, кој се наградува со црвената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови доколку завршат на некое од првите петнаесет места на етапите. До пред две години, видот на етапата немала никаков удел во расположливите бодови — на секоја етапа можеле да се освојат исти бодови во ист сооднос. Од минатата година, етапите се поделени во пет категориии и за секоја категорија постои одреден број на бодови кои можат да се освојат за бодовниот пласман.[9] Рамните етапи носат повеќе бодови од планинските етапи, означувајќи дека овој пласман ќе биде во корист на спринтерите. Дополнително, бодови може да се освојуваат и на средните спринтови.
Постои и планински пласман каде се доделува сината маичка. Во планинскиот пласман, бодовите се добиваат доколку велосипедистите се искачат на врвот на некое искачување пред другите велосипедисти. Секое искачување е категоризирано како прва, втора, трета и четврта категорија, каде за повисоките категории постојат повеќе бодови. На „Чима Копи“, највисоката точка на трката, се доделуваат уште повеќе бодови отколку на оние искачувања од прва категорија.[9] Со 2.178 метри, „Чима Копи“ за 2015 година ќе биде неасфалтираниот врв Коле деле Финестре.
Четвртата маичка го претставува пласманот за млад возач каде се доделува бела маичка. Овој пласман се смета на истиот начин како генералниот, но тука влегуваат во игра само возачите родени по или на 1 јануари 1990 година.[9]
Постојат два пласмани за екипите. Во пласманот Трофеј Брза екипа се сметаат времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа; водечката екипа е екипата со најниско вкупно време. Пласманот Трофеј Супер екипа претставува екипен бодовен пласман, каде најдобрите 20 возачи на секоја етапа заработуваат бодови (20 за првото место, 19 за второто, 18 за третото итн., сè до еден бод за 20. место) за нивната екипа.[9]
- Забелешки
- На етапите 3 и 4, Естебан Чавес, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Мајкл Метјус (на првото место) ја носел розовата маичка како предводник во генералниот пласман.
- На етапата 14, Давиде Формоло, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Фабио Ару (на првото место) ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман that stage.
Пласмани
[уреди | уреди извор]Легенда | |||
---|---|---|---|
Го означува предводникот во генералниот пласман | Го означива предводникот во планинскиот пласман | ||
Го означува предводникот во бодовниот пласман | Го означува предводникот во пласманот за млад возач |
Генерален пласман[уреди | уреди извор]
Бодовен пласман[уреди | уреди извор]
Планински пласман[уреди | уреди извор]
Пласман за млад возач[уреди | уреди извор]
Трофеј Брза екипа[уреди | уреди извор]
Трофеј Супер екипа[уреди | уреди извор]
Помали пласмани[уреди | уреди извор]Постојат и други помалку познати пласмани, чии предводници не добиваат специјална маичка на Џиро. Овие награди се пресметуваат на бодови собрани во текот на трите недели на трката. На секоја етапа има два средни спринтови. Средните спринтови носат бонус секунди за генералниот пласман, бодови за бодовниот пласман и бодови за пласманот на средни спринтови. Овој пласман бил познат со разни имиња во претходните години и претходно бил и временски пресметуван. Предводен е од Италијанецот Марко Бандиера. Премио дела Фуга (Premio della Fuga) ги наградува возачите кои учествуваат во бегствата пред главната група. Секој возач во бегство со десет или помалку возачи добива еден бод за секој изминат километар во кој групата не била достигната. Моментално, Никола Боем е предводник на пласманот. Други награди се комбинираниот пласман, кој претставува збир на бодови добиен со собирање на местата на возачот во средните спринтови, планинските премини и етапните завршници. Овој пласман, како и тој за средните спринтови, е предводен од Боем. Пласманот Аѕури д’Италија е заснован на завршниот поредок, но бодови добиваат само најдобрите тројца на секоја етапа. Предводен е од Германецот Андре Грајпел. Пласманот „Енергетска награда“ бил воведен оваа година и носел бодови на возачот со најбрзо време во последните 3 километри, така најбрзиот добивал 4 бода, второпласираниот 2 бода и еден бод добивал третиот најбрз возач. Предводник на овој пласман е Фабио Фелине. Екипите исто така учествувата во пласманот фер-плеј, каде екипи добиваат казнени бодови за помали технички прекршоци. Досега, Астана е предводник во пласманот. Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|