Мехмед-паша Соколовиќ
Мехмед-паша Соколовиќ | |
---|---|
Голем везир на Османлиското Царство | |
На должноста 1565–1579 | |
Султан | Сулејман I Селим II Мурат III |
Претходник | Семиз Али-паша |
Наследник | Шемси Ахмед-паша |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1506 Босна, Османлиско Царство |
Починал(а) | 11 октомври 1579 (72-73) Цариград, Османлиско Царство |
Установа | Ендерун |
Професија | морски капетан |
Вероисповед | православие (подоцна ислам) |
Воена служба | |
Припадност | Османлиско Царство |
Род | Јаничар Отоманска морнарица |
Траење | 1541-1579 |
Битки/војни | Отоманско-венецијанска војна (1463–1479) Отоманско-унгарски војни Отоманско-хрватски војни |
Мехмед-паша Соколовиќ (турски: Sokollu Mehmet Paşa; околу 1505 — 11 октомври 1579) — Голем везир на Османлиското Царство во периодот од 1565 до 1579 година.
Животопис
[уреди | уреди извор]Мехмед е роден во Соколовиќи во близина на денешно Рудо од српски родители. Тој потекнувал од скромно овчарско семејство а неговото презиме било добиено според местото на неговото раѓање. Неговото родено име било Бајица а неговиот татко се викал Димитрије. Тој имал двајца браќа и една сестра, како и најмалку еден чичко. Во 1516 година по османлиската експедиција за зимање на деца како дел од девширме бил соберен и идниот визер.
Тој го прифатил името Мехмед и најпрвин престојувал во Едрене а подоцна во Цариград каде го добил своето образование во Топкапи-сарај. Во март 1535 година Мехмед бил испратен во Багдад заедно со Искендер Челебија. По погубувањето на Искендер тој се вратил во престолнината. Зборувал турски, српско-хрватски, персиски, арапски, италијански и латински.
Мехмед учествувал во Мохачката битка во 1526 година и во опсадата на Виена. Во 1546 година на Хајредин Барбароса загинал, а Мехмед бил назначен за негов наследник. Со таа улога бил во поморската експедиција во денешна Либија. За време на неговата петгодишна кариера на оваа позиција, Мехмед-паша значително ја подобрил османлиската флота.
Во 1551 година станал берлејбеј на Румелија со седиште во Софија. Во јуни 1565 година е назначен од султан Сулејман I (1520-1566) за голем везир, а при управувањето на неговиот син Селим II (1566-1574) власта во целина била управувана од него бидејќи султанот не се грижел за ова. Се оженил со Есмихан султан, ќерка на султанот Селим II[1].
Селим II починал на 12 декември 1574 година а неговиот син станал султан Мурат III (1574-1595), кој исто така не пројавил интерес за државните дела, но за разлика од својот татко тој немал таква доверба кон Соколовиќ, чие влијание и власт започнале да слабеат, иако ја задржил функцијата на голем везир.
На 11 октомври 1579 година во Цариград големиот везир бил нападнат од дервиш и убиен.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Imamović, Mustafa (1996). Historija Bošnjaka. Sarajevo: BZK Preporod. ISBN 9958-815-00-1
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Семиз Али-паша |
Голем везир на Османлиското Царство 28 јуни 1565 – 11 октомври 1579 |
Наследник Шемси Ахмед-паша |
|
- Починати во Цариград
- Големи везири на Отоманското Царство
- Паши
- Големи везири на Отоманското Царство од 16 век
- Отоманска Србија
- Босански отомански везири
- Данок во крв
- Јаничари
- Отомански управители на Румелија
- Срби во Босна и Херцеговина
- Атентати во Отоманското Царство
- Родени во 1506 година
- Починати во 1579 година