Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Ќосе Бахир Мустафа-паша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бахир Мустафа
Паша
Голем везир на Отоманското Царство
На должноста
12 јули 1752 – 17 февруари 1755
Монарх Махмуд I-Осман III
Претходник Дивитдар Мехмед-паша
Наследник Хекимоглу Али-паша
Голем везир на Отоманското Царство
На должноста
1 април 1756 – 3 декември 1756
Монарх Осман III
Претходник Јирмисекизаде Мехмед Саид-паша
Наследник Коџа Мехмед Рагип-паша
Голем везир на Отоманското Царство
На должноста
1 ноември 1763 – 30 март 1765
Монарх Мустафа III
Претходник Тевки Хамза Хамид-паша
Наследник Мухсинзаде Мехмед-паша
Лични податоци
Починал(а) 1765
Лезбос, Отоманско Царство
Националност Отоман

Ќосе Бахир Мустафа-пашаосманлиски голем везир. Неговиот епитет Ќосе значи „безобрад“. Тој бил познат и како Чорлулу Бахир Мустафа мислејќи на неговиот роден град Чорлу. Пред да биде голем везир бил имрахор („гувернер на кралските штали“).

Прв мандат

[уреди | уреди извор]

Тој бил назначен за голем везир од султанот Махмут I на 1 јули 1752 година. Но, султанот починал на 14 декември 1754 година. Новиот султан Осман III го разрешил од функцијата на 17 февруари 1755 година. Бил протеран во Мидили (Лезбос, сега грчки остров). Подоцна бил преместен во Мореја (денес во Грција). [1]

Втор мандат

[уреди | уреди извор]

Неговиот втор мандат како голем везир бил прилично краток. Тој бил назначен на 30 април 1756 година и бил разрешен на 3 декември 1756 година. Тој бил прогонет на Родос (денес грчки остров) Но, новиот голем везир Коџа Рагип-паша бил пријател на Бахир-паша и му помогнал да биде назначен на различни функции во Мидили и Егрибоз (Евбеја). На 11 јуни 1758 година бил назначен за гувернер на Египет, место кое го задржал до 1762 година. Иако бил назначен за гувернерот на Алеп (сега во Сирија), тој одбил да оди во Алеп.

Трет мандат

[уреди | уреди извор]

Неговиот последен мандат како голем везир започнал на 1 ноември 1763 година за време на владеењето на Мустафа III. Сепак, тој бил обвинет за корупција. Тој бил разрешен на 30 март 1765 година. Следниот месец бил погубен во Мидили.

  1. Ayhan Buz:Osmanlı Sadrazamları, ISBN 978-975-254-278-5, p.239–242