Гифхорн
Гифхорн | |
Старото Градско собрание во Гифхорн | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Гифхорн |
Градски единици | 6 |
Градоначалник | Матијас Нерлих (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 104,86 км2 |
Надм. височина | 50−68 м |
Население | 43.625 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 416 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | GF |
Пошт. бр. | 38501–38510, 38516, 38518 |
Повик. бр. | 05371 |
Портал | www.stadt-gifhorn.de |
Местоположба на градот Гифхорн во рамките на округот Гифхорн | |
Координати | 52°29′19″N 10°32′47″E / 52.48861° СГШ; 10.54639° ИГД |
Гифхорн (германски: Gifhorn) — град и административно седиште на истоимениот округ, во источниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Има население од околу 42.000 жители и е под влијание на блиската оддалеченост од поголемите градови, Брауншвајг и Волфсбург. Гифхорн претставува дел од метрополитенската област Хановер-Брауншвајг-Гетинген-Волфсбург.
Најстаро спомнување за постоењето на градот е од 1196 година.
Во градот се наоѓа Меѓународниот музеј за ветерници и воденици, кој содржи опфатна збирка и реплики на ветерници и воденици.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Градот се наоѓа помеѓу Хановер, Брауншвајг и Волфсбург, околу 20 километри северно од Брауншвајг и околу 15 километри западно од Волфсбург. Во градското подрачје, реката Изе се влева во Алер.
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Следниве општини се граничат со градот Гифхорн. Почнувајќи од север надесно се (сите во округот Гифхорн): Вагенхоф, Везендорф, Варенхолц, Засенбург, Калберла, Изенбител, Рибесбител, Лајферде, Миден и Умерн.
Градски единици
[уреди | уреди извор]Градот Гифхорн се состои од градското јадро со својот Стар град, како и местата Гамзен, Кешторф, Нојбокел, Вилше и Винкел.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Гифхорн бил првпат споменат во 1196 година. Бил сместен на преминот на две важни трговски патишта: „Солениот пат“ (Salzstraße) како главна рута за сол помеѓу Линебург и Брауншвајг и „Пченкарниот пат“ (Kornstraße) помеѓу Целе и Магдебург.
Образование
[уреди | уреди извор]Во градот се наоѓаат повеќе средни училишта и гимназии.
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Железничката станица во Гифхорн се наоѓа во јужниот дел на градот. Во близина на градот се пресретнуваат правците Б4 и Б188.
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Гифхорн е збратимен со следниве градови:
- Дамфрис, Обединето Кралство
- Гарделеген, Германија
- Гланфорд, Обединето Кралство
- Халсберг, Шведска
- Корсун-Шевченкивски, Украина
- Ксанти, Грција
- Злотов, Полска
Личности
[уреди | уреди извор]- Хајнрих Дециматор (околу 1544-по 1615) — свештеник, автор на универзалниот речник
- Торстен Хајнс (р. 1957) — менаџер
- Ана Монтанаро (р. 1973) — глумица
- Кај-Зелве Рихтер (р. 1974) — новинар
- Катарина Мари Шуберт (р. 1977) — глумица
- Фабијан Клос (р. 1987) — фудбалер
- Зента-Софија Делипонти (р. 1990) — глумица и пејачка
- Бјарне Телке (р. 1992) — фудбалер
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Дворец на ѕвона, културен институт
-
Црквата во Гифхорн
-
Новото Градско собрание
-
Музеј на ветерници и воденици
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ § 4 Absatz 1 der Hauptsatzung der Stadt Gifhorn vom 30. Januar 2012, abgerufen am 1. Oktober 2014 (PDF, 214,09 KiB)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Гифхорн на Ризницата ?
- Матична страница (германски)
- Меѓународен музеј на воденици (германски)
|
Оваа статија за место во Долна Саксонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |