Вишени
Вишени Βυσσινιά | |
---|---|
Координати: 40°37′N 21°20′E / 40.617° СГШ; 21.333° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски округ |
Општина | Костур |
Општ. единица | Вич |
Надм. вис. | 900 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 135 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Вишени (грчки: Βυσσινιά, Висинија, до 1927 Βύσανη, Висани)[2] — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 13 километри северно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Пополе во јужните делови на Нередска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 900 метри.
Историја
[уреди | уреди извор]Во отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население било споменато дека селото има 24 глави на семејства и четири неженети: Бојко, папа Јорг, Рајко, Никола, Јорг, Димо, Драгија, Тодор, Димитри, Јано, Ставро, Алекса, Иверко, Петко, Дидое, Тодор, Михо, Јанкос, Леко, Јоргич, Дабижив, Андронико, Михо, Јорг, Дабижив, Андронико, Михо и Јорг, и пет вдовици Трајана, Кала, Влада, Стана и вдовицата на Дидое. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 1.920 акчиња[3].
Во селото во текот на 80-те години на XIX век биле изградени две цркви - „Свети Николај“ (1884) и „Свети Атанас“ (1886)[4], како и едно училиште[5].
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Вишени се состоело од 80 семејства со 100 жители муслимани и 180 Македонци[6][7] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Вишени имало 1.150 жители Македонци[6][8].
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Вишени се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 160 куќи.[9]
Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало четири пати од страна на османлиските војски. Според писмото на водачите на востанието во Костурско, Васил Чекаларов, Лазар Поптрајков, Пандо Кљашев, Манол Розов и Михаил Розов, кое било испратено до сите странски конзулати во Битола на 30 август 1903 година, во селото биле опожарени 170 куќи,[10] додека биле убиени Дине Ишков (65 г.), Гиле Сотиров (73), Сидо Бакрачев (81), поп Кочо (70), Коле Лејка (60) и Дино Калков (85)[10] Според друг извор биле изгорени 172 од 186 куќи[11].
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1.280 Македонци и работело егзархиско училиште[6][12]. Според грчката статистика од 1905 година селото било чисто македонско со 950 жители. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 170 македонски семејства[13]. Во 1905 година селото настрадало од грчки андартски напади.[14]
Во мај 1908 година Георгиос Диконимос го нападнал Вишени, во текот на нападот биоле убиени 9 жени, 4 мажи, а три други жени биле тешко ранети[15], по овој напад Диконимос ја напуштил Македонија.
Во текот на Втората балканска војна, селото настрадало и било окупирано од страна на грчките војски[16].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1060 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 700 жители. Во 1927 година, селото било преименувано во Висинија.[17] Во текот на Првата светска војна, според официјалните бугарски документи, 14 жители се засолниле во Бугарија, додека 29 заминале во Бугарија по 1919 година. Во селото имало 29 политички убиства.[18].
Во текот на Втората светска војна, селото настрадало од страна на италијанските окупатори[19]. Во 1945 година биле регистрирани 650 Македонци. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале во Македонија или во социјалистичките земји од Источна Европа. 159 деца од селото биле протерани како деца бегалци[18]
По крајот на војната започнала масовна емиграција од селото кон Австралија, САД и Канада. Поради ова, бројот на населението започнал да се намалува.
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 1928 година селото броело 642 жители.[20], додека во 1940 година селото броело 684 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 472 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 267 жители, во 1971 година имало 260 жители, во 1981 година имало 229 жители, додека во 1991 година имало 157 жители[21]. Денеска, населението на селото е 135 жители според пописот од 2001 година.
Година | 1878 | 1886 | 1900 | 1913 | 1920 | 1928 | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 960[22] | 1.000[23] | 1150 [24] | 960[25] | 700[26] | 642[27] | 684[28] | 472[29] | 267 | 260 | 222 | 157 | 135 |
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во Вишени
- Анастас Дамјанов (1888 - ?)[30]
- Анастас Стумбов
- Аргир Лебамов[31]
- Васил Ишков (? - 1961)
- Васил Стумбов
- Георги Апостоловски (1855 - 1922)[32]
- Георги Калков (1916-1948)
- Георги Христов - Драшка[33][34]
- Григор Бакрачев (1878 - 1963)
- Дамјан Кузев[35]
- Дамјан Марков (1858 - 1941)[36]
- Дамјан Попхристов (1888 - 1964)
- Димитар Силјанов[37]
- Евтим Михајлов[38]
- Иван Апостоловски (ок. 1853 - ?)
- Јото Рашајков
- Никола Рашајков (1867 - 1902)
- Панајот Милошев (1927 - 1949)[39]
- Пандо Иванов (1890 - ?)[40]
- Спасо Гергевски[41]
- Спиро Хаџиев (1873 - ?)
- Тома Бакрачев (1877 - 1951)
- Тома Христов
- Трпен Марков (1879 - 1903)
- Христо Талев[42]
- Починати во Вишени
- Ване Христов (? - 1904)
- Никола Рашајков (1867 - 1902)
- Лазар Москов (1877 - 1902)
- Петар Малков (? - 1908)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Οξυά
- ↑ Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 101
- ↑ Сайт на бившия ном Костур.
- ↑ Македонски Алманах, Индианополис, 1940 г., стр. 47
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 97.
- ↑ 10,0 10,1 Чекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 година, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001, стр. 294.
- ↑ Илюстрация Илинден, бр.139, стр. 13
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 180-181
- ↑ Бистрицки. Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7.
- ↑ Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том II, София, 1993, стр. 220.
- ↑ Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 272-273.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 6.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ 18,0 18,1 „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Vissinia“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-12.
- ↑ Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-12.
- ↑ A. Synvet, Les Grecs de l'Empire ottoman: Etude statistique et ethnographique, Κωνσταντινούπολη, 1878, σελ. 55. Предлошка:Pdf (француски)«960 χριστιανοί ορθόδοξοι»]
- ↑ Βέσσανη Καστορίας«Χωρίον έχον 1.000 χριστιανούς, εκκλησίαν, σχολείον αρρένων, κρήνη» [Σχινάς, 246]
- ↑ Вишени/ Костурска каза, 1.150 χριστιανοί Βούλγαροι [Кънчов 1900, 265] αν και το 1886 λειτουργούσε σχολείο αρρρένων [Σχινάς, 246]
- ↑ [Απαρίθμηση (1913), 40] «960 άτομα, 460 άρρενες και 500 θήλεις»
- ↑ Ελληνική απογραφή 1920: 241 άρρενες και 459 θήλεις, 175 οικογένειες σελ. ξ' Πίνακας 2*
- ↑ Ελληνική απογραφή 1928, σελ. 287 Ομοδημότες 620, ετεροδημότες 22, δημότες που απογράφτηκαν αλλού 17. Υπήρχαν δύο άρρενες πρόσφυγες που ήρθαν μετά το 1922
- ↑ Ελληνική απογραφή 1940: πραγματικός πληθυσμός 684, νόμιμος πληθυσμός 669
- ↑ Ελληνική απογραφή 1951 σελ. 271
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 197.
- ↑ Македонски Алманах, Индианополис, 1940, стр. 223.
- ↑ „Парцел 34“. София помни. Посетено на 2016-03-03.
- ↑ Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 38
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна Македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 179.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 391.
- ↑ Биография на Търпен Марков сайта на ВМРО-БНД[мртва врска]
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 610.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 458.
- ↑ „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2016-03-12.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 294.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 33.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 688.
|