Нови Сад
Нови Сад Нови Сад Újvidék (унгарски) | |||
---|---|---|---|
Град | |||
Град Нови Сад Grad Novi Sad | |||
Збир на слики на Нови Сад (Црква името на Марија, Петроварадинска часовна кула, екуменската црква нашата пресветена Богородица, градската куќа, Петроварадиннската тврдина, Зградата на Матица српска, Плоштад на слободата, епископското седиште, Новосадката синагога) | |||
Прекар(и): „Српска Атина“ | |||
Држава | Србија | ||
Покраина | Војводина | ||
Округ | Јужна Бачка | ||
Општина | 2 | ||
Населен од Скордисци | IV пред н.е. | ||
Основан | 1694 | ||
Градски статус | 1 февруари 1748 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Милош Вучевиќ (СНС) | ||
• Владејачки партии | СНС/СДПС/СДО - СПС/ЕС - ЛСВ - СВУ | ||
Површина | |||
• Градска | 129,7 км2 (501 ми2) | ||
Ранг | 36-ти во Србија | ||
• Градска | 106,2 км2 (410 ми2) | ||
• Административна | 702,7 км2 (2,713 ми2) | ||
Надм. вис. | 80 м | ||
Население (2011)[1] | |||
• Ранг | 2-ри во Србија | ||
• Градскo | 277,522 | ||
• Градска | 0,21/км2 (0,55/ми2) | ||
• Градска | 250,439 | ||
• Градска густина | 0,24/км2 (0,61/ми2) | ||
• Административна | 341,625 | ||
• Административна густина | 0,049/км2 (0,13/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски код | 21000 | ||
Обласен код | +381(0)21 | ||
Регистарски таблички | NS | ||
Мреж. место | www.novisad.rs |
Нови Сад (срп. Нови Сад/Novi Sad, унг. Újvidék, словач. Nový Sad, гер. Neusatz (an der Donau), лат. Neoplanta) е главен град на северната српска покраина Војводина и административен центар на Јужно-бачкиот округ. Нови Сад е поврзан со предградијата Сремска Каменица и Петроварадин, кои заедно со 13 други населени места (меѓу кои, Футог, Ветерник, Лединци и Буковац) се дел од новосадската општина.
Нови Сад е втор по големина град во Србија, по Белград. На најновиот попис од 2011, градот има урбано население од 277.522, додека населението на општината е 341.625. Градот се наоѓа на границата помеѓу регионите Бачка и Срем, на брегот на реката Дунав и каналот Дунав-Тиса-Дунав, притоа гледајќи на северните падини на планината Фрушка Гора. Надморската височина на рамничарскиот дел на градот е од 72 до 80 метри, а градот се наоѓа помеѓу 1.252 и 1.262 километар од течението на Дунав.
Уште од формирањето во 1694, Нови Сад е центар на српската култура и го добил прекарот Српска Атина. Денес, Нови Сад е голем индустриски и финансиски центар на српската економија, а исто така е еден од најголемите градежни локации во регионот.
Име
[уреди | уреди извор]Во Нови Сад покрај српскиот јазик официјално се користат и унгарскиот, словачкиот и панонскорусинскиот јазик.[2] Името на градот на тие јазици гласи Újvidék (унгарски),[3][4] Nový Sad (словачки)[3] и Нови Сад (русински).[5] На други јазици кои се од историско значење за Нови Сад, името гласи Neoplanta (латински),[3] Neusatz[3] или Neusatz an der Donau[4] (германски), Novi Sad (хрватски), Novi Sad (романски) и Млада Лоза (бугарски).[6]
Низ историјата, градот бил нарекуван Рацко (Српско) село, Рацка варош, Рацки град (Ratzen Stadt, Ratzenstatt) и Петроварадински шанац (Peterwardeiner Schantz), додека името Нови Сад (Neoplanta, Neusatz, Újvidék) датира од 1748 година.[7][8]
Географија
[уреди | уреди извор]Нови Сад се наоѓа на Војводина, на север од Србија, на граница со Бачка и Срем. Градот лежи на брегот на реката Дунав, и зафаќа 1252 до 1262 километри од речниот тек. Кај Нови Сад од левата страна во Дунав се влева „Мали бачки канал“, кој е дел од системот Канал Дунав—Тиса—Дунав. Бачкиот дел на градот е сместен од двете страни на овој канал. Со 15 приградски населби, општинското подрачје на градот Нови Сад опфаќа површина од 702,7 км2, додека потесното подрачје на Нови Сад заедно со Петроварадин и Сремска Каменица зазема површина од 129,4 км2.
, во централниот дел на покраинатаНиз градот минува сообраќајниот коридор бр. 10 кој на својот основен правец од Салцбург до Солун поврзува осум држави. Коридорот бр. 7 или Дунавски коридор преку Дунав ги поврзува земјите од западна Европа со Црно Море.[9]
Клима
[уреди | уреди извор]Климата во Нови Сад е умерено континентална и континентална, со што градот ги има сите четири годишни времиња. На есен и во зима дува студениот ветер кошава, кој обично трае од три до седум дена. Просечната температура на воздухот во градот е 10,9 °C, средната температура во јануари е −1 °C, додека во јули е 21,6 °C. Годишно во просек има 578 mm врнежи на дожд, а бројот на денови со врнежи е 122.
Климатски податоци за Римски Шанчеви, Нови Сад (1981—2010, екстреми 1948—денес) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 18.9 (66) |
22.4 (72.3) |
30.0 (86) |
31.5 (88.7) |
34.2 (93.6) |
37.6 (99.7) |
41.6 (106.9) |
40.0 (104) |
37.4 (99.3) |
30.1 (86.2) |
26.9 (80.4) |
21.0 (69.8) |
41.6 (106.9) |
Прос. висока °C (°F) | 3.7 (38.7) |
6.1 (43) |
12.0 (53.6) |
17.7 (63.9) |
23.0 (73.4) |
25.8 (78.4) |
28.1 (82.6) |
28.3 (82.9) |
23.6 (74.5) |
18.0 (64.4) |
10.5 (50.9) |
4.8 (40.6) |
16.8 (62.2) |
Сред. дневна °C (°F) | 0.2 (32.4) |
1.6 (34.9) |
6.4 (43.5) |
11.8 (53.2) |
17.3 (63.1) |
20.1 (68.2) |
21.9 (71.4) |
21.6 (70.9) |
16.9 (62.4) |
11.8 (53.2) |
5.9 (42.6) |
1.5 (34.7) |
11.4 (52.5) |
Прос. ниска °C (°F) | −3.1 (26.4) |
−2.4 (27.7) |
1.5 (34.7) |
6.2 (43.2) |
11.3 (52.3) |
14.1 (57.4) |
15.5 (59.9) |
15.3 (59.5) |
11.4 (52.5) |
6.9 (44.4) |
2.2 (36) |
−1.5 (29.3) |
6.5 (43.7) |
Најниска забележана °C (°F) | −30.7 (−23.3) |
−28.6 (−19.5) |
−19.9 (−3.8) |
−6.2 (20.8) |
−0.4 (31.3) |
0.2 (32.4) |
5.4 (41.7) |
6.9 (44.4) |
−1.6 (29.1) |
−6.4 (20.5) |
−13.8 (7.2) |
−24.0 (−11.2) |
−30.7 (−23.3) |
Прос. врнежи мм (ин) | 39.1 (1.539) |
31.4 (1.236) |
42.5 (1.673) |
49.2 (1.937) |
63.0 (2.48) |
91.4 (3.598) |
64.3 (2.531) |
57.5 (2.264) |
53.8 (2.118) |
52.7 (2.075) |
53.8 (2.118) |
48.8 (1.921) |
647.3 (25.484) |
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0.1 mm) | 12 | 10 | 11 | 12 | 13 | 12 | 10 | 9 | 10 | 9 | 11 | 13 | 132 |
Прос. бр. снежни денови | 6 | 7 | 3 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 6 | 24 |
Прос. релативна влажност (%) | 85 | 79 | 71 | 67 | 66 | 69 | 68 | 68 | 72 | 76 | 82 | 86 | 74 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 64.8 | 99.0 | 156.4 | 190.1 | 250.8 | 269.4 | 303.6 | 285.8 | 205.7 | 158.9 | 92.4 | 58.4 | 2.135,3 |
Извор бр. 1: РХМЗ Србије[10] | |||||||||||||
Извор бр. 2: Meteo Climat (макс. и мин. екстреми)[11] |
Историја
[уреди | уреди извор]Стари населби
[уреди | уреди извор]Освен трагите најдени од сите епохи околу Петроварадинската тврдина, постојат наоѓалишта кои покажуваат дека постојано се основале населби во овој реон. Така на местото Темеринска петља, каде имало ископување во 1981 година, најдени се остатоци од разни временски периоди, од палеолит до денес, констатирано е постоење на некропола од старчевачката култура и најдени се траги на големо средновековно село. На улицата „Јанко Чмелик“ 36 во праисториска остава најдени се фалсификувани монети со ликот на Александар Македонски, а се претпоставува дека фалсификатори биле Келтите. На местото на денешната нова зграда на Матица српска во текот на градежните работи во 1991 година биле пронајдени гробишта од бронзено време, дел од словенска населба и христијански гробишта.
Во месноста Клиса-Барутана најдени се артефакти кои се поврзуваат со бакарното време (3000—2000 години п.н.е.), кога дошло до појава на нови култури, односно степски номади, кои зборувале индоевропски јазици[12] и се доселиле од Источна Европа. Во 1 век од новата ера, на подрачјето на Бачка се доселило сарматското племе Јазиги, а пронајдените римски пари на подрачјето на Нови Сад сведочат за трговачките врски на Јазигите со Римјаните.
Првиот историски документ кој зборува за постоење на населби во овој регион е повелбата на угарскиот крал Бела IV од 1237 година, во која ѝ подарува на новата опатија во Белакута (средновековно утврдување на локација на денешната Петроварадинска тврдина) имот и села од страна на Бачка. На подрачјето на градот постоело средновековна населба Сент Мартон (или Ке Сент Мартон). Постоењето на оваа населба било потврдено со откривање на костур со воена опрема во 1961 година на улицата „Ватрослав Јагиќ“ 21.
Населбата Бистрица (Bistritz) каде живееле словенски народи, се споменува на повеќе карти од 16 и 17 век, но археолозите не можеле да најдат материјални докази за нејзиното постоење.[13]
Основање на градот
[уреди | уреди извор]Се смета дека населбата од која е основан градот била основана по изгонот на Турците од овие краишта, во 1694 година, или некоја година подоцна. Оваа населба била позната како Рацка варош (Raitzenstadt, Ratzen Stadt, односно Српски град) и Петроварадински Шанац, а подоцна, во 1748 година го добила името Нови Сад. Првите жители на населбата биле во најголем дел Срби, но имало и Германци, Евреи, Унгарци, Ерменци, Бугари, Власи и Грци, што се знае од голем број пронајдени архитектонски и културни споменици. Од 1702 година, населбата била во состав на хабсбуршката воена граница, а од 1708 година била седиште на бачката епархија. Според податоците од 1720 година, Рацка варош имала 112 српски домаќинства, 14 германски и 5 унгарски.[14]
Во 1748 година, богатите граѓани на Рацка варош (неколку Срби и двајца Германци) заминале во Виена, каде за 80.000 рајнски форинти од царицата Марија Терезија го купиле статусот „Слободен кралски град“. Откако станал слободен град, Нови Сад го добил денешното име. Поради статусот слободен град, Нови Сад доживеал голем развој и напредок, па така во шеесеттите години од 18 век имал околу 8.000 жители, претежно занаетчии и трговци. Со градот управувал магистрат на чело со судија и дванаесет сенатори.
Во првата половина на 19 век, Нови Сад бил најголем српски град.[15] Околу 1820 година градот имал околу 20.000 жители, од кои две третини биле Срби,[16] а денес најголемиот српски град, Белград, имал толкав број на жители дури после 1853 година.[15]
-
Нови Сад (Рацка варош) и Петроварадин, 1698 година
-
Карта на Нови Сад од 1745 година
-
Панорама на Нови Сад со понтонски мост, почеток на 19 век
-
Карта на Нови Сад од 1805 година
-
Нови Сад и Петроварадинската тврдина, прва половина на 19 век
Револуцијата од 1848 и 1849 година
[уреди | уреди извор]На 26 март 1848 година, во Нови Сад на собир била донесена петиција од 16 точки, што претставувала услов за самоуправна слобода на Србите во Унгарското Кралство, а во Сремски Карловци (13—15 мај 1848 г.) била прогласена автономна Српска Војводина, во чиј состав влегува Нови Сад. Новосадските Срби избрале делегација која на 8 април отишла во Пожун, да се договорат со Лајош Кошут за односите меѓу новата револуционерна унгарска влада и војводинските Срби. Договор не бил постигнат, туку на територијата на денешна Војводина почнала војна меѓу Србите и Унгарците, во која посебно настрадал Нови Сад. Градот бил бомбардиран од унгарската војска, и од над 2.800 згради и куќи, останале само околу 800, а населението се разбегало. Дури по дваесет години, на попис од 1870 година во Нови Сад имало 19.000 жители. До крајот на 19 век, етничкиот состав на градот се изменил, и од претежно српски град, станал мешан град. На пописот од 1880 година, 41,2% жители зборувале српски, а 25,9% унгарски јазик.[17] До 1910 година, процентот на говорители на српскиот јазик паднал на 34,52%, а говорителите на унгарски јазик станале побројни, 39,72%.[18] Многумина историчари ја оспоруваат точноста на овие резултати од пописот од 1910 година, затоа што не биле бележени етничката припадност ниту мајчиниот јазик, туку само „најчесто зборуваниот јазик“.[19]
Меѓу двете светски војни
[уреди | уреди извор]По капитулацијата на Австроунгарската монархија на 3 ноември 1918 година, Србите почнале да се организираат за преземање на власта во Нови Сад. Српскиот народен одбор упатил ултиматум на командантот на германските трупи да го напушти градот заедно со војниците на 8 ноември најдоцна до шест часот утрото. Ноќта меѓу 8 и 9 ноември, мандаторите на Српскиот народен одбор официјално ја презеле власта во Нови Сад од унгарскиот магистрат.[20] Кога било јавено дека српската војска на Кралството Србија доаѓа во Нови Сад, ја пречекале 400 коњаници во народна облека, кои носеле срспко знаме, што му го предале на мајорот Војислав Бугарски, како командант на единиците на српската војска, а на главниот градски плоштад бил приреден свечен пречек на војската. На 1 декември 1918 година било прогласено новото Кралство Југославија, а Нови Сад влегол како составен дел од Кралството Србија.
Втора светска војна
[уреди | уреди извор]За време на Втората светска војна, ноќта меѓу 11 и 12 април биле кренати во воздух два новосадски моста на Дунав, а ги урнала југословенската армија при повлекување од Бачка. Во градот се појавиле вооружени „Дунавски Шваби”, кои ги контролирале улиците и населбите. Во периодот од 11 април, па до окупацијата на градот, локалните Германци ги презеле сите институции во градот, а кога на 13 април во градот влегле унгарските војски, дел од населението ги пречекал со знамиња, цвеќе и музика. Веднаш по окупацијата, биле убиени голем дел Срби, односно на 14 и 15 април биле убиени околу 300 новосадски Срби, а до крајот на април уште околу 200.[21]
Во текот на четирите години од Втората светска војна, окупаторите убивале, палеле, стрелале и малтретирале претежно Срби и Евреи, а едно од масовните злосторства е „Новосадската рација“, спроведена во јануари 1942 година, кога биле убиени и фрлени под дунавскиот мраз 1.246 новосаѓани, по националност 809 Евреи, 375 Срби, 18 Унгарци, 15 Руси и 2 Панонски Русини, од кои 489 мажи, 415 жени, 177 возрасни и 165 деца.[22] Градот бил ослободен на 23 октомври 1944 година.
Во Нови Сад постоело движење на отпорот под водство на Комунистичката партија на Југославија, а во партизанските одреди и бригади учествувале 2.365 жители на Нови Сад, припадници на сите националности. За заслугите, Јосип Броз Тито на 7 мај 1975 година градот Нови Сад го одликувал со Орден на народен херој.
По војната
[уреди | уреди извор]По 1948 година, во Нови Сад повторно најбројни жители биле Србите (50,9%).[23] Градот почнал да се обновува, се отвориле нови фабрики, се изградиле нови булевари, згради и училишта, а во 1960 година бил основан и самостален Универзитет, во чиј состав имало девет факултети и неколку виши школи. Од 1980 година постои и новооснованата Војводинска академија на науките и уметностите.
На 6 октомври 1988 година, во Нови Сад биле организирани демонстрации, кои успеале да ја урнат тогашната војводинска влада. На демонстрантите им бил делен јогурт, а тие го фрлале на некои функционери, па поради ова, демонстрациите биле наречени „Јогурт револуција”.
По распадот на СФРЈ, Нови Сад станал дел од новата Сојузна Република Југославија во 1992 година.
За време на бомбардирањето во 1999 година од страна на НАТО, сите три моста на Дунав биле урнати, биле оштетени комуникациите, како и водоводниот и електричниот систем. Рафинеријата на нафта била речиси секојден бомбардирана, со што била предизвикана еколошка штета. Уништени биле и објекти на Радио-телевизија Војводина на Мишелук, а биле оштетени станбени, индустриски и други објекти во делови од градот.
По 2000 година во Нови Сада се интензивирала изградбата на станбени, деловни и други објекти, а бројот на жители во Нови Сад расте.
Демографија
[уреди | уреди извор]Етничкиот состав на населението според пописот од 2011 година е следниот: Срби (78,68%), Унгарци (3,88%), Хрвати (1,31%), Роми (1,26%), Црногорци (1,19%), Југословени (0,75%), Словаци (0,71%) и останати. Во градот живеат и 892 Македонци (0,35%).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на население, домаќинства и станови 2011: Споредбен преглед на бројот на жители во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 2002 and 2011, податоци по населени места“ (PDF). Републички завод за статистика на Република Србија, Белград. 2014. ISBN 978-86-6161-109-4. Посетено на 2014-06-27.
- ↑ „Jezici i pisma u službenoj upotrebi u statutima gradova i opština na teritoriji AP Vojvodine“. Pokrajinski sekretarijat za obrazovanje, upravu i nacionalne zajednice.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Novi Sad kroz istoriju“. Тржница Нови Сад.
- ↑ 4,0 4,1 „Нови Сад, Újvidék, Novi Sad, Nový Sad, Neusatz an der Donau“. Verein für Computergenealogie.
- ↑ „Руснаци у Сербиї“. Zavod za kulturu vojvođanskih Rusina.
- ↑ Потекло на името на градот Нови Сад[мртва врска]
- ↑ „ИСТОРИЈА НОВОГ САДА“. Град Нови Сад, званична презентација.
- ↑ „Istorija Novog Sada“. Visit Novi Sad. Архивирано од изворникот на 2014-09-23.
- ↑ Geografski podaci - Novi Sad
- ↑ „Monthly and annual means, maximum and minimum values of meteorological elements for the period 1981-2010 -Novi Sad“. Hydrometeorological Service of Serbia. Посетено на 1 мај 2018.
- ↑
- „Station Novi Sad“. Meteo Climat. Посетено на 1 мај 2018.
- ↑ Богдан Брукнер, Балкан и Средња Европа у праисторији — сличности и разлике у развоју, Нови Сад, 1992.
- ↑ Агнеш Озер, Живот и историја у Новом Саду, Нови Сад, 2005.
- ↑ Др Душан Ј. Поповић, Срби у Војводини, књига 2, Нови Сад. (1990). стр. 325.
- ↑ 15,0 15,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеautogenerated3
. - ↑ Јован Миросављевић, Нови Сад — атлас улица, Нови Сад, 1998.
- ↑ Енциклопедија Новог Сада, књига 25, Нови Сад, 2005.
- ↑ „Bács-Bodrog County“. Архивирано од изворникот на 2012-12-16. Посетено на 2019-01-10.
- ↑ A. J. P. Taylor, The Habsburg Monarchy 1809-1918, 1948.
- ↑ Велика свечаност поводом ослобођења града (Вечерње новости, 9. новембар 2013)
- ↑ Александар Вељић, Рација — заборављен геноцид, Београд. (2007). стр. 73.
- ↑ Звонимир Голубовић, Рација у Јужној Бачкој 1942. године, Нови Сад. (1992). стр. 147.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеautogenerated1
.
|
|
|