Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Калевишта

Координати: 40°28.22′N 20°57.44′E / 40.47033° СГШ; 20.95733° ИГД / 40.47033; 20.95733
Од Википедија — слободната енциклопедија
Калевишта
Καλή Βρύση
Калевишта is located in Грција
Калевишта
Калевишта
Местоположба во областа
Калевишта во рамките на Нестрам (општина)
Калевишта
Местоположба на Калевишта во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°28.22′N 20°57.44′E / 40.47033° СГШ; 20.95733° ИГД / 40.47033; 20.95733
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаНестрам
Општ. единицаАкритес
Надм. вис.&100000000000011800000001.180 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно9
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Калевишта (дијалектно: Калевишча грчки: Καλή Βρύση, Кали Вриси; до 1928 г. Καλέβιστα, Калевиста[2]) — село во Нестрамско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција. Сè до неговото растурање селото било наполно македонско.[3]

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 25 км југозападно од градот Костур. Лежи на надморска височина од 1.180 м во северното подножје на планината Алевица. Растојанието од последната куќа до албанската граница изнесува само 300 м. Има добра положба со панорамска глетка кон Костурската Котлина и долината на реката Девол во Албанија. Во северниот дел на селото тече потокот Рекичко (Ρακίτσκο), а во јужниот тече Коцоборе (Κοτσομπόρε).[4]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

Селото се спомнува во османлиски дефтер од 1530 г. како Калувиште со 16 семејства.[5]

Првата црква во селото е „Св. Атанасиј“, изградена во 1710 г., за што сведочи заѕиданата камена плоча.[4] На крајот на XIX век Калевишта било село во Рупишката нахија на Костурската каза. Традиционално селото гравитирало околу соседното големо село Јановени и се вбројува меѓу петте „јановенски села“.[3] Храмот „Св. Димитриј“ е подигнат во 1860[6] или во 1865 г. Селото имало 80-90 куќи и не надминувало 500 жители (70 семејства), кои се занимавале претежно со дрварство, земјоделство, ѕидарство и сточарство. Селото имало 150 хектари обработлива земја.[4] Жителите биле познати градители и като такви оделе на печалба во Горица (Корча), Костур, Солун и Лариса.[7]

Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите Калевиста (Καλέβιστα) имало 150 жители христијани.[8] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Калевишта имало 455 жители Македонци христијани.[9][10]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Калевишта е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 70 куќи.[11]

На почетокот на XX век жителите на Калевишта биле под врховенството на Цариградската патријаршија, и во него правела напори грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 400 македонци под патријаршијата и работело грчко училиште.[12]

Грчка статистика од 1905 г. вели дека селото имало 400 жители.[13] Според Георги Константинов Бистрицки Калевишта пред Балканските војни имало 75 македонски куќи.[14] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период вели дека Калевишта има 55 куќи на Македонци христијани.[15]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 443 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 368.[3]

Во 1928 г. селото е преименувано во Кали Вриси (во превод убава чешма).[16]

Во 1928 г. Калевишта имало 392 жители[3] од кои само еден грчки дојденец.[17] Во истата 1928 г. во селото е изградено првото основно училиште. Во 1920-тите во селото имало 4 чешми, 2 училишта, 2 цркви, 3 параклиса, 1 мелница за брашно, жандармерија и граничен премин.[4]

За време на Втората светска војна италијанската војска бомбардирала позиции во селото, наполно уништувајќи ги црквата „Св. Атанасиј“, училиштето и црквата „Св. Ахил“ на Алевица.[4] „Св. Ахил“ е изградена од селанецот Гине и уништена од Италијанците на 28 октомври 1940 г.[7]

За време на Граѓанската војна селото силно настрадало — загинале 25 жители, 174 лица пребегале во источноевропските земји, некои во НР Македонија, а останатите се раселиле во околните полски села.[3] 48 деца се изнесени од државата како деца-бегалци.[18]

По војната дел од жителите се вратиле во селото и го обновиле. Меѓутоа, во 1950-тите грчката власт насила го раселила.[3] Во 1953 г. неговиот атар е приклучен кон атарот на Ревани, а во 1961 г. е официјално отпишано.[3]

На почетокот на XXI век во селото имало околу 20 градби.[4] На пописот од 2001 г. во Калевишта се забележани 67 жители, но во 2011 г. селото немало ниеден жител.

Судбини на жителите

[уреди | уреди извор]

На овој список се имињата на главите на 65 семејства (351 лице) кои живееле во Калевишта во 1940 г. Даден е бројот на членови на секое семејство и што се случило со нив по Граѓанската војна. На списокот нема евиденција колку и кои лица потоа се доселиле во НР и СР Македонија, а кои засекогаш останале во странство (освен оние кои веднаш пребегале таму).

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 305 85 67 0 9
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности

[уреди | уреди извор]
  • Ахилеја Попјанев (1918 – 2014) — комунистички деец
  • Васил Христовски (1912 – 1948) — комунистички деец[20]

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Παπαϊωάννου, Αχιλλέα Ι (1994). Η Καλή Βρύση στο πέρασμα των αιώνων. Θεσσαλονίκη: Αυτοέκδοση.
  • Μιχάλης, Ράπτης Αλ (1997). Τα μαρτυρικά Γραμμοχώρια της Καστοριάς (Σλίμνιτσα, Μονόπυλο, Γιαννοχώρι, Λειβαδοτόπι, Καλή Βρύση). Αθήνα: Ιδιωτική Έκδοση.
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 23. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 „Ιστορία : Καλέβιστα“. Εξωραϊστικός Συλλογος Καληβρυσιωτών Η Αλεβίτσα. Посетено на 2 февруари 2021.
  5. Yeni, Harun (септември 2006). Demography and settlement in Paşa Sancağı Sol-Kol Region according to Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli Defteri dated 1530 : A Master’s Thesis (PDF). Ankara: Bilkent University. Department of History. стр. 110.
  6. „Άγιος Δημήτριος ο Μυροβλύτης (+ 26 Οκτωβρίου), ο αγαπημένος άγιος του φιλοχρίστου λαού της Καστοριάς“. Φως της Καστοριάς. 3 октомври 2013. Посетено на 20 август 2015.
  7. 7,0 7,1 „Δυτική Μακεδονία - Καστοριά - Φλώρινα - Καλή Βρύση - Διποταμία - Μεσόβραχος - Χιονάτο - Κομνηνάδες - Κρυσταλοπηγή - Γράμμος 7ο από 8“. Ελλάδος Περιήγηση. Посетено на 16 март 2021.
  8. Νικόλαος Σχινάς, Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας / Συνταχθείσαι υπό Νικολάου Θ. Σχινά ταγματάρχου του μηχανικού, Αθήναι, τόμοι 3, 1886. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Καστοριάς
  9. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  10. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 267. ISBN 954430424X.
  11. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
  12. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 180–181.
  13. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kali Vrisi Архивирано на 26 јули 2007 г..
  14. Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 8.
  15. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 17.
  16. Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  17. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kali Vrisi., Архивирано од изворникот на 26 јули 2007, Посетено на 2008-02-27
  18. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kali Vrisi., Архивирано од изворникот на 26 јули 2007, Посетено на 27 февруари 2008
  19. Села во Костурско - географија и историја (Τα χωριά της Καστοριάς - γεωγραφία της ιστορίας), Димитрис Литоксоу
  20. „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 21 март 2012. Посетено на 5 октомври 2011.