Калевишта
Калевишта Καλή Βρύση | |
---|---|
Координати: 40°28.22′N 20°57.44′E / 40.47033° СГШ; 20.95733° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Костурски |
Општина | Нестрам |
Општ. единица | Акритес |
Надм. вис. | 1.180 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 9 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Калевишта (дијалектно: Калевишча грчки: Καλή Βρύση, Кали Вриси; до 1928 г. Καλέβιστα, Калевиста[2]) — село во Нестрамско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам во областа Западна Македонија, Грција. Сè до неговото растурање селото било наполно македонско.[3]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа на 25 км југозападно од градот Костур. Лежи на надморска височина од 1.180 м во северното подножје на планината Алевица. Растојанието од последната куќа до албанската граница изнесува само 300 м. Има добра положба со панорамска глетка кон Костурската Котлина и долината на реката Девол во Албанија. Во северниот дел на селото тече потокот Рекичко (Ρακίτσκο), а во јужниот тече Коцоборе (Κοτσομπόρε).[4]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Селото се спомнува во османлиски дефтер од 1530 г. како Калувиште со 16 семејства.[5]
Првата црква во селото е „Св. Атанасиј“, изградена во 1710 г., за што сведочи заѕиданата камена плоча.[4] На крајот на XIX век Калевишта било село во Рупишката нахија на Костурската каза. Традиционално селото гравитирало околу соседното големо село Јановени и се вбројува меѓу петте „јановенски села“.[3] Храмот „Св. Димитриј“ е подигнат во 1860[6] или во 1865 г. Селото имало 80-90 куќи и не надминувало 500 жители (70 семејства), кои се занимавале претежно со дрварство, земјоделство, ѕидарство и сточарство. Селото имало 150 хектари обработлива земја.[4] Жителите биле познати градители и като такви оделе на печалба во Горица (Корча), Костур, Солун и Лариса.[7]
Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите Калевиста (Καλέβιστα) имало 150 жители христијани.[8] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Калевишта имало 455 жители Македонци христијани.[9][10]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Калевишта е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 70 куќи.[11]
На почетокот на XX век жителите на Калевишта биле под врховенството на Цариградската патријаршија, и во него правела напори грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 400 македонци под патријаршијата и работело грчко училиште.[12]
Грчка статистика од 1905 г. вели дека селото имало 400 жители.[13] Според Георги Константинов Бистрицки Калевишта пред Балканските војни имало 75 македонски куќи.[14] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период вели дека Калевишта има 55 куќи на Македонци христијани.[15]
Во Грција
[уреди | уреди извор]За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 443 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 368.[3]
Во 1928 г. селото е преименувано во Кали Вриси (во превод убава чешма).[16]
Во 1928 г. Калевишта имало 392 жители[3] од кои само еден грчки дојденец.[17] Во истата 1928 г. во селото е изградено првото основно училиште. Во 1920-тите во селото имало 4 чешми, 2 училишта, 2 цркви, 3 параклиса, 1 мелница за брашно, жандармерија и граничен премин.[4]
За време на Втората светска војна италијанската војска бомбардирала позиции во селото, наполно уништувајќи ги црквата „Св. Атанасиј“, училиштето и црквата „Св. Ахил“ на Алевица.[4] „Св. Ахил“ е изградена од селанецот Гине и уништена од Италијанците на 28 октомври 1940 г.[7]
За време на Граѓанската војна селото силно настрадало — загинале 25 жители, 174 лица пребегале во источноевропските земји, некои во НР Македонија, а останатите се раселиле во околните полски села.[3] 48 деца се изнесени од државата како деца-бегалци.[18]
По војната дел од жителите се вратиле во селото и го обновиле. Меѓутоа, во 1950-тите грчката власт насила го раселила.[3] Во 1953 г. неговиот атар е приклучен кон атарот на Ревани, а во 1961 г. е официјално отпишано.[3]
На почетокот на XXI век во селото имало околу 20 градби.[4] На пописот од 2001 г. во Калевишта се забележани 67 жители, но во 2011 г. селото немало ниеден жител.
Судбини на жителите
[уреди | уреди извор]На овој список се имињата на главите на 65 семејства (351 лице) кои живееле во Калевишта во 1940 г. Даден е бројот на членови на секое семејство и што се случило со нив по Граѓанската војна. На списокот нема евиденција колку и кои лица потоа се доселиле во НР и СР Македонија, а кои засекогаш останале во странство (освен оние кои веднаш пребегале таму).
Семејствата во Калевишта во 1940 г. и нивните судбини по Граѓанската војна[19] | ||
---|---|---|
Глава | Членови | Судбина |
Паљо Кирјаковски | 6 | 1 загинал, 1 останал во Грција, 4 пребегале во Источна Европа |
Васил Костандинов | 5 | 4 пребегале во Унгарија, 1 во Романија |
Хараламб Гершов | 1 | во 1948 г. пребегал во Источна Европа, а во 1958 г. се преселил во Америка |
Васил Јановски | 8 | 1 останал во Грција, 6 пребегале во Унгарија, 1 пребегал во СССР |
Поп Јане | 10 | 5 останале во Грција, 5 пребегале во СССР |
Нико Карабина | 3 | 1 загинал, 2 останале во Грција |
Христо Карабина | 9 | останале во Грција |
Јани Мавровски | 7 | останале во Грција |
Никола Чугов | 5 | 2 загинале, 2 останале во Грција, 1 пребегал во полска |
Ваноница Чугова | 3 | останале во Грција |
Илија Мавровски | 7 | останале во Грција |
Стефановица Велјовска | 5 | 2 загинале, 2 останале во Грција, 1 пребегал во Чехословачка |
Михо Велјовски | 7 | пребегале во Романија |
Фоти Велјовски | 4 | пребегале во Романија |
Аристиди Кочовски | 4 | 1 останал во Грција, 2 пребегале во Унгарија, 1 пребегал во СССР |
Христо Кочовски | 6 | 1 загинал, 1 останал во Грција, 4 пребегале во Чехословачка |
Анастасија Кочовски | 5 | 3 пребегале во Романија, 1 пребегал во НР Македонија, 1 пребегал во СССР |
Панајот Кочовски | 7 | останале во Грција (се преселиле во Солун) |
Панајот Нановски | 6 | 6 пребегале во Романија, 1 пребегал во СССР |
Лаки Кочовски | 1 | останал во Грција (се преселил во Солун) |
Сотир Кочовски | 2 | останале во Грција (се преселиле во Лариса) |
Софија Кочовска | 2 | 1 останал во Грција, 1 пребегал во Романија |
Тодор Кочовски | 5 | останале во Грција |
Васил Дуловски | 7 | 2 останале во Грција, 4 пребегале во Романија, 1 пребегал во Унгарија |
Пандо Дуловски | 4 | 2 загинале, 2 пребегале во Унгарија |
Ѓорѓи Велјовски | 9 | 1 загинал, 2 останале во Грција, 6 пребегале во Романија |
Христо Јановски | 13 | 5 останале во Грција, 8 пребегале во Романија |
Димитрула Жутовска | 4 | 3 останале во Грција, 1 пребегал во СССР |
Зисо Дуловски | 8 | 1 загинал, 2 останале во Грција, 4 пребегале во Унгарија, 1 пребегал во СССР |
Никола Дулов | 5 | останале во Грција (се преселиле во Солун) |
Коста Фишеов | 7 | 1 загинал, 6 останале во Грција |
Јани Мавровски | 6 | пребегале во Источна Европа |
Депа Мавровска | 5 | останале во Грција |
Сотир Паљунков | 3 | 1 загинал, 2 пребегале во Унгарија |
Анастас Паљунков | 3 | 1 починал, 2 пребегале во НР Македонија |
Костадина Фишеова | 6 | 1 загинал, 4 пребегале во Унгарија, 1 пребегал во СССР |
Васил Димитровски | 5 | пребегале во Источна Европа |
Сотир Димитровски | 4 | 1 останал во Грција, 3 пребегале во Романија |
Илјо Димитровски | 6 | пребегале во Источна Европа |
Сотир Георгиев Димитровски | 2 | останале во Грција |
Христо Георгиев Димитровски | 3 | останале во Грција |
Мичо Георгиев Димитровски | 5 | останале во Грција |
Пандо Димитровски | 3 | останале во Грција |
Панајот Димитровски | 9 | останале во Грција |
Мита Дараваркина | 1 | пребегала во Романија |
Кољо Димитровски | 7 | останале во Грција |
Димитар Кочовски | 3 | останале во Грција |
Леско Петков | 3 | пребегале во СССР |
Васил Зековски | 5 | се преселиле во Австралија |
Томе Фиљовски | 9 | 1 загинал, 3 останале во Грција, 3 пребегале во Унгарија, 2 пребегале во СССР |
Ѓорѓи Гершов | 6 | 2 починале, 1 загинал, 1 останал во Грција, 1 се преселил во Бразил, 1 пребегал во Чехословачка |
Серафим Јованов | 6 | 5 останале во Грција, 1 пребегал во НР Македонија |
Анасатас Јованов | 10 | 8 останале во Грција, 1 пребегал во НР Македонија, 1 пребегал во Романија |
Пандо Јованов | 2 | 1 починал, 1 пребегал во Унгарија |
Кољо Ѓумов | 2 | 1 останал, 1 пребегал од Грција |
Сократ Шапкаров | 5 | пребегале во Полска |
Анастас Шапкаров | 6 | пребегале во Романија |
Доновица Шапкарова | 4 | 2 останале во Грција, 2 пребегале во Полска |
Леско Шапкаров | 5 | пребегале во Источна Европа |
Кирјазица Шапкарова | 3 | 1 загинал, 2 пребегале во НР Македонија |
Костадина Шапкарова | 6 | 1 загинал, 5 останале во Грција |
Илија Киров | 7 | 2 загинале, 1 останал во Грција, 2 пребегале во Романија |
Пандо Киров | 4 | 3 пребегале во Унгарија, 1 пребегал во СССР |
Наум Киров | 7 | 2 загинале, 5 останале во Грција |
Спиро Костопоров | 7 | 2 загинале, 5 пребегале во Романија |
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 305 | 85 | — | — | — | — | 67 | 0 | 9 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
[уреди | уреди извор]- Ахилеја Попјанев (1918 – 2014) — комунистички деец
- Васил Христовски (1912 – 1948) — комунистички деец[20]
Литература
[уреди | уреди извор]- Παπαϊωάννου, Αχιλλέα Ι (1994). Η Καλή Βρύση στο πέρασμα των αιώνων. Θεσσαλονίκη: Αυτοέκδοση.
- Μιχάλης, Ράπτης Αλ (1997). Τα μαρτυρικά Γραμμοχώρια της Καστοριάς (Σλίμνιτσα, Μονόπυλο, Γιαννοχώρι, Λειβαδοτόπι, Καλή Βρύση). Αθήνα: Ιδιωτική Έκδοση.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 23. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 „Ιστορία : Καλέβιστα“. Εξωραϊστικός Συλλογος Καληβρυσιωτών Η Αλεβίτσα. Посетено на 2 февруари 2021.
- ↑ Yeni, Harun (септември 2006). Demography and settlement in Paşa Sancağı Sol-Kol Region according to Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli Defteri dated 1530 : A Master’s Thesis (PDF). Ankara: Bilkent University. Department of History. стр. 110.
- ↑ „Άγιος Δημήτριος ο Μυροβλύτης (+ 26 Οκτωβρίου), ο αγαπημένος άγιος του φιλοχρίστου λαού της Καστοριάς“. Φως της Καστοριάς. 3 октомври 2013. Посетено на 20 август 2015.
- ↑ 7,0 7,1 „Δυτική Μακεδονία - Καστοριά - Φλώρινα - Καλή Βρύση - Διποταμία - Μεσόβραχος - Χιονάτο - Κομνηνάδες - Κρυσταλοπηγή - Γράμμος 7ο από 8“. Ελλάδος Περιήγηση. Посетено на 16 март 2021.
- ↑ Νικόλαος Σχινάς, Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας / Συνταχθείσαι υπό Νικολάου Θ. Σχινά ταγματάρχου του μηχανικού, Αθήναι, τόμοι 3, 1886. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Καστοριάς
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 267. ISBN 954430424X.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 180–181.
- ↑ Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kali Vrisi Архивирано на 26 јули 2007 г..
- ↑ Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 8.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 17.
- ↑ Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kali Vrisi., Архивирано од изворникот на 26 јули 2007, Посетено на 2008-02-27
- ↑ Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Kali Vrisi., Архивирано од изворникот на 26 јули 2007, Посетено на 27 февруари 2008
- ↑ Села во Костурско - географија и историја (Τα χωριά της Καστοριάς - γεωγραφία της ιστορίας), Димитрис Литоксоу
- ↑ „Elizabeth Kolupacev Stewart, For Sacred National Freedom: Portraits Of Fallen Freedom Fighters, Politecon Publications, 2009“. Архивирано од изворникот на 21 март 2012. Посетено на 5 октомври 2011.
|