Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

The Smashing Pumpkins

Од Википедија — слободната енциклопедија
The Smashing Pumpkins
The Smashing Pumpkins perform on a stage with a large orb with projections. From left to right: Nicole Fiorentino, Billy Corgan, and Jeff Schroeder.
Постава од 2012 година (одлево кон десно): Никол Фиорентино, Били Корган и Џеф Шредер (Мајк Бирн е задскриен зад тапаните); на настап во Chaifetz Arena во Сент Луис, Мисури, на 18 октомври 2012
Животописни податоци
ПотеклоЧикаго, Илиноис, САД
ЖанровиАлтернативен рок
Период на активност
  • 1988–2000
  • 2006–денес
Издавачи
Мреж. местоsmashingpumpkins.com

The Smashing Pumpkins (се изговара Смешинг Пампкинс) е американска алтернативен рок група од Чикаго. Во 1988 година фронтменот и гитарист Били Корган, басистот Д'арси Врецки, гитаристот Џејмс Ајха и тапанарот Џими Чемберлин ја основале групата, а по нивното повторно обединување во 2006 година бендот претрпел промени во составот и Корган бил единствен постојан член од основањето. Сегашната постава е: Корган, Чемберлин, Ајха и гитаристот Џеф Шредер.

Корган е главен композитор на групата; неговата музичка разновидност и катарзичните стихови се одразуваат во препознатливите албуми на групата, опишани како „опис на земјата на кошмарот од Били Корган“.[2] Со 30 милиони продадени албуми ширум светот, Smashing Pumpkins биле една од најприфатените групи од критиката во 1990-тите, често наведувани како важни изведувачи во популаризацијата на алтернативната рок музика. Меѓутоа, внатрешните несогласувања, дрогирањето и намалената продажба биле причина за нивен распад во 2000 година.

Во 2006 година, Корган и Чемберлин повторно се обединиле и го снимиле новиот албум на Smashing Pumpkins, Zeitgeist. По турнеите во 2007 и 2008 година на кои присуствувал и новиот гитарист Џеф Шредер, на почетокот на 2009 година Чемберлин ја напуштил групата. Истата година, Корган започнал да снима низа снимки насловени како Teargarden by Kaleidyscope со различни музичари. Teargarden by Kaleidyscope се состои од самостојни песни, EP изданија и два албума кои исто така се вклучени во проектот - Oceania од 2012 година и во Monuments to an Elegy од 2014 година. Чемберлин и Ајха официјално се приклучиле на бендот во февруари 2018 година. Новата обединета постава го издала албумот Shiny и Oh So Bright, Vol. 1 / LP: No Past. No Future. No Sun (2018), Cyr (2020) и треба да го објават Atum: A Rock Opera in Three Acts на три пати во текот на 2022 и 2023 година.

Членови на бендот

[уреди | уреди извор]

Сегашни членови

  • Били Корган – водечки и придружни вокали, гитари, клавијатури, бас (1988–2000, 2006–денес)
  • Џејмс Ајха – гитари, бас, придружни и повремено водечки вокали (1988–2000, 2018–сега)
  • Џими Чемберлин – тапани (1988–1996, 1998–2000, 2006–2009, 2015–сега)
  • Џеф Шредер – гитари, клавијатури (2006–денес)

Денешни членови за настапи во живо

  • Џек Бејтс – бас (2015-денес)
  • Кејти Кол – клавијатури, гитари, придружни вокали (2015-денес)

Поранешни членови

  • Д'Арси Врецки – бас, придружни и повремено водечки вокал (1988–1999)
  • Мелиса Ауф дер Маур – бас (1999–2000)
  • Џинџер Пули – бас (2007–2010)
  • Мајк Бирн – тапани, придружни вокали, клавијатури (2009–2014)
  • Никол Фиорентино – бас, придружни вокали, клавијатури (2010–2014)

Американски музички награди

  • 1997 година – Најдобар алтернативен уметник

Греми награди

  • 1997 година – „Bullet with Butterfly Wings“ – Најдобра хард рок изведба
  • 1998 година – „The End Is the Beginning Is the End“ – Најдобра хард рок изведба

МТВ Europe музички награди

  • 1996 – Најдобар рок

МТВ Видео музички награди

  • 1996 – „Тonight, Tonight“ – видео на годината, пробивно видео, најдобра режија, најдобри визуелни ефекти, најдобра уметничка режија, најдобра кинематографија
  • 1996 – „1979“ – Најдобро видео од алтернативна музика

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

  • Gish (1991)
  • Siamese Dream (1993)
  • Mellon Collie and the Infinite Sadness (1995)
  • Adore (1998)
  • Machina/The Machines of God (2000)
  • Machina II/The Friends & Enemies of Modern Music (2000)
  • Zeitgeist (2007)
  • Teargarden by Kaleidyscope (2009—2014)
    • Oceania (2012)
    • Monuments to an Elegy (2014)
  • Shiny and Oh So Bright, Vol. 1 / LP: No Past. No Future. No Sun. (2018)
  • Cyr (2020)
  • Atum: A Rock Opera in Three Acts (2023)[3]
  1. „Smashing Pumpkins Sign With Sumerian, Release Two New Songs“. MetalSucks. August 28, 2020.
  2. Shaw, William (December 1993). „Appetite for Destruction“. Details.
  3. „The Smashing Pumpkins Announce New Album ATUM, a Sequel to Mellon Collie and Machina“. Spin. September 20, 2022. Посетено на September 20, 2022.

Дополнителна литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]