Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

The Shirelles

Од Википедија — слободната енциклопедија
The Shirelles
The Shirelles во 1962; од горе во насока на стрелките на часовникот: Ади Харис, Ширли Овенс, Беверли Ли и Дорис Коли
Животописни податоци
Познат(а) и како
  • The Poquellos
  • Shirley & the Shirelles
ПотеклоПасаик, Њу Џерси, САД
Жанрови
Период на активност1957–1982
Издавачи
Поранешни членови
  • Ширли Овенс
  • Дорис Коли
  • Ади Харис
  • Беверли Ли

The Shirelles ― американска женска група основана во 1957 година во Пасаик, Њу Џерси. Во групата членувале школските другарки Ширли Овенс (подоцна Ширли Алстон Ривс), Дорис Коли (подоцна Дорис Кенер-Џексон), Ади „Мики“ Харис (подоцна Ади Харис Мекфејден) и Беверли Ли.

Групата е основана во 1957 година со цел да учествува на натпревар за таленти во средното училиште. Набрзо потпишале договор со Флоренс Гринберг од Tiara Records. Нивната прва песна, „I Met Him on a Sunday“, била издадена од Тиара и лиценцирана од Decca Records во 1958 година. По краткиот и неуспешен период со Decca, ѝ се приклучиле на Гринберг во нејзината новооснована компанија, Scepter Records. Таму соработувале со Лутер Диксон, а групата се популаризирала со песната „Tonight's the Night“. За време на соработка со Диксон и промоцијата на групата од страна на Scepter, Shirelles седум пати се пласирале на топ 20 листата. Го напуштиле Scepter во 1966 година. По ова, не можеле да ја задржат стекнатата популарност.

Музиката на The Shirelles се опишува како „мелодија на наивни ученички“ што е во спротивност на сексуалната тематика во многу нивни песни. Нивна заслуга е започнувањето на жанрот женска група. Нивната музика била прифатена од белата и од црната публика во САД, пред тоа да им успее на изведувачите од Motown, и тоа се смета како почетен успех на Движењето за граѓански права. Добиле многу почести и признанија, меѓу кои е и Пионер наградата од Фондацијата за ритам и блуз, во 1996 година биле примени во Куќата на славните од рокенролот, а Ролинг Стоун во 2004 година ги вброил меѓу 100-те најголеми уметници на сите времиња. Rolling Stone на својата листа на најдобри песни на сите времиња избрал две песни од The Shirelles, „Will You Love Me Tomorrow“ и „Tonight's the Night“. Во 2022 година, Конгресната библиотека одлучила нивниот дебитантски албум Tonight's the Night да биде зачувуван во Националниот регистар на снимки поради „културно, историски или естетско значење“. [1]

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

[уреди | уреди извор]
Година Албум Billboard 200 Издавач
1960 Tonight's the Night Scepter Records
The Shirelles Sing to Trumpets and Strings
1962 The Shirelles and King Curtis Give a Twist Party
Baby It's You
1963 Foolish Little Girl 133[2]
1965 Hear and Now Pricewise Records
Swing the Most
1967 Spontaneous Combustion Scepter Records
1971 Happy and in Love RCA Records
1972 The Shirelles
1973 Eternally, Soul Scepter Records
  1. „National Recording Registry Inducts Music from Alicia Keys, Ricky Martin, Journey and More in 2022“. Library of Congress (англиски). Посетено на 23 June 2022.
  2. „The Shirelles Foolish Little Girl Chart History“. Billboard. Архивирано од изворникот на 2019-04-28. Посетено на 2019-11-20. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]