The Guess Who
The Guess Who | |
---|---|
The Guess Who во 1970 година (од лево кон десно: Курт Винтер, Гари Петерсон, Грег Лескив, Бартон Камингс, Џим Кејл) | |
Животописни податоци | |
Потекло | Винипег, Манитоба, Канада |
Жанрови | |
Период на активност |
|
Издавачи |
|
Мреж. место | theguesswho.com |
Гес ху (англиски: The Guess Who) ― канадска рок-група од Винипег. Почетоците на групата биле во 1962 година кога го носела името Chad Allan and the Expressions, а нивната преработка на песната „Shakin' All Over“ во 1965 година станала меѓународен хит. Откако го промениле името во The Guess Who, под водство на пејачот/клавијатурист Бартон Камингс и гитаристот Ренди Бахман најголем успех доживеале во доцните 60-ти и раните 70-ти. Нивни најпознати песни се „American Woman“, „This Eyes“, и „No Time“.
За време на нивниот најуспешен период, The Guess Who издале единаесет студиски албуми, и сите тие се нашле на топ-листите во Канада и САД. Нивниот албум од 1970 година American Woman бил на прво место во Канада и девето место во САД, а пет други албуми биле во топ-10 во Канада. The Guess Who имале четиринаесет топ-40 песни во САД и преку од триесет во Канада.[1]
The Guess Who официјално се распаднале во 1975 година, иако басистот Џим Кејл и/или тапанарот Гари Петерсон по 1977 година имале турнеи и снимале песни под името The Guess Who, често без другите првосоздадени членови од групата.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Потеклото на The Guess Who датира од 1958 година, кога пејачот/гитарист од Винипег, Чад Алан основал месна рок-група под името Allan and the Silvertones.[3] По неколку промени во составот, групата се стабилизирала во 1962 година под името Chad Allan and the Reflections, во кој членувале Алан и клавијатуристот Боб Ешли, Ренди Бахман на гитара, Џим Кејл на бас и Гери Петерсон на тапани.[3]
Групата ја објавила својата прва песна, "Tribute To Buddy Holly", под издавачот Canadian-American Records во 1962 година.[4] [5] Потоа потпишале со Quality Records и објавиле неколку песни во 1963-64 година, кои имале одредена регионална популарност околу Винипег, но не и во остатокот од Канада.
Во 1965 година, откако американска група наречена The Reflections објавила хит-сингл, групата го променила своето име во Chad Allan and the Expressions.[6] Тие го објавиле гаражниот рок-албум Shakin' All Over во јануари 1965 година.[7] Песна од тој албум, преработка на „Shakin' All Over“ од Johnny Kidd & the Pirates, бил нивен прв голем хит, кој се искачил на прво место во Канада, 22-ро во САД, и 27-мо во Австралија.[8] [9] Нивната канадска издавачка куќа, Quality Records, го прикрила синглот и напишала дека песната е од Guess Who? (Погодете кој?) како рекламен трик за подгревање на претпоставките дека се работи за група од Британската инвазија што работи прикријно.[8][9]
Откако Quality Records открила дека се работи за групата Chad Allan and the Expressions, диск-џокеите продолжиле да ја најавуваат групата како Guess Who?, и всушност ја принудиле групата да го прифати новото име.[9] Тие го издале својот втор албум, Hey Ho (What You Do to Me!) кон крајот на 1965 година; како изведувач била наведена групата Chad Allan and the Expressions, но името "Guess Who?" било видно истакнато на корицата. [9]
Албумот American Woman бил објавен во јануари 1970 година и станал голем светски хит.[10] Тоа бил нивен прв албум на врвот на канадската топ-листа за албуми и нивен прв албум во топ-10 на американската топ-листа за албуми.[11] Насловната песна (American Woman) стигнала до прво место во двете земји,[12] [13] и исто така била голем хит во Обединетото Кралство. Со ова The Guess Who станале прва канадска група која успеала нејзина песна да се најде на врвот на Billboard Hot 100.[14] „No Time“ и „No Sugar Tonight/New Mother Nature“ исто така имале високи места на топ-листите за синглови во Канада и во САД.[10]
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Shakin' All Over (1965)
- Hey Ho (What You Do to Me!) (1965)
- It's Time (1966)
- Wheatfield Soul (1969)
- Canned Wheat (1969)
- American Woman (1970)
- Share the Land (1970)
- So Long, Bannatyne (1971)
- Rockin' (1972)
- Artificial Paradise (1973)
- #10 (1973)
- Road Food (1974)
- Flavours (1974)
- Power in the Music (1975)
- The Way They Were (1976)
- Guess Who's Back (1978)
- All This for a Song (1979)
- Now and Not Then (1981)
- Lonely One (1995)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „The Guess Who | Biography, Albums, Streaming Links“. AllMusic (англиски). Посетено на February 27, 2021.
- ↑ „Former Guess Who friends now bitter enemies“. Winnipeg Free Press. Посетено на October 5, 2021.
- ↑ 3,0 3,1 Frank Hoffmann (November 12, 2004). Encyclopedia of Recorded Sound. Routledge. стр. 992–. ISBN 1-135-94949-2.
- ↑ Larkin, Colin (May 27, 2011). The Encyclopedia of Popular Music (англиски). Omnibus Press. стр. 1567. ISBN 978-0-85712-595-8.
- ↑ Guides (Firm), Rough (2003). The Rough Guide to Rock (англиски). Rough Guides. ISBN 978-1-85828-457-6.
- ↑ Joel Whitburn's Top Pop Singles 1955–1990 - ISBN 0-89820-089-X
- ↑ Garage Rock Album Highlights — AllMusic (англиски)
- ↑ 8,0 8,1 "American Woman". Chad Johnson (January 1, 2014). CliffsNotes to Guitar Songs. Hal Leonard. стр. 15–. ISBN 978-1-4803-8467-5.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 Einarson, John. American Woman: The Story of The Guess Who; Quarry Press, Ontario, Canada, pp. 35–39
- ↑ 10,0 10,1 American Woman - The Guess Who | Songs, Reviews, Credits | AllMusic (англиски), Посетено на February 27, 2021
- ↑ The Guess Who, American Woman Chart Position Retrieved March 17, 2015
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Martin Charles Strong (2002). The Great Rock Discography. Canongate. стр. 912. ISBN 978-1-84195-312-0.
- ↑ Adam White & Fred Bronson (1988). The Billboard Book of Hits. Billboard Books. ISBN 0-8230-8285-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- The Guess Who discography at Discogs
- The Guess Who на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Article at canadianbands.com Архивирано на 14 март 2022 г.
|