Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

The Cranberries

Од Википедија — слободната енциклопедија
The Cranberries
Ноел Хоган и Долорес О’Риордан
Noel Hogan and Dolores O'Riordan of The Cranberries in Barcelona, 2010
Животописни податоци
Познат(а) и какоThe Cranberry Saw Us
(1989–1991)
ПотеклоЛимерик, Ирска
Жанрови
Период на активност
  • 1989–2003
  • 2009–2019[1]
Издавачи
Мреж. местоcranberries.com
Поранешни членови

The Cranberries — ирска рок-група формирана во Лимерик во 1989 година. Групата прво се викала The Cranberry Saw Us и во неа членувале: пејачот Ниал Квин, гитаристот Ноел Хоган, басистот Мајк Хоган и тапанарот Фергал Лоулер. Квин бил заменет од пејачката Долорес О'Риордан во 1990 година, а групата го променила името во Cranberries.[2] Жанровски групата се смета за алтернативен рок-група, но нивната музика содржи и: инди рок, пост-панк, ирски фолк и поп-рок елементи[3].

Групата добила меѓународна слава во 1990-тите со својот деби албум, Everybody Else Is Doing It, So Why Can't We?, остварувајќи голем комерцијален успех. Од Cranberries се продадени над 40 милиони плочи ширум светот. Четири од албумите се нашле во топ 20 албуми на Билборд 200 табелата(Everybody Else Is Doing It, So Why Can't We?; No Need to Argue, To the Faithful Departed and Bury the Hatchet)[4].

На почетокот на 2009 година, по шестгодишнна пауза, Cranberries повторно се обединиле и започнале турнеја во Северна Америка, по што следеле турнеи и во Латинска Америка и Европа[5][6]. Бендот го снимил својот шести албум Roses во мај 2011 година и го издал во февруари 2012 година. Албум што ги опфаќа претходните песни заедно со Ирскиот камерен оркестар, бил издаден во април 2017 година[7].

На 15 јануари 2018 година, пејачката Долорес О’Риордан била пронајдена мртва во хотелска соба во Лондон. Таа неодамна пристигнала во Лондон за снимање на нов материјал.

Историја

[уреди | уреди извор]

1989–1991: Почетоци

[уреди | уреди извор]

Во 1989 година, браќата Ноел и Мајкл Хоган од Лимерик ја основале групата The Cranberry Saw Us во која покрај нив членувале и тапанарот Фергал Лолер и пејачот Ниал Квин.[8] Во 1990 година, Долорес О'Риордан го заменила пејачот и на групата ѝ го дала препознатливиот звук на Cranberries. Тие снимиле демо-плоча под наслов Nothing Left at All[9] со која успеале да стекнат обожаватели во нивната татковина[10] [11] и била добро прифатена од критичарите.[12] [9]

Во 1991 година, групата потпишала договор со Island Records и го сменила името во „The Cranberries“.[13]

1992–1995: Пробив и светска популарност

[уреди | уреди извор]

Кон средината на 1991 година го објавиле нивното прво EP со оваа издавачка куќа под наслов Uncertain. EP-то добило лоши критики и групата се откажала услугите на нивниот менаџер.[14] Го ангажирале Џеф Тревис како нов менаџер.[15] Нивниот втор сингл Linger и првиот албум Everybody Else Is Doing It, So Why Can't We? станале први хитови за The Cranberries во Британија и САД. Третиот сингл Dreams стигнал до 14-то место во САД. На 18 јули 1994 година, Долорес О'Риордан се омажила за Дон Бартон, кој набргу потоа станал и менаџер за турнеја на Cranberries.

Истата година, Cranberries го снимиле албумот No Need to Argue, објавен на 3 октомври 1994 година. Албумот им донел уште поголема популарност во Европа и САД. Албумот ја содржи песната Zombie, песна во која се протестира против насилството меѓу католичките и протестантските екстремисти во Северна Ирска. Со ова издание тие го достигнале врвот на нивната комерцијална кариера. Песната Zombie продолжила да нижи успеси: На 18 април 2020 година, официјалното музичко видео за „Zombie“ станало прва песна на ирска група кое постигнало над една милијарда прегледи на YouTube,[16] и со тоа станало трето видео од 1990-тите,[17] и шесто видео од 20 век.[16] На 20 февруари 1995 година, Cranberries биле номинирани на Британските музички награди во категоријата „Најдобра меѓународна група“.[18] [19]

На 23 мај 1995 година, Cranberries за „Зомби“ биле номинирани за „Најдобра современа песна“ на Ајвор Новело наградите.[20] Во тоа време, групата била најизвезуван музички производ од Ирска уште од времето на U2.[21] Во 1995 година, Cranberries освоиле наградата за „Најдобри ирски изведувачи“ на Светските музички награди.[9] На 23 ноември 1995 година, Cranberries ја освоиле наградата „Најдобра песна“ за „Zombie“ на MTV Europe Music Awards во 1995 година.[22] [23] На 10 март 1996 година, Cranberries ја добиле наградата за најпродаван албум за No Need to Argue на 26-тото годишно доделување на Џуно наградите.[24] [23] [25] До крајот на 2014 година, No Need to Argue се продал во 17 милиони примероци.[26]

1996–2002: Преоден период

[уреди | уреди извор]

Третиот албум на групата To the Faithful Departed бил издаден на 30 април 1996 година; стигнал до второ место во ОК и четврто место на американската топ-листа Билборд 200.[27] [28] Албумот не успеал да го постигне успехот на неговиот претходник.[29] На 9 јуни 1996 година, Cranberries го откажале остатокот од австралискиот дел од нивната светска турнеја од 117 концерти, [30] затоа што О'Риордан повторно го повредила коленото за време на концертот во Кернс на 8 јуни.[31] Турнејата продолжила во август 1996 година во Северна Америка,[32] но не ја завршиле и ја откажале европската рунда, а како причина ја навеле „лошата здравствена состојба“ на О'Риордан.[32] [30] Таа рекла дека е исцрпена, страда од несоница, параноја и анорексија; изгубила 41 килограм.[30] [33] О'Риордан, исто така, се жалела на печатот и фотографите кои задираат во нејзиниот приватен живот. [33] Ваквите околности за малку ќе довеле до распад на групата и тие направиле пауза од една година од музиката. [33] [30]

На 9 март 1997 година, Брус Ферберн и Cranberries биле номинирани за Џуно награда за нивните дела „Free to Decide" и „When You're Gone“.[34] На 19 мај 1997 година, групата добила Ајвор Новело награда за „Меѓународно достигнување“.[32] [35] Во тоа време, Cranberries биле именувани за едни од „Најистакнатите ирски групи на сите времиња“, заедно со Ван Морисон и U2.[36]

На 19 април 1999 година, групата го издала албумот Bury the Hatchet. Cranberries потоа тргнале на светска турнеја од 110 концерти, која привлекла над еден милион обожаватели. [37] Ова било најголема и најуспешната турнеја за Cranberries.[38] Иако Bury the Hatchet добро се продавал, албумот забележал намалување на продажбата во споредба со нивните претходни изданија.

На 22 октомври 2001 година бил издаден албумот Wake Up and Smell the Coffee. Во септември 2022 бил издаден албум со најголеми хитови под наслов Stars: The Best of 1992–2002, издаден заедно со истоимено ДВД со музички спотови.

2003–2008: Привремена пауза и соло-проекти

[уреди | уреди извор]

Шестиот албум на Cranberries требало да биде објавен во 2004 година. Во септември 2003 година, групата објавила дека ќе паузира одредено време за да се насочи на соло-кариерите на членовите, но и на семејството и ги прекинала сесиите за шестото студиско издание.[39]

О'Риордан, во 2004 година започнала соло-кариера и почнала да соработува со други музичари. Во 2007 година го објавила соло-албумот Are You Listening?, по кој следел No Baggage во 2009 година.[40] [41] [42] Ноел и Мајк Хоган започнале нов проект наречен Моно Бенд,[43] од кој подоцна настанал Arkitekt, и издале EP во 2007 и 2009 година.[44] [45] [46] Ноел Хоган работел како продуцент за Supermodel Twins.[47] [48] Фергал Лолер бил член на Low Network, чиј прв албум бил издаден во 2007 година.[43] [44]

2009–2017: Повторно обединување и проширување

[уреди | уреди извор]

The Cranberries повторно се обединиле во јануари 2009 година. О'Риордан посочила дека групата ќе свири песни од нејзините соло-албуми и многу класични хитови од Cranberries, како и некои нови композиции од групата. Во тој момент, менаџер на The Cranberries бил Дени Голдберг, поранешен менаџер на Нирвана и Курт Кобејн.[49] [50] [51]

Нивниот шести студиски албум Roses бил објавен на 27 февруари 2012 година.[52] На 18 февруари 2012 година, Cranberries со песната „Tomorrow“ настапиле на Фестивалот во Санремо. О'Риордан започнала правна постапка против Ноел Хоган во октомври 2013 година.[53] Случајот бил расчистен во јули 2015 година, а причината не била откриена. [54]

Во октомври 2016 година, Cranberries добиле BMI награда за три милиони радио-пуштања во САД на нивниот сингл „Dreams“ преземен од нивниот прв студиски албум .[55] [56] Акустичен албум на Cranberries под наслов Something Else бил издаден на 28 април 2017 година.[57] Во мај 2017 година, веднаш по европската турнеја, Cranberries морале да ги откажат преостанатите европски концерти поради здравствената состојба на О'Риордан. [58] Откажана била и турнејата во Северна Америка.[59]

2018–2019: Смртта на О'Риордан и распаѓање

[уреди | уреди извор]

На 15 јануари 2018 година, О'Риордан неочекувано починала во Лондон, Англија.[60] Таа пристигнала во Лондон за студиско миксирање на нејзиниот албум DARK и за да разговара за следиот албум на групата со издавачката куќа BMG.[61] На 6 септември 2018 година, судскиот вештак објавил дека таа случајно се удавила во кадата од нејзината хотелска соба поради седација со труење со алкохол. [62] Кон средината на септември 2018 година, Ноел Хоган го потврдил распаѓањето на групата, што се случило по објавувањето на нивниот последен албум In the End (објавен во 2019).[63] [64]

Членови на групата

[уреди | уреди извор]
  • Мајк Хоган – бас (1989–2003, 2009–2019)
  • Ноел Хоган – гитара, мандолина, придружен вокал (1989–2003, 2009–2019)
  • Фергал Лолер – тапани, удирачки инструменти (1989–2003, 2009–2019)
  • Долорес О'Риордан – пејачка, гитара, клавијатури, мандолина (1990–2003, 2009–2018; нејзина смрт)

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

  • Everybody Else Is Doing It, So Why Can't We? (1993)
  • No Need to Argue (1994)
  • To the Faithful Departed (1996)
  • Bury the Hatchet (1999)
  • Wake Up and Smell the Coffee (2001)
  • Roses (2012)
  • Something Else (2017)
  • In the End (2019)
  1. "She was on a roll": The Cranberries open up about the last days of singer Dolores O'Riordan“. The Official Charts Company. Архивирано од изворникот 21 September 2018. Посетено на 21 September 2018.
  2. Beaumont-Thomas, Ben (15 January 2018). „Dolores O'Riordan, lead singer of the Cranberries, dies aged 46“. The Guardian.
  3. „The Cranberries – Band“. Архивирано од изворникот на 14 April 2011. Посетено на 29 April 2011.
  4. „American Chart“. Billboard.com. Архивирано од изворникот на 1 August 2008. Посетено на 24 June 2008.
  5. „The Cranberries Reunite After Six Years“. SPIN.com. Посетено на 12 November 2009.
  6. „CRANBERRIES HIT SOUTH AMERICA!/FIRST OFFICIALLY ANNOUNCED TOUR DATE FOR EUROPE!“. Dolores O'Riordan. Архивирано од изворникот на 31 август 2009. Посетено на 24 декември 2009.
  7. „The Cranberries Announce New Acoustic Album Something Else, Share "Linger": Listen“. Pitchfork. 14 March 2017. Посетено на 23 March 2017.
  8. Bianco & Knight 1998, стр. 37.
  9. 9,0 9,1 9,2 Reisfeld 1996.
  10. „Nothing Left at All release by The Cranberry Saw Us“. MusicBrainz. 22 September 2011. Архивирано од изворникот на 8 April 2020. Посетено на 8 April 2020.
  11. „Nothing Left At All 1990 cassette tape“. Whyte's. 30 May 2014. Архивирано од изворникот на 8 April 2020. Посетено на 8 April 2020.
  12. Peacock, Tim (19 October 2018). „It Was The Perfect Time And Place“. uDiscoverMusic. Архивирано од изворникот на 8 April 2020. Посетено на 8 April 2020.
  13. Fanning, Dave (23 February 2011). „Cork Rock (1991)“. The Fanning Sessions. Архивирано од изворникот на 7 July 2012. Посетено на 8 April 2020.
  14. The Cranberries Loud & Clear World Tour Programme, "A Timeline of the Cranberries 1989–'99", pp. 8–10.
  15. Peacock, Tim (19 October 2018). „It Was The Perfect Time And Place“. uDiscoverMusic. Архивирано од изворникот на 8 April 2020. Посетено на 8 April 2020.
  16. 16,0 16,1 O'Brien, Shane (19 April 2020). „Zombie becomes first Irish song to top one billion views on YouTube“. Irish Central. Архивирано од изворникот на 19 April 2020. Посетено на 19 April 2020.
  17. Crowley, Caroline (18 April 2020). „The Cranberries join YouTube's billion Hall of Fame“. RTE. Архивирано од изворникот на 18 April 2020. Посетено на 18 April 2020.
  18. „The BRIT Awards 1995“. Music for stowaways. 30 January 2014. Архивирано од изворникот на 5 April 2020. Посетено на 5 April 2020.
  19. „Ireland at the BRIT Awards: look back at every Irish winner and nominee“. www.officialcharts.com. 19 January 2019. Архивирано од изворникот на 5 April 2020. Посетено на 24 November 2019.
  20. „Awards and Nominations“. www.radioswissjazz.ch. 30 January 2012. Архивирано од изворникот на 3 July 2021. Посетено на 6 December 2019.
  21. Празен навод (help)
  22. „The 1995 MTV Europe Music Awards – Le Zenith, Paris“. www.digitalspy.com. 11 October 2000. Архивирано од изворникот на 17 November 2019. Посетено на 17 November 2019.
  23. 23,0 23,1 Bianco & Knight 1998.
  24. „Best Selling Album“. www.junoawards.ca. 10 March 1996. Архивирано од изворникот на 5 April 2020. Посетено на 27 September 2019.
  25. „Juno Award for International Album of the Year, No Need To Argue“. www.ilovelimerick.ie. 14 October 2016. Архивирано од изворникот на 11 April 2020. Посетено на 27 September 2019.
  26. Leas, Ryan (3 October 2014). „No Need To Argue Turns 20“. Stereogum. Архивирано од изворникот на 27 November 2020. Посетено на 6 April 2021.
  27. Празен навод (help)
  28. „British Album Chart“. Official Charts Company. Архивирано од изворникот на 28 January 2002. Посетено на 24 June 2008.
  29. Stafford, James (29 April 2016). „20 Years Ago: The Cranberries Release Their Third Album 'To the Faithful Departed'. Diffuser.fm. Архивирано од изворникот на 25 January 2021. Посетено на 8 April 2021.
  30. 30,0 30,1 30,2 30,3 Jenkins, David (16 January 2018). „Dolores O'Riordan archive interview“. The Telegraph. Архивирано од изворникот на 3 June 2021. Посетено на 5 April 2021.
  31. „Lead Singer's Knee Injury Forces Cancellation of Tour“. Deseret News. 9 June 1996. Архивирано од изворникот на 27 October 2019. Посетено на 5 April 2021.
  32. 32,0 32,1 32,2 Rees & Crampton 1999.
  33. 33,0 33,1 33,2 „Bouncing back“. The Irish Times. 10 April 1999. Архивирано од изворникот на 8 May 2020. Посетено на 8 April 2021.
  34. „Producer of the Year 1997“. www.junoawards.ca. Архивирано од изворникот на 5 April 2020. Посетено на 27 September 2019.
  35. „The final album 'In The End' from the Cranberries charts at #10“. Hessomedia. 3 May 2019. Архивирано од изворникот на 6 December 2019. Посетено на 5 April 2021.
  36. Clemente, Tylar (17 October 2016). „Tune Talk: the Cranberries were a great 90s band“. The BluePrint. Bellwood. Архивирано од изворникот на 27 November 2020. Посетено на 27 November 2020.
  37. Jenkins, David (16 January 2018). „Dolores O'Riordan archive interview“. The Telegraph. Архивирано од изворникот на 3 June 2021. Посетено на 5 April 2021.
  38. „Cranberries No Need To Argue – sold 17 million copies“. Irish Music Daily. n.d. Архивирано од изворникот на 25 October 2020. Посетено на 5 April 2021.
  39. The Hot Press Newsdesk (17 September 2003). „The Cranberries are NOT going to split“. Hot Press. Архивирано од изворникот на 31 March 2020. Посетено на 9 April 2020.
  40. . USA. Наводот magazine бара |magazine= (help); Отсутно или празно |title= (help); |access-date= бара |url= (help)
  41. Peacock, Tim (15 January 2018). „The Cranberries' Vocalist Dolores O'Riordan“. uDiscoverMusic. Архивирано од изворникот на 12 April 2020. Посетено на 12 April 2020.
  42. „North America 2007“. Rockher Mag. 15 May 2007. Архивирано од изворникот на 12 April 2020. Посетено на 12 April 2020.
  43. 43,0 43,1 „Dolores stories“. Irish Times. 27 April 2007. Архивирано од изворникот на 3 July 2021. Посетено на 12 April 2020.
  44. 44,0 44,1 „Mono Band change name“. Hot Press. 27 April 2007. Архивирано од изворникот на 12 April 2020. Посетено на 12 April 2020.
  45. „Arkitekt – biography“. Irish Music DB. 1 November 2004. Архивирано од изворникот на 12 April 2020. Посетено на 12 April 2020.
  46. „Arkitekt“. IrishRockers.com. 31 August 2011. Архивирано од изворникот на 12 April 2020. Посетено на 12 April 2020.
  47. „Supermodel Twins“. Breakingtunes. Архивирано од изворникот на 12 April 2020. Посетено на 12 April 2020.
  48. „Remma – band – singles“. Irish Music DB. Архивирано од изворникот на 12 April 2020. Посетено на 12 April 2020.
  49. Buchanan, Brett (18 January 2018). „Late Cranberries singer Dolores O'Riordan discussed Kurt Cobain“. www.alternativenation.net. Архивирано од изворникот на 26 January 2020. Посетено на 26 January 2020.
  50. „Danny Goldberg Public Citizen Inc“. www.citizen.org. 15 January 2010. Архивирано од изворникот на 26 January 2020. Посетено на 26 January 2020.
  51. „The Cranberries, Danny Goldberg Management“. www.allmusic.com. 4 February 2012. Архивирано од изворникот на 24 June 2014. Посетено на 26 January 2020.
  52. „The Cranberries: Roses. Cranberries.com. Архивирано од изворникот на 4 December 2020. Посетено на 12 February 2013.
  53. Owens, Alan. „Cranberries stars could face off in the High Court“. Limerick Leader. Архивирано од изворникот на 28 October 2013. Посетено на 25 October 2013.
  54. „Dolores O'Riordan due in court over air rage incident“. Limerick Leader. Архивирано од изворникот на 3 March 2016. Посетено на 24 February 2016.
  55. Lynch, Richard (14 October 2016). „Dreams reaches 3mill radio plays in USA“. I Love Limerick. Архивирано од изворникот на 11 April 2020. Посетено на 11 April 2020.
  56. „The Cranberries Release Everybody Else Is Doing It, So Why Ca,'t We? 25Th Anniversary [press release]“. Umusic. 30 August 2018. Архивирано од изворникот на 11 April 2020. Посетено на 11 April 2020.
  57. Noah, Yoo (14 March 2017). „The Cranberries Announce New Acoustic Album Something Else, Share "Linger": Listen“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на 25 April 2020. Посетено на 25 April 2020.
  58. „Dolores O'Riordan: Voice of a rebel“. BBC News. 16 January 2018. Архивирано од изворникот на 2 October 2018. Посетено на 21 July 2018.
  59. „The Cranberries – Maison Symphonique, Montréal – Tickets“. Greenland.ca (англиски). Архивирано од изворникот на 8 October 2017. Посетено на 7 October 2017.
  60. „Dolores O'Riordan suddenly dies in London“. RTÉ News. 15 January 2018. Архивирано од изворникот на 15 January 2018. Посетено на 15 January 2018.
  61. Nerssessian, Joe (19 January 2018). „O'Riordan was in London to discuss plans for the band's latest album“. Irish Independent. PA Media. Архивирано од изворникот на 25 April 2020. Посетено на 14 January 2021.
  62. „Cranberries singer O'Riordan died by drowning“. BBC News (англиски). 6 September 2018. Архивирано од изворникот на 6 September 2018. Посетено на 6 September 2018.
  63. Keane, Rebecca (15 September 2018). „The Cranberries to split after final album“. The Irish Post. Архивирано од изворникот на 26 January 2020. Посетено на 18 April 2021.
  64. "She was on a roll": The Cranberries on the last days of Dolores O'Riordan“. Official Charts. Архивирано од изворникот на 21 December 2018. Посетено на 20 December 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]