FreeCol
Изглед
FreeCol | |
---|---|
Екранска снимка од FreeCol 0.5.2 | |
Изработувач(и) | Екипата на Freecol |
Издавач(и) | SourceForge.net |
Дизајнер(и) | Разни |
Последна верзија | 0.10.3 (27 септември 2011[1] | )
Подлоги | Јава |
Датум на издавање | 2 јануари 2003 |
Жанр(ови) | потезна стратегија |
Режим(и) | самостојна, групна |
Побарувања | екранска резолуција од 1024 x 768 или повисока Јавина виртуелна машина верзија 1.5.0 или понова |
Начин на контролирање |
тастатура, глушец |
FreeCol е клон на играта „Колонизација“ (Colonization) од издавачот Sid Meier. Издадена под ГНУ-ва лиценца, FreeCol е слободен програм со отворен код.
FreeCol е програмски кодирана во Јава и би требало да биде независна од платформата на која се извршува. Во пракса, познато е дека функционира на Линукс и Windows, како и на Mac OS X (со некои ограничувања).
Во текот на февруари 2007 година беше проект на месецот на SourceForge.net.[2]
Играта има целосна поддршка на македонски јазик.
Извори
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална страница (англиски)
- The Linux Game Tome: FreeCol Архивирано на 12 февруари 2003 г. (англиски)
„FreeCol“ на Ризницата ? |