9 октомври
Изглед
9 октомври — 282-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (283-и во престапна година). Остануваат 83 денови до крајот на годината.
<< | октомври | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
2024 |
Настани:
1000 | Лејф Ериксон го основа Винланд и станува првиот Европеец во Северна Америка. |
1595 | Шпанската армија го зазема Камбраи. |
1604 | Супернова 1604, најскорешната супернова забележана во Млечниот Пат. |
1876 | Британскиот физичар, пронаоѓач на телефонот и учител на говорот на глувонемите Александар Греам Бел (1847-1922), кој подолго време живееше во САД, ја воспостави првата меѓународна телефонска врска меѓу Бостон и Кембриџ. |
1967 | Во Собранието на СР Македонија, под претседателство на д-р Милан Бартош, е одржана седница на Матичната комисија за формирање на Македонската академија на науките и уметностите, на која е извршено конституирање на МАНУ. |
1975 | На советскиот физичар Андреј Сахаров му е доделена Нобеловата награда за мир поради неговите „бестрашни напори за мир во светот и правдата за сите во светот“, се вели во образложението на Норвешкиот комитет за Нобеловата награда. |
1995 | Собранието на Република Македонија ја ратификува Привремената согласност меѓу Македонија и Грција. |
Родени:
1547 | Мигел де Сервантес — шпански писател, автор на романот „Дон Кихот“. |
1608 | Џон Милтон — англиски поет. |
1757 | Шарл X — крал на Франција. |
1893 | Марио де Андраде — бразилски писател. |
1899 | Хенри Сајмонс — американски економист. |
1894 | Владимир Мошин — проучувач на македонската средновековна уметност и култура. |
1903 | Карел Стекли — чехословачки режисер. |
1907 | Жак Тати — француски филмски глумец и режисер. |
1920 | Јусеф Латиф — американски џез-музичар. |
1921 | Тадеуш Ружевич — полски писател. |
1938 | Хајнц Фишер — австриски политичар. |
1944 | Абдулах Сидран — босански писател и сценарист. |
1944 | Нона Хендрикс — американска поп-пејачка. |
1948 | Џексон Браун — американски музичар. |
1955 | Стив Овет — британски атлетичар. |
1958 | Срѓан Шапер — српски и југословенски рок-музичар, член на групата Идоли. |
1962 | Хорхе Буручага — аргентински фудбалер. |
1967 | Георге Попеску — романски фудбалер. |
1971 | Евгениј Наместников — руски хокеар. |
1973 | Тери Балсамо — американски гитарист. |
1990 | Кевин Кампл — германско-словенечки фудбалер. |
- 1940 - Џон Ленон, британски музичар
- 1946 - Тансу Чилер, турски премиер
- 1966 - Дејвид Камерон, британски политичар
- 1975 - Марк Видука, австралиски фудбалер
Починале:
1047 | Климент II — римски папа. |
1569 | Владимир Андреевич — руски кнез |
1841 | Карл Фридрих Шинкел — германски архитект, урбанист и сликар. |
1924 | Валериј Брјусов — руски писател. |
1934 | Александар I — Крал на Југославија (убиен). |
1956 | Мари Доро — американска глумица. |
1999 | Милт Џексон — американски џез-музичар. |
2010 | Морис Але — француски економист, добитник на Нобеловата награда. |
2014 | Борис Бузанчиќ — хрватски и југословенски глумец. |
2016 | Анджеј Вајда — полски режисер. |
- 19 - Германикус, римски државник и војсководец
- 1967 - Че Гевара, марксистички револуционер