Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

540

Од Википедија — слободната енциклопедија
< 5 век 6 век 7 век >
01 02 03 04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 00
540 во разни календари
Грегоријански календар540
DXL
Ab urbe condita1293
Асирски календар5290
Балиски календар461–462
Бенгалски календар−53
Берберски календар1490
Будистички календар1084
Бурмански календар−98
Византиски календар6048–6049
Кинески календар己未(зем. коза)
3236 или 3176
    — до —
庚申年 (мет. мајмун)
3237 или 3177
Коптски календар256–257
Етиопски календар532–533
Еврејски календар4300–4301
Хиндуистички календари
 - Викрамска ера596–597
 - Сачка ера461–462
 - Кали-југа3640–3641
Холоценски календар10540
Ирански календар82 п.п. – 81 п.п.
Исламски календар85 п.х. – 84 п.х.
Јавански календар427–428
Јулијански календар540
DXL
Корејски календар2873
Мингуо-календар1372 пред Р. Кина
民前1372年
Нанакшахи−928
Селевкидски календар851/852 г.г.
Тајландски сончев календар1082–1083
Тибетски календар阴土羊年
(женска земја-коза)
666 или 285 или −487
    — до —
阳金猴年
(машко железо-мајмун)
667 или 286 или −486

540 (DXL) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 540 година од новата ера, 540. од првиот милениум, 40. од VI век и прва од 540-тите.

Други календари

[уреди | уреди извор]

Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6048 и 6049 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5290 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4300 и 4301 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1293.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 540 година се протега во 3176 и 3177, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3236 и 3237 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1083. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 85 и 84 година пред хиџра.

Починале

[уреди | уреди извор]