Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

28 март

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< март >>
Н П В С Ч П С
01 02
03 04 05 06 07 08 09
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31
2024

28 март — 87-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (88-и во престапна година). Остануваат 278 денови до крајот на годината.

Настани:

1939  Франковистичките единици под команда на генерал Монтеросо го зазедоа Мадрид. Со тоа заврши Шпанската граѓанска војна.
1996  Република Македонија и Република Никарагва воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.
1996  Во Скопје започна со работа Македонската берза на долгорочни хартии од вредност, прв пазар на капитал во Република Македонија.

Родени:

1483  Рафаело Сантииталијански сликар, истакнат претставник на ренесансата во сликарството.
1749  Пјер Симон Лаплас — француски астроном, физичар и математичар.
1799  Карл фон Базедов — германски лекар и научник.
1800  Јохан Георг Ваглер — германски зоолог.
1824  Бранко Радичевиќ — српски поет.
1868  Алексеј Максимович Пешков — попознат како Максим Горки, руски писател.
1914  Бохумил Храбал — чешки писател.
1921  Дирк Богард — англиски глумец.
1936  Марио Варгас Љоса — перуански писател, добитник на Нобеловата награда во 2010 година.
1942  Џери Слоун — американски кошаркарски тренер.
1944  Киќо Слабинац — хрватски и југословенски пејач.
1944  Рик Бери — американски кошаркар.
1961  Бајрон Скот — американски кошаркар и тренер.
1962  Јуре Франко — словенечки и југословенски скијач.
1964  Александар Волков — украински и советски кошаркар.
1965  Срѓан Тодоровиќ — српски и југословенски глумец и музичар.
1966  Џон Акселрод — американски диригент.
1977  Раду Јуде — романски филмски режисер.
1985  Станислас Вавринка — швајцарски тенисер.
1986  Лејди Гага — американска поп-пејачка.
1987  Кајетано Сармиенто — колумбиски велосипедист.
1993  Матија Настасиќ — српски фудбалер.
1996  Бенжамен Павар — француски фудбалер.

Починале:

1811  Доситеј Обрадовиќ — српски просветител.
1941  Вирџинија Вулф — англиска писателка и есеист
1943  Сергеј Василевич Рахманинов — руски композитор, пијанист и диригент.
1969  Двајт Ајзенхауер — американски генерал и политичар.
1985  Марк Шагал — француски сликар.
2001  Властимир Николовски — македонски композитор.
2013  Борис Стрел — словенечки и југословенски скијач.