Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

25 декември (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
800  Папата Лав III во Рим го крунисува франкискиот владетел Карло Велики за Свет римски цар, титула што ја носеле германските монарси сè до времето на Наполеон Бонапарт.
1066  Во Вестминстерската опатија во Лондон за англиски крал беше крунисан норманскиот војвода Вилијам I.
1688  Во Франција пребегал Јаков II, последниот англиски крал од династијата Стјуарди, тргнат од престолот поради апсолутистичката политика и натурање на римокатоличката вера.
1717  Се случила катастрофалната „Божиќна поплава“ — северозападна бура, што ги погодила крајбрежните предели на Холандија, Германија и Скандинавија вечерта воочи Божиќ. Во поплавата се удавиле вкупно 14.000 лица.
1741  Шведскиот физичар Андерс Целзиус ја создал скалата од 100 степени за мерење на температурата — Целзиусовата скала.
1776  Генералот Џорџ Вашингтон ги префрлил силите со кои командувал преку реката Делавер во Њу Џерси и неочекувано ги нападнал германските платеници кои во Американската војна за независност се бореле на страната на Британците.
1903  Во Софија излезе од печат книгата „За македонцките работи“ од македонскиот револуционер, публицист и јазичар Крсте Петков Мисирков. Во неа Мисирков ја истакнува и ја заштитува националната индивидуалност на македонскиот народ и неговото право на самостоен културен и национален развој. На едно место во книгата пишува: „Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и несловенски народи, си имаат сопствена национална историја и култура“.
1914  Во Првата светска војна на Западниот фронт стапи на сила легендарното неофицијално „божикно примирје“, кога група британски и германски војници го откажаа пукањето, излегувајќи од рововите и сретнувајќи се на ничија територија помеѓу завојуваните страни
1926  Јапонскиот регент принцот Хирохито го наследи престолот на Јапонија по смртта на неговиот татко, царот Јошихито.
1943  Британското министерство за надворешни работи во Втората светска војна му испрати телеграма на премиерот Винстон Черчил во која пишува: „Нашата политика мора да се потпре на фактот — партизаните ќе завладеат во Југославија. Тие се за нас, од воен аспект, од голема корист и мораме да им дадеме полна поддршка. Воените причини се поважни од политичките...“. Меѓутоа, ова нема да важи за македонските партизани од ДАГ во Егејска Македонија, кои подоцна ќе бидат гонети.
1971  Во пожар во еден хотел во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, загинаа 139 луѓе.
1979  Советски трупи влегоа во Авганистан, во прва воена интервенција на Советскиот Сојуз надвор од Варшавскиот пакт, а официјална Москва ова го објасни како интервенција со цел да се спречи граѓанската војна во земјата.
1989  Сменетиот романски диктаторски пар Николае и Елена Чаушеску се стрелани во Трговиште по тајното и брзо судење.
1991  Михаил Горбачов поднесува оставка на местото претседател на СССР, и должноста му ја предава на Борис Елцин.
1991  Во Штип, во издание на Културно-просветната зедница на Штип, излезе првиот број на весникот „Опсерватор“.
1995  На парламентарните избори во Турција, победија исламистите од РЕФАХ (конзервативно - исламистичката партија за просперитет), на чело со водачот на партијата Неџмедин Ербакан.
1995  Во поплавите на истокот од Јужна Африка загинаа најмалку 124 лица.
1997  На Куба за првпат после три децении јавно е прославен Божиќ, а претседателот Фидел Кастро го прогласил тој ден за празник во чест на папата кој во јануари 1998 ја посетил Куба.
2000  Во пожар кој го зафати центарот на кинескиот град Луојанг животот го загубија најмалку 309 луѓе.
2003  При падот на патничкиот авион „Боинг 727“ во Атлантскиот Океан набрзо по полетувањето од Бенин кон Либан загинаа 138 патници и членови на екипажот, вклучувајќи 15 офицери на армијата на Бангладеш, додека 22 лица ја преживеаја несреќата.
2003  Звездан Јовановиќ го призна убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.