14 јуни
Изглед
<< | јуни | >> | ||||
---|---|---|---|---|---|---|
П | В | С | Ч | П | С | Н |
1 | ||||||
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 |
14 јуни — 165-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (166-ти во престапна година). Остануваат 200 дена до крајот на годината.
Настани:
1777 | Знамето на САД со 13 црвено-бели ленти и 13 ѕвезди на сино поле во горниот лев агол е усвоено од Конгресот на САД. |
1789 | Виски дестилирано од пченка за првпат е произведено од американскиот свештеник Елаја Крејг. Го нарекле Бурбон по местото на настанување: областа Бурбон во Кентаки. |
1800 | Наполеон Бонапарт на чело на француската војска ги победи австриските трупи кај италијанското село Маренго и повторно ја освои Италија. |
1940 | Група од 728 полски политчки затвореници од Тарнув стануваат првите жители на концентрациониот логор Аушвиц. |
1941 | СССР извршил масовна депортација и убиства на Естонци, Литванци и Летонци од нивните домови. |
1962 | Во Париз, е основана Европската организација за истражување на вселената, подоцна преименувана во Европска вселенска агенција. |
1982 | Германија, Франција, Белгија, Холандија и Луксембург го склучиле Шенгенскиот договор. |
1985 | Фолкландската војна завршила со безусловно предавање на аргентинските сили на британците. |
1993 | Тансу Чилер стана прва жена премиер во историјата на Турција. |
1996 | Во Скопје е отворен Британскиот информативен центар. |
Родени:
Починале:
847 | Методиј I — цариградски патријарх. |
1837 | Џакомо Леопарди — италијански поет. |
1904 | Јован Јовановиќ - Змај — српски писател. |
1934 | Симеон Кавракиров — македонски револуционер. |
1943 | Веселин Маслеша — босански писател и партизан. |
1968 | Салваторе Квазимодо — италијански поет. |
1986 | Хорхе Луис Борхес — аргентински писател. |
1994 | Хенри Мансини — американски филмски композитор. |
1995 | Рори Галагер — ирски блуз и рок-музичар. |
2009 | Боре Ангеловски — македонски глумец. |
2018 | Станислав Говорухин — руски филмски режисер и глумец. |
Празници:
* | Ден на знамето (САД). |