’Рскавични риби
Изглед
‘Рскавични риби Период: ран силур - денес | |
---|---|
Точкеста орлова раја, Aetobatus narinari | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Потколено: | ’Рбетници |
Класа: | ’Раскавични риби Хаксли, 1880 |
Поткласи и редови | |
Видете во текстот. |
’Рскавични риби' (науч. Chondrichthyes) — една од трите класи на денешните риби и се одликуваат со ’рскавичен скелет. Остри, забовидни лушпи познати како плакоидни плочки се својствени за сите ’рскавични риби и понекогаш тие се изменети во боцки. Забите, кои исто така се изменети плочки, обично не се споени со вилицата и периодично отпаѓаат и се заменуваат. Пловниот меур, кој кај коскените риби ја дава рамнотежата, отсуствува кај членовите на оваа класа; одговорен за рамнотежата на ’рскавичните риби е нивниот лесен ’рскавичен скелет. Некои ’рскавични риби имаат други модификации за лебдење во водата. Химерите, ајкулите, лизгачите и раите припаѓаат на оваа класа.
Таксономија
[уреди | уреди извор]- Класа ’Рскавични риби (Chondrichthyes)
- Поткласа Плочестожабрени (Elasmobranchii) (ајкули, раи, лизгачи)
- Надред Раи (Batoidea) (раи и лизгачи), во кој спаѓаат редовите:
- Ромпски раи (Rajiformes) (обичните раи и лизгачи)
- Пилоносни раи (Pristiformes) (пилоносна раја)
- Електрични раи (Torpediniformes)
- Надред Ајкули (Selachimorpha), во кој спаѓаат редовите:
- Многужабрени (Hexanchiformes). Постојат две фамилии во овој ред. Видовите од овој ред се разликуваат од другите ајкули по тоа што имаат дополнителни жабрени цепнатинки (шест или седум). Примероци од оваа група се кравјата ајкула, ајкулата со набори, па дури и ајкула која на прв поглед личи на морска змија.
- Двогрбноперкови (Squaliformes). Тука спаѓаат три фамилии со повеќе од 80 видови. Овие ајкули имаат две грбни перки, често со боцки, и немаат анална перка. Поседуваат заби дизајнирани за сечење, сместени на горните и долните вилици. Претставник од оваа група е кучешката ајкула.
- Пилоносни ајкули (Pristiophoriformes). Во овој ред се наоѓа една фамилија. Овде спаѓаат ајкули со издолжена и забеста рилка која ја користат за рассечување на рибите со кои се исхрануваат.
- Морски ангели (Squatiniformes). Во овој ред има една фамилија. Овие се рамни ајкули слични на раите и лизгачите, а се разликуваат од нив по тоа што жабрените цепнатинки им се сместени од страните на главата (како и кај сите други ајкули). Тие имаат опашна перка чиј долен дел е многу подолг отколку горниот.
- Разнозаби ајкули (Heterodontiformes). Има една фамилија во овој ред. Претставниците поседуваат различни заби за кршење на черупки од школки.
- Orectolobiformes. Овој ред брои седум фамилии. Вклучува: зебраста ајкула, вобегонг и најголемата риба воопшто - китовска ајкула.
- Пилозаби ајкули (Carcharhiniformes). Редот има осум фамилии. Тој е и најголемиот ред на ајкули, со преку 200 видови. Ја вклучува сината ајкула, тигровата ајкула, биковата ајкула, гребенската ајкула, океанската беловрвна ајкула, морската мачка, ловечката ајкула и чеканоглавата ајкула. Се препознаваат по издолжената рилка и мигателната мембрана која ги зашттитува очите за време на напад.
- Ламни (Lamniformes). Во овој ред има седум фамилии. Познати се и како мекерелови ајкули. Тука спаѓа гоблин ајкулата, уживачката ајкула, мегамутот, тепачката ајкула, мако ајкулата и големата бела ајкула. Се разликуваат по нивните големи вилици и ововивипарното размножување. Во ламни спаѓа и изумрениот мегалодон (Carcharodon megalodon), кој како и повеќето изумрени ајкули, е познат само по забите - единствената коска кај овие ’рскавични риби.
- Надред Раи (Batoidea) (раи и лизгачи), во кој спаѓаат редовите:
- Поткласа Химери (Целоглави риби, Holocephali).
- Поткласа Плочестожабрени (Elasmobranchii) (ајкули, раи, лизгачи)