Тракиска гробница во Казанлак
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Критериум | Културен: i, iii, iv |
Навод | 44 |
Запис | 1979 (3то заседание) |
Координати | 42°37′33″N 25°23′57″E / 42.62576° СГШ; 25.39919° ИГД |
Тракиската гробница во Казанлак (бугарски: Казанлъшка гробница) е полукружна гробница од цигла во форма на кошница во близина на градот Казанлак во централна Бугарија. Споменикот датира од крајот на 4 век п.н.е., а од 1979 година се наоѓа на списокот на УНЕСКО за заштита на светското наследство.
Опис
[уреди | уреди извор]Гробницата е дел од поголема тракиска некропола. Се состои од тесен ходник и заоблена просторија за погребување, и двете украсени со мурали кои претставуваат тракиски пар за време на ритуална погребна свеченост.
За да се зачуваат цртежите, гробницата е затворена за јавноста, но изградена е реплика во соодветна димензија во близината.[1]
Жената од муралот се наоѓа на задната страна на бугарската монета во вредност од 50 стотинки, од 2005 година.[2]
Гробницата се наоѓа блиску до стариот тракиски главен град Севтополис.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Bulgaria Travel“. Архивирано од изворникот на 2016-03-30. Посетено на 2016-06-30.
- ↑ Bulgarian National Bank. Notes and Coins in Circulation: 50 stotinkas. – Посетено на 26 March 2009.