Трета битка на Ена
Трета битка на Ена | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од офанзивите во рамки на Пролетната офанзива. | |||||||
Западниот фронт, Јули 1918 |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Франција Обединето Кралство САД | Германско Царство | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Денис Аугуст Дишен Александар Хамилтон - Гордон | Ерих Лудендорф Принцот Вилхелм |
||||||
Сила | |||||||
Француска 6та Армија, Британски IX Корпус и подоцна 2 американски дивизии[Note 1] | Германска 1ва и 7ма Армија (преку 20 дивизии и 4,000 артилериски топови) | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
127,000 | 130,000 |
Трета битка на Ена (француски: 3e Bataille de L'Aisne) — германска офанзива за време на Првата светска војна, која траала од 27 мај до 6 јуни 1918 година. Целта на операцијата било заземање на испакнатината Шемин де Дамс, пред Американските експедитивени сили да пристигнат во Франција. Тоа била една од серијата офанзиви во рамки на Пролетната офанзива.[1][2][3]
Причини
[уреди | уреди извор]Испакнатината Шемин де Дам од Првата битка на Ена во септември 1914 до 1917година ја држеле Германците, но генерал Манжен ја зазел во тек на Втората битка на Ена. Ерих Лудендорф испланирал операција за заземање на таа позиција и бил убеден дека успехот на Ена на германската војска ќе ѝ овозможи да дојде во близина на Париз, дотолку што Париз би бил во домет на нивната артилерија. Ерих Лудендорф мислел дека поради тоа сојузниците ќе мораат да се придвижат од Фландрија за да помогнат во одбраната на Париз. Тоа на германската армија би и овозможило лесно да ја заземе Фландрија. Поради тоа Битката на Ена изгледала како еден напад кој го свртува вниманието од главната цел. Со одбрана на реката Ена командувал генерал Денис Аугуст Душен, командант на Шестата француска армија. Освен тоа Четвртата дивизија на Деветтиот британски корпус под команда на Александар Хамилтон Гордон го држеле Шемин де Дам.
Битка
[уреди | уреди извор]Германците го започнале нападот во зора на 27 мај 1918 година со артилериски оган од 4.000 топови. Британци имале огромни загуби, бидејќи биле концентрирани на мала оддалеченост, па станале лесна мета. По артилериска претходница уследило испуштање на бојни отрови, по чие дејство уследил главен напад на 17 германски пешадиски дивизии, предводени од престолонаследникот Вилхелм, најстариот син на германскиот кајзер Вилхелм II. Сојузничките обрамбени линии биле слаби и не можеле да го запрат нападот. Германската армија создала дупка од 40 километари во сојузничките линии. За шест часа Германците дошле до реката Ена. Пробиле одбрана на 8 сојузнички дивизии, кои биле на линијата од Ремс до Соасон и ги потиснале сојузниците до реката Вел и до ноќта напредувале дополнителни 15 километри. Изгледало дека Германците ќе остворат голема победа. Германците заробиле околу 50.000 сојузнички војници и над 800 топови до 30 мај 1918 година. Кога со напредување, на 3 јуни дошле на 56 километари од Париз се соочиле со многубројни проблеми. Снабдувањето станало критично, војската била исцрпена по жестоки борби, недостасувале резервни сили, а бројот на загубите се зголемил под постојаните сојузнички противнапади, а малку подоцна во битката влегле и две свежи американски дивизии. Американските дивизии биле речиси двојно поголеми од француските. По многуте успешни сојузнички противнапади, Германците на 6 јуни 1918 година запреле на Марна, слично како и во поранешните дветеофанзиве истата година во март и април.
Последици
[уреди | уреди извор]Французите имале 98.000, а Британците жртви 29.000, Германските загуби биле речиси исти. Францускиот врховен командант Филип Петен го сменил Денис Душен поради лошото командување со француска и британска војска. Американците пристигнале на фронтот и првпат се покажале во борбени операции. Ерих Лудендорф бил охрабрен со добивки во тат офанзива, па ја лансирал новата офанзива која довела до Втората битка на Марна.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Evans, M. M. (2004). Battles of World War I. Select Editions. ISBN 1-84193-226-4.
- ↑ Hart, Peter (2008). 1918: A Very British Victory, Phoenix Books, London. ISBN 978-0-7538-2689-8
- ↑ Ward, Alec (2008). A Young Man's War, Medlar Press. ISBN 978-1-899600-84-7
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Америнакските дивизии биле двапати побројни од тие на Британсија, Франција и Германија (со полна опрема од по 20,000 секоја).
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Прва битка на Ена (13–28 септември 1914)
- Втора битка на Ена (април-мај 1917 година) и