Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Томар

Координати: 39°29′17″N 20°47′28″E / 39.488° СГШ; 20.791° ИГД / 39.488; 20.791
Од Википедија — слободната енциклопедија
Томар
Τόμαρος
Поглед кон планината
Највисока точка
ВрвТомар
Надм. вис.1.974[1] м
Координати39°29′17″N 20°47′28″E / 39.488° СГШ; 20.791° ИГД / 39.488; 20.791
Географија
Томар на карта

Карта

МестоЈанинско, Епир
Матичен венецПинд
Карта

Томар (позната и како Томарос, Тимарис или Олцика; грчки: Τόμαρος, Τμάρος или Ολύτσικας[2]) — планина во Јанинско, Епир, Грција, дел од венецот Пинд.

Потекло на името

[уреди | уреди извор]

Името потекнува од два грчки збора: темно (τέμνω) и орос (όρος), темно со значење сече, додека вториот збор орос, значи планина.[3] Всушност, името значи „остра планина“.

Според втората верзија, името потекнува од илирскиот епоним Temus, со можно значење „мрак“.[3]

Географија

[уреди | уреди извор]

Планината се наоѓа во јужниот дел на Јанинско и се протега во правец североисток-југоисток. Се одводнува од реките Ахерон и Лурос.[2]

Најблиски околни планини се Џумерка и Сулиотските Планини на запад, Заркорахи на југ, Ксеровуни на југоисток и Горила на југозапад, од која е одделена со превојот Липа (720 м). Најблискиот град е Јанина, сместен северозападно од планината. Други населени места на планината се Либјахово и Липа на југозападниот, Грачана и Багуси на северозападниот и Драмеси, Копани и Црковишта во источниот дел. Автопатот „Егнатија“ (А2) (Игуменица - Јанина - Кожани - Солун - Дедеагач) поминува северно од планината.[2]

Највисокиот врв, исто така Томар (познат и како Голема Олцика), се издига на 1.974 метри надморска височина. Други врвови на планината се Бело (1.820 м), Лакомата (1.665 м), Лахано (1.483 м), Луца (1.330 м), Големо Литари (1.348 м), Пророк Илија (1.063 м), Рахи Моцу (1.540 м) и Селома (1.840 м).[2]

Карпите на планината се варовници и помалку флиш.[2]

Врвот може да се искачи западно од месноста Пророк Илија (900 м) или од селото Варјадес (760 м), во јужниот дел од планината за околу 3 часа. Врвот Селома (1.840 м) може да се искачи од селото Црковишта (730 м) за околу 3 часа и половина.[2]

Во подножјето на планината, во непосредна близина на селото Црковишта се наоѓаат остатоците на древниот град Додона. Во него, имало светилиште посветено на Зевс, каде што живеел најстариот антички грчки јасновидец, еден од најпрестижните после Делфи.[4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Oreivatein.com“. Архивирано од изворникот на 2021-10-27. Посетено на 27 април 2024.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 337–338. ISBN 978-960-86676-6-2.
  3. 3,0 3,1 Бернард Кук, Артур (1940). Zeus: A Study in Ancient Religion. III (II. изд.). The University Press.
  4. „encyclopedia.farlex.com“. Архивирано од изворникот на 2012-04-08. Посетено на 27 април 2024.