Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Тим Хауард

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тим Хауард
Лични податоци
Роден на 6 март 1979(1979-03-06)(45 г.)
Роден во Њу Џерси, САД
Држава САД САД
Висина &100000000000001910000001,91 м
Играчки податоци
Позиција голман
Повлекување 1 декември 2020 (41 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1997–1998 Норт Џерси Империалс 16 (0)
1998–2003 МетроСтарс 88 (0)
2003–2007 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 45 (0)
2006–2007Евертон Евертон 25 (0)
2007–2016 Евертон Евертон 329 (1)
2016–2019 Колорадо Рапидс Колорадо Рапидс 100 (0)
Репрезентација
2002-2017 САД САД 121 (0)
* Ажурирано на: 12 март 2017
** Ажурирано на: 28 јули 2017

Тимоти Метју „Тим“ Хауард (роден на 6 март 1979 година) — поранешен американски фудбалер, кој играл на позицијата голман.

Хауард ја започнал својата кариера во Норт Џерси Империалс пред да се пресели во МетроСтарс во МЛС. Со неговите настапи во многу скоро време го привлекол вниманието на Манчестер Јунајтед, за кој потпиша во 2003 година. Тој уживал релативен успех со нив, освојувајќи го Комјунити Шилд во 2003, а потоа ФА Купот во сезоната 2003-04 како и Лига купот една сезона подоцна. Меѓутоа, со доаѓањето на Едвин ван дер Сар во Јунајтед, Хауард испаднал од почетната постава и во сезоната 2006-2007, заминал на заем во Евертон. Во февруари 2007, година потпишал постојан договор со Евертон и бил нивен незаменлив чувар на мрежата во следните десет години. На 4 јануари 2012 година, Хауард го постигна неговиот прв гол во професионалната кариера против екипата на Болтон. Ова го направило четвртиот голман во Премиер лигата кој успеал да постигне гол.

Хауард првпат ја претставувал својата репрезентација на САД во 2002 година и бил неискористена замена на Светското првенство 2006. Тој подоцна се стабилизира како прв избор и ги започнал сите натпревари на САД на Светското првенство 2010 и Светското првенство 2014 каде што неговата репрезентација била елиминирана во осминафиналето.

Англија Манчестер Јунајтед

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]