Схокланд
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Воздигнување на поранешниот остров е јасно видливо | |
Место | Нордостполдер, Холандија |
Критериум | Културолошки: iii, v |
Навод | 739 |
Запис | 1995 (XIX заседание) |
Површина | 1,306 ха |
Мреж. место | schokland.nl/en/ |
Координати | 52°38′03″N 5°46′40″E / 52.634183° СГШ; 5.777875° ИГД |
Схокланд ― поранешен остров во холандскиот Зојдерзе, во општината Нордостполдер. Схокланд бил издолжен појас со тресетско земјиште што престанало да биде остров кога Нордостполдер бил вратен од морето во 1942 година. Сега е само малку покачен дел од полдерот, со сè уште делумно недопрен потпорен ѕид на крајбрежјето на Миделбурт. На 1 април 2014 година, имало 8 жители[1] но според статистичката служба на Холандија, пет луѓе живеат на поранешниот остров.[2]
Схокланд бил привлечна населба во средниот век кога била многу поголема, но до 19 век била под постојана закана од поплави поради порастот на нивото на морето. Дотогаш Схокландците се повлекле на трите највисоки делови: Емелорд, Моленбурт и Миделбурт. Големата поплава во 1825 година донела огромно уништување, а во 1859 година власта одлучила да стави крај на трајното населување на Схокланд. Поранешната општина Схокланд била приклученаи кон Кампен на главното копно.
Денес Схокланд е познато археолошко наоѓалиште и домаќин на музејот Схокланд. Схокланд било првото светско наследство на УНЕСКО во Холандија.
Јавен превоз
[уреди | уреди извор]Најблиските железнички станици се во Кампен и Дронтен.
Автобуската линија 682 работи од Кампен и го опслужува Схокланд.
-
Схокландската црквата во Миделбурт
-
Црквата со морскиот ѕид
-
Црквата
-
Глацијален блок.
-
Рушевини од црква кај Енс
-
Схокланд гледан од север
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ (холандски) Feiten en cijfers Архивирано на 19 април 2014., Општина Нордостполдер
- ↑ "The Island on Dryland: the Dutch Island of Schokland", Radio Netherlands Archives, 4 февруари 2001