Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Спиење

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спиење
Спиење

Спиењето е биолошка состојба што се состои од NREM и REM фази. Спиењето зазема третина од нашето постоење коешто активно е генерирано од празнењето на одредени неврони во одделни делови од мозокот. Тоа е неопходно за нашето физичко и ментално здравје.

Како што земјата се врти околу сонцето, така и ние како дел од неа ги чувствуваме промените што се случуваат континуирано во период од 24 часа. Кога земјата ќе се сврти кон сонцето со некоја своја страна велиме дека настапува ден и обратно, кога ќе се сврти спротивно од сонцето тогаш велиме дека настапува ноќ. Кога ние заспиваме и кај нас доаѓа ноќта, така од другата страна луѓето се будат и најголемиот дел од нив го поминуваат денот будни. Се чини дека тој период од 24 часа во нашата средина има големо влијание на нашиот одмор и на нашиот активен циклус. Затоа се поставува прашањето дали ако имаме цело време ден или ако имаме цело време ноќ, односно немаме промена, дали тоа ќе влијаеше на нашиот биоритам, нашите активности и нашиот одмор. Со ова излагање ќе го одговориме и тоа прашање.

Значи, имаме две состојби во кои можеме да се наоѓаме, состојба на будност и состојба на сон кои две состојби се основа на секоја човечка состојба. Можеме да бидеме во двете состојби кога ќе посакаме. Можеме да бидеме во состојба на спиење и да се разбудиме и да ги извршуваме нашите активности кои ги правиме секој ден или ноќ во зависност како сме одбрале да ги извршуваме, но потребата за сон има големо влијание на нашите животи. Доколку не спиеме одредено подолго време или ја намалиме количината на сон до некое ниско ниво тогаш потребата од сон е сè поголема, па понекогаш поважна работа и од самиот живот. Понекогаш не можеме да останиме будни па макар и ни се заканува смрт. Така доколку некој возач заспие над воланот додека управува со своето возило и покрај тоа што тој знае дека тоа не треба да се случи, затоа што неговиот сопствен живот и животот на неговите сопатници е во опасност, но тогаш поспаноста ја зема својата жртва и прекасно е да се направи што и да било. Понекогаш потребата за сон е толку силна што едноставно не може да биде избегната. Самото тоа кажува дека сонот е витална работа за нашето здравје и опстанок. Уште од прастаро време па до денес луѓето го организираат своето време и условите во кои работат и живеат, па и самото нивно општество и потребата за спиење. Порано пештерите, а до денес и куќите, хотелите и другите објекти за спиење се прават за да можеме сигурно да ја поминеме ноќта во сон. Денес сè повеќе ја користиме ноќта за нашите активности и денот за спиење. Она што го работиме сега е да нашиот живот е сè повеќе поминат во ноќта отколку во ден.

Ако некои функции на мозокот се одвиваат додека спиеме тогаш дали може истите тие функции да се одвиваат додека сме будни и дали може спиењето тогаш да не постои? Зошто спиеме? Како спиеме? Што правиме додека спиеме? ... Ова се мистериите кои се појавуваат кога мислиме на спиењето. За да можиме да продолжиме понатаму мораме да си го поставиме прашањето: “Што е сонот?”

Овде мораме да кажеме дека проблемот за дефинирање на спиењето бил премногу компликуван уште пред две декади кога било забележано т.н. rapid eye movements (REMs) (рапидното мрдање на очите) додека спиеме што е покажувач на биолошката состојба и затоа го добиваме името “REM sleep”. REM спиењето е фаза кај која истовремено двете очи синхронизирано се мрдаат при што активноста на автоматскиот нервен систем е нерегулиран и забрзан. Мерките на активност на централниот нервен систем фактички силно сугерираат на тоа дека мозокот достигнува врв на активноста додека трае REM спиењето. NREM sleep, во контраст имаме недостаток од мрдање со очите и трепкање, има друг шаблон, кој е синхронизиран и забавен и изгледа на шаблон од автоматска функција. Спиењето е генерално проследено со забавена мозочна активност, но теориите до ден денес продолжуваат.

Тешко е да се разбере популарниот стереотип на спиењето додека мозокот е исклучен, што е аналогно на автомобил кој стои во гаража со исклучено палење и мотор без звук. Овој поглед исто така ја поставува метафората дека мозокот мора да се одмори. Повеќе од случајно е дека мозокот мора да се одмори отколку некој друг дел од телото, како што е на пример црниот дроб.

Сега се запрашуваме што е со другите активности кои ги правиме додека спиеме. Така на пример превртувањето во креветот, трепкањето, рапидното мрдање на очите итн. Како се случуваат тие работи кога велиме дека мозокот е исклучен, односно со намалена активност. Всушност невролошката активност е екстремно жива, односно покачена, во некои делови, односно области, во мозокот додека имаме NREM спиење.

Пософистицитани мерења покажале дека додека REM спиењето е во тек некои моторни функции прекинуваат како и некои рефлекси. Од друга страна некои експерименти и мерења покажале дека имаме покачена активност во некои делови од мозокот додека сме во состојба на REM спиење отколку додека сме будни.

Што е Спиењето?

[уреди | уреди извор]

Секој од нас знае што е спиењето. Секој го има почувствувано тоа. Никој од нас не знае точно што е спиењето. Еднаш ние сме затворени во една дилема помеѓу супер тивката фаза која е многу поинаква од онаа фаза кога сме будни и дознаваме дека најголемите прашања за природата на спиењето се неодговорени. Овие прашања се:

Што ни се случува нас додека спиеме?

[уреди | уреди извор]

Она време пред да заспиеме некои научници го проучувале научно и го пронашле одговорот, а тоа е дека спиењето е фаза во која “се е забавено или стопирано”. Овој одговор можеме да кажеме дека е неточен. Исто така нашите тела се мрдаат помалку и ние правиме помалку бука отколку кога сме будни, има многу комплексни промени во мозокот и размислувањата додека спиеме што не може да се опише со едноставно редуцирање на активностите. За пример, има нервни клетки во нашиот мозок кои ослободуваат 5 до 10 пати повеќе честота додека спиеме отколку додека сме будни.

Зошто спиеме?

[уреди | уреди извор]

Со милениуми луѓето го знаеле одговорот, а тоа е дека спиењето е фаза на неактивност и така мора да биде заради тоа што ни е потребен одмор. Овој одговор е исто така, најверојатно, неточен. Некои научници сѐ уште веруваат дека овој одговор е веродостоен, односно дека е вистинит, но повеќето научници се сомневаат во тоа. Повеќето активности додека сме будни не предизвикуваат повеќе спиење и физичкиот одмор не ја брише ургентноста за спиење, ами може само да ја зголеми. Повеќето одговори на ова прашање се повеќе теории, но во никој случај не се факти.

Што се механизмите за спиење?

[уреди | уреди извор]

Доколку веруваме во тоа дека спиењето е фаза на неактивност што ни е потребна за одмор тогаш не би требало да се занимаваме со ова прашање за механизмите на спиењето, како тоа почнува и како се одржува. Тогаш одговорот е премногу лесен, а тоа е дека кога нашите тела и нашите мозоци ќе се заморат тогаш тие едноставно не се грижат и престануваат да работат. Овој одговор е секако грешен. И покрај тоа што ние сѐ уште точно не ги знаеме сите одговори за тоа како спиењето работи, научниците сега знаат дека постојат механизми во мозокот кои го започнуваат и го одржуваат спиењето. За пример, кога некои посебни делови од мозокот се уништуваат или се неактивни од хемикалиите кои ја спречуваат активноста на нервите, спиењето може да биде редуцирано или некои фази на спиењето можат да бидат елиминирани целосно.

Целиот овој концепт за кој досега излагавме еволуира во последните 35 години и не смееме да помислиме дека ова е крајот на сите достигнувања на научниците. Значи досега заклучивме дека спиењето има свои механизми на започнување и одржување на тој процес. Многу голем прогрес е направен, но целосно не можеме да кажеме дека сите овие прашања се целосно разрешени, прашањата за природата на спиењето, но научниците продолжуваат на својата работа. Во нивните пронаоѓања, научниците дошле до заклучокот дека мора да се пронајде дефиниција за тоа што е спиење, за да може да се продолже со работата и да се одговараат прашањата поврзани со спиењето. Дефиницијата за спиењето треба да се рефлектира врз она што ние најчесто подразбираме под спиење. Затоа ние мораме да се запрашаме самите какви набљудувања ние треба да направиме над другите што ќе ни даде до знаење дека тие спиат. Ние најчесто не се запрашуваме за ова прашање, но ако си го поставиме, ние ќе излеземе со следните состојби:

Мали движења

[уреди | уреди извор]

Одење, зборување, пишување итн. вообичаено ги спречуваат нашите судови за спиењето. Значи обично велиме дека луѓето што ги изведуваат овие активности не се во фаза на спиење.

Стереотипни положби

[уреди | уреди извор]

Најчесто ние легнуваме кога ни се спие и така заспиваме, со многу ретки исклучоци. Затоа е сигурно да се каже дека луѓето, на пример, што стојат на раце не се заспани.

Редуциран одговор на симулација

[уреди | уреди извор]

Ние не одговараме на ниско интензивни звуци или допири кога спиеме, кои би ги осетиле доколку би биле будни.

Превртливост

[уреди | уреди извор]

Ние знаеме дека ние можеме да се разбудиме од спиење (со исклучоци за настан на кома или смрт) .

Овие состојби ја даваат дефиницијата за спиењето која кореспондира, односно соодветствува, со концептот на Layman за спиењето. Како и да е научниците многу малку го проучуваат спиењето преку набљудување на однесувањата додека настапува спиењето. Една од причините е тоа што тестовите што сакаме да ги направиме можат да ја прекинат состојбата на спиење. Втора причина е тоа што набљудувањето и забележувањето на однесувањето се многу досаден и многу долг процес. Во практика научниците го дефинираат спиењето со некои одредени физиолошки мерки кои се толку добро корелирани со спиењето што земање на мерка на еден претставува добра мерка за друг. Исто така овие мерки ни даваат и други податоци, како што се различни видови и фази на спиењето кои не се забележителни во набљудувањето на однесувањето. Сега ќе започнеме со опишувањето на физиолошките мерења за спиењето на еден млад возрасен човек. Отклонувањето од овие шеми за различни видиви и за различни старосни групи ние ќе ги опишиме во оваа кратка содржина. Традиционално, три примарни мерки се употребуваат за дефинирање на физиолошкото спиење и различни физиолошки фази на спиењето (сл. 1). Тие се:

Електроенцефалограмот

[уреди | уреди извор]

Кој е конвенционално познат како EEG и е популарно познат како мерач на мозочни бранови. Тој е пронајден во 1929 од Ханс Бергер, швајцарски психијатар. Тој пронашол дека мали промени се прават во волтажата помеѓу два мали делови од метал, наречени електроди, кога ќе се постават со контакт со кожата. Со намера да ги измери промените на таа волтажа, тие биле измерени во различни варијанти, биле изразени во Hz и амплитуди, изразени во миливолти. Точните физиолошки основи на овие варијации на волтажа не се целосно познати, но се верува дека тие се променуваат од волтажата на мембраните на нервните клетки.

Електроосцилограмот

[уреди | уреди извор]

Ги бележи движењата на очите, конвенционално познати како EOG. Електродата која е поставена на кожата близу до окото ќе бележи промени во волтажата додека окото ротира во своето легло.

Електромиограм

[уреди | уреди извор]

Конвенционално е познат како EMG и е резултат од електричната активност која ја истакнува активноста на мускулите. EMG-то обично е забележано под брадата кај луѓето, во оваа област се прикажуваат драматични промени со промените на фазите на спиењето.

Во практиката, EEG, EOG и EMG се симултано запишани на подвижна хартија со што зависноста помеѓу нив може да се виде веднаш. Следните примери се типичните промени забележани во овие три мерења кои се извршени во состојба на будност и главната фаза на спиење (сл. 2 и 3).

Слика 2 - EEG Фази.

EEG-то се менува наизменично поеѓу две главни шеми за време на будност. Една е слаба волтажа (помеѓу 10-30 микроволти) и брза активност (16–25 Hz or cycles per second), најчесто се нарекува активација или дезинхронизирана шема. Другата е синусоидна 8–12 Hz шема или околу 20-40 микроволти кој се вика алфа активација.

Слика 3. Полиграфски резултати во будна состојба кај млад возрасен човек.

ФАЗА 1
Алфа активноста се зголемува, активноста е ретка и EEG-то содржи најмногу ниска волтажа, мешана честотна активност, најмногу 3–7 Hz. REM е отсутно, но бавно мрдање на очите сепак се забележува.
ФАЗА 2
Наспроти континуираната ниска волтажа, мешаната честотна активност, најчесто достигнува 12–14 Hz, синусоидни бранови се појавуваат во EEG-то. Мрдањето на очите е ретко.
ФАЗА 3
Висока амплитуда (>75 μV), бавни (0.5–2 Hz) бранови наречени (делта бранови) се појавуваат во EEG-то; EOG-то и EMG-то продолжуваат без промени како и претходно.
ФАЗА 4
Имаме квантитативно зголемување на делта брановите со што доаѓа до доминација на EEG-то.

Спиењето како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Спиењето како мотив во книжевноста

[уреди | уреди извор]

Спиењето како мотив во популарната музика

[уреди | уреди извор]
  • „Спиј“ (англиски: Sleep) — песна на американската хардкор-панк група Adrenalin O.D..[10]
  • „Спиење со години“ (англиски: Sleeping For Years) — песна на англиската рок-група Atomic Rooster од 1970 година.[11]
  • „Јас само спијам“ (англиски: I'm Only Sleeping) — песна на британската рок-група Битлси (The Beatles) од 1966 година.[12]
  • „Премногу спиење“ (англиски: Too Much Sleep) — песна од истоимениот музички албум на американската рок-група Bongwater од 1989 година.[13]
  • „Не можеш да одиш додека спиеш (Ако не можеш да спиеш)“ (англиски: You Can't Walk In Your Sleep (If You Can't Sleep)) — песна на американската рок-група Go-Go's од 1981 година.[14]
  • „Спиењето нема имот“ (англиски: Sleep Has No Property) — песна на англиската музичарка Дениел Дакс (Danielle Dax) од 1987 година.[15]
  • „Движење додека спиеш“ (англиски: Moving In Your Sleep) — песна на американската поп-рок група The dB's од 1981 година.[16]
  • „Како спиеш?“ (англиски: How Do You Sleep?) — песна на англискиот рок музичар Џон Ленон од 1971 година.[17]
  • „Спиј долго“ (англиски: Sleep Long) — песна на американската рок-група Operation Ivy.[18]
  • „Длабоко спиење за Стивен“ (англиски: A Deep Sleep For Steven) — песна на британската рок-група Pale Saints од 1990 година.[19]
  • „Спиење“ (англиски: The Sleep) — песна на американската треш-метал група Пантера од 1990 година.[20]
  • „Големо спиење“ (англиски: Big Sleep) — песна на шкотската рок-група Симпл мајнд (Simple MInds) од 1982 година.[21]
  • „Зошто спиеме?“ (англиски: Why Are We Sleeping?) — песна на англиската рок-џез група Софт машин (Soft Machine) од 1968 година.[22]
  • „Пеење додека спијам“ (англиски: Singing In My Sleep) — песна на новозеландската рок-група Чилс (The Chills) од 1990 година.[23]
  1. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 106-107.
  2. Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 117.
  3. Блаже Конески, 'Везилка. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 17.
  4. Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 66.
  5. Очудувања 3. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 15-16.
  6. Очудувања 3. Скопје: Бегемот, 2019, стр. 17-18.
  7. Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993.
  8. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 60.
  9. Карел Чапек, Раскази од другиот џеб, Темплум, Скопје, 2012.
  10. Discogs, Adrenalin O.D. – The Wacky Hi-Jinks Of Adrenalin O.D. (пристапено на 6.11.2022)
  11. DISCOGS, Atomic Rooster – Death Walks Behind You (пристапено на 27.11.2021)
  12. Discogs, The Beatles ‎– Revolver (пристапено на 14.7.2020)
  13. DISCOGS, Bongwater – Too Much Sleep (пристапено на 1 јули 2021)
  14. DISCOGS, Go-Go's – Beauty And The Beat (пристапено на 25.10.2022)
  15. Danielle Dax – Inky Bloaters (пристапено на 25.6.2022)
  16. DISCOGS, The dB's – Stands For Decibels (пристапено на 19.4.2024)
  17. DISCOGS, John Lennon ‎– Imagine (пристапено на 18.4.2020)
  18. Operation Ivy – Operation Ivy (пристапено на 31.5.2023)
  19. DISCOGS, Pale Saints – The Comforts Of Madness (пристапено на 8.6.2023)
  20. Pantera – Cowboys From Hell (пристапено на 15.9.2023)
  21. DISCOGS, Simple Minds ‎– New Gold Dream (81-82-83-84) (пристапено на 30.8.2019)
  22. The Soft Machine* – The Soft Machine (пристапено на 19.4.2024)
  23. DISCOGS, The Chills ‎– Submarine Bells (пристапено на 17.8.2021)