Сопот (Бугарија)
Сопот Сопот | |
---|---|
град | |
Поглед на центалниот плоштад во Сопот | |
Местоположба на Сопот во Бугарија | |
Координати: 42°39′14″N 24°45′18″E / 42.653911° СГШ; 24.755016° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Пловдив |
Општина | Сопот |
Управа | |
• Градоначалник | Станислав Стоенчев (БСП) |
Површина | |
• Вкупна | 36,37 км2 (14,04 ми2) |
Надм. вис. | 417 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 8,595 |
• Густина | 240/км2 (610/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 4330 |
Повик. бр. | +359 03134 |
Мреж. место | sopot-municipality.com |
Сопот (бугарски: Сопот) — град во Јужна Бугарија, административен центар на општината Сопот во Пловдивската Област. Има население од околу 8.595 жители (2022).[1]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Сопот се наоѓа во плодната Стрјамска Долина во самото подножје на Стара Планина, а се наоѓа на 5 километри западно од Карлово, 63 километри северно од регионалниот центар Пловдив и 136 километри источно од главниот град Софија.
Историја
[уреди | уреди извор]За време на бугарската национална преродба (19 век) бил наречен „Убавиот (Герџик) Сопот“ поради неговиот процут во занаетчиството и трговијата. Граѓаните на Сопот произведувале домашен текстил, гајтани, крзно и кожа со висок квалитет и тргувале претежно низ Отоманската Империја.
Сопот бил важен центар во делото на револуционерот Васил Левски. Тој бил примен за монах на 24 ноември 1858 година во Сопотскиот манастир „Свети Спас“ под името Игнатиј. Тука, во 1869 година, Левски создал еден од првите револуционерни комитети во Бугарија.
„Убавиот Сопот“ потонал во пламенот на Руско-турската војна (1877-1878). Градот бил запален во 1877 година, а населението било масакрирано или истерано. Од 6.000 население, над 900 биле убиени или изнемоштени од глад, немаштија и болести во рок од шест месеци, до конечното, второ ослободување на градот на 1 јануари 1878 година (според стариот календар).
Од почетокот на 20 век, Сопот почнал да закрепнува, а до времето на Балканските и Првата светска војна, неговото население речиси двојно се зголемило. Во 1936 година започнала изградбата на Државната воена фабрика, која официјално била отворена во 1939 година. Тоа дало невиден поттик за развојот на Сопот и регионот. За време на Втората светска војна, на 26 јуни 1944 година, градот и Државната воена фабрика биле бомбардирани од ескадрила на британско-американските воздухопловни сили, без жртви и без сериозна штета или загуба ниту на градот ниту на фабриката.
Помеѓу 1950 и 1965 година, градот бил наречен Вазовград, по што повторно бил преименуван во Сопот.
Вазовски машиносителни заводи
[уреди | уреди извор]„Вазовски машиносителни заводи“ ЕАД (скратено ВМЗ, често ВМЗ Сопот) е бугарско државно претпријатие за производство на муниција со седиште во Сопот.
Главното производство на претпријатието се противтенковски гранати и друга артилериска муниција, неводени авијациски ракети и детонатори. Обемот на продажба во 2017 година изнесува 536 милиони лева, добивката – 150 милиони лева, а бројот на вработени – околу 4.600 луѓе.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.