Скафандерско нуркање
Скафандерско нуркање, површински-снабдувано нуркање или несамостојно нуркање (наречено и „хука нуркање“) е нуркање со доток на гас за дишење по пат на таканаречена „папочна врвца“ од „пловило“ на површината, т.е. непосредно од помошно нуркачко пловило но можеби и индиректно, преку нуркачка комора.[2] Нуркачката опрема, која нашироко се употребува за рекреативно нуркање, е главната алтернатива на површински-снабдуваната нуркачка опрема.
Со вакво нуркање главно се занимаваат професионални и воени нуркачи заради големиот трошок и сложеноста за операриање на ваквата опрема.[3][4] Ваква опрема се користи и за заситено нуркање. Нуркачите на главата носат нуркачки шлем или пак целосна нуркачка маска со доток од површината. Површински снабдуваните нуркачи користат и сферичен шлем со окна од месинг и стакло, како историскиот нуркачки скафандер.
Во опремата за површински-снабдувано нуркање обично спаѓа и апарат за комуникација со површината, која дава не само сигурност, туку и ефикасност во работата. Вака нуркачот не би требало да има моменти без воздух бидејќи вака на површината истрошениот цилиндар за довод може на време да се замени со нов.
Површински-снабдуваната опрема за нуркање е задолжителна во американската морнарица при нуркање во мошне загадени води.[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Curley, MD (1986). „Human Factors Evaluation of the Superlite 17B Helmet in the Surface- Supplied, Open-Circuit Mode“. US Navy Experimental Diving Unit Technical Report. NEDU-11-85. Посетено на 2008-09-09.
- ↑ Gernhardt, ML (2006). „Biomedical and Operational Considerations for Surface-Supplied Mixed-Gas Diving to 300 FSW“. In: Lang, MA and Smith, NE (eds). Proceedings of Advanced Scientific Diving Workshop. Washington, DC. Архивирано од изворникот на 2009-08-05. Посетено на 12 септември 2008. Укажано повеќе од еден
|location=
и|place=
(help) - ↑ Beyerstein, G (2006). „Commercial Diving: Surface-Mixed Gas, Sur-D-O2, Bell Bounce, Saturation“. In: Lang, MA and Smith, NE (eds). Proceedings of Advanced Scientific Diving Workshop. Washington, DC. Архивирано од изворникот на 2009-08-05. Посетено на 2008-09-12. Укажано повеќе од еден
|location=
и|place=
(help) - ↑ Wilkins, JR (2006). „US Navy Diving Program: Diving to 300 Ft Depths Using Surface-Supplied and Saturation Fly-Away Diving Systems“. In: Lang, MA and Smith, NE (уредн). Proceedings of Advanced Scientific Diving Workshop. Washington, DC. Архивирано од изворникот на 2009-08-05. Посетено на 2008-09-12. Укажано повеќе од еден
|location=
и|place=
(help) - ↑ US Naval Sea Systems Command (2004). „Guidance for diving in contaminated waters“. US Navy Contaminated Water Manual. SS521-AJ-PRO-010. Архивирано од изворникот на 2009-08-05. Посетено на 9 септември 2008.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Хука (англиски)