Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Северноафрикански поход

Од Википедија — слободната енциклопедија
Војници на Австралискиот баталјон на положба кај Тобрук, 24 април 1941

Пустинска војна

Две кампањи

[уреди | уреди извор]

- Источноафриканска кампања јуни 1940 – ноември 1941

- Северноафриканска кампања 10.06.1940 – 13.05.1943

Источноафриканска кампања

[уреди | уреди извор]

- Мусолини поради одврзаните раце за контрола на Средоземното Море сака да ја намали британската моќ во истото.

- Цел на Оската и Мусолини е затворање на патот на Британците од Индија до Средоземјето.

- Остварување на планот ќе се случи кога ќе се затвори влезот во Црвеното Море кај Аденскиот Залив.

- Поради ова Италијанците преземаат офанзиви. Бројчено надмоќни ги тераат Британците да се повлечат во Битката кај Туг Арган, по што Британците се повлекуваат преку градот Бербера.

- Италијанска Источна Африка сега се граничела со британска Кенија и Судан. - јануари 1941, од Аден (денешен Јемен) каде се повлекуваат, Британците преземаат контраофанзива, и преку Судан ја заземаат Еритреја. Во тоа време Италијанците се нападнати и од југ од домородна војска под раководство на Британците.

- Британските две воени групи тргнуваат да се пресметаат со италијанска Сомалија и да го завршат походот во главниот град на Абисинија - Адис Абеба. На 16 мај Италијанците се предаваат.

- Со ослободувањето на Абисинија, Британците го враќаат на власт и императорот Хајле Селасие кој со месното население ѝ помага на британската војска.

Северна Африка - пустинската војна

[уреди | уреди извор]

- Италијанските сили во Северна Африка се значително поголеми во однос на британските. Ген. командир на Британците на Блискиот Исток и Северна и Источна Африка е Арчибалд Вејвел од јули 1939 за зајакнување на одбраната на Суец. Западната пустина на египетската граница ги делела двете страни на фронтот.

- 13.9.1940 Италијанците напредуваат 80 киломентри во пустината и градат неефективен систем на фортификациони кампови поради нивната оддалеченост. Британците, иако бројчено послаби, ги напаѓаат и успеваат да направат голем пљачкашки напад.

- Британците немаат доволно војници да го капитализираат целосното италијанско повлекување до 3 јануари 1941 кога се намалува опасноста од освојување на британските острови па северноафриканските сили се засилуваат и успеваат да ја скршат италијанската одбрана на Сиренајка во операцијата Компас.

- Така се подготвил теренот за заземањето на Бенгази, но на 3.02.1941 Италијанците се спремаат да го напуштат градот. Британците ги пресретнуваат и успеваат да им го одземат оружјето.

- Со уништувањето на армијата на Грацијани, Bританците имаат пат до Триполи. Но, Черчил праќа дел од трупите да се спротивстави на германскиот напад на Грција. Таа можност за брзо разрешување на северноафриканската ситуација е изгубена. Британците ќе се соочат со генерал Ервин Ромел кој добива наредба да земе една механизирана единица за помош на Италијанците.

- Ромел со самото пристигнување во Триполитанија пробува офанзива со сите сили кои му се на располагање, да го зафати брегот кај Агхеила во што и успева и на 31 март продолжува со навлегување.

- Непочитувајќи наредби да ја задржи позицијата до мај, Ромел продолжува на 2 април. Британците се во конфузија и го евакуираат Бенгази. Германците на 6 април 1941 успеваат да ги заробат двајцата британски генерали - командири на Западната пустинска војска.

- Германците ја освојуваат Киренајка, освен гарнизонот во Тобрук кој ги одбива нападите. Ромел остава италијански гарнизон да ја држи опсадата на овој битен стратешки град кој ќе издржи и ќе ја намалува снабденоста на единиците на Оската.

- Ромел го достигнал градот Солум на египетската граница. Германската команда, загрижена за брзината на неговото напредување без Тобрук го праќа генерал Фон Паулус да го смири Ромел. Тој ќе прати извештај за слабата позиција на Ромел кој Британија ќе го пресретне. Черчил ќе почне да го притиска Вавел да почне контраофанзива.

- Германците добиваат засилувања од конвојот Тигар. Вејвел сакал да го заземе преминот Халфаја. Под команда на бригадниот генерал Гот акцијата „Храброст“ ќе доживее неуспех. Ромел мора да се вкопа со ПВО оружјето. Британците преминот Халфаја го нарекуваат Хелфаја (Hellfire, Пеколен оган).

- Под притисок од Черчил започнала операцијата „Воена секира“, која резултира со тотален крах на Британците, по што Черчил го праќа Вејвел во Индија.

- Со почетокот на операцијата Барбароса, силите на Ромел станале последен приоритет за германската логистика. Британците, опседнати да го убијат, праќаат во ноември 1941 година командоска единица зад линиите за да го ликвидира Ромел, кој не бил во својот генералштаб.

- Следниот ден е лансирана операцијата „Крстосувач“, која дала некакви резултати, но Ромел организирал успешна одбрана. Сепак, по тешки борби, Ромел се повлекува. Оваа операција за Британците е чиста победа која не ја искористиле поради немање засилувања.

- Во текот на декември, линиите за снабдување на нацистите се подобриле. На 26 декември одбиле еден британски напад, а месец дена подоцна направиле изненадувачка офанзива за Британците со која извојуваат значајна победа и стигаат до Газала на 4.2.1942 каде запираат два месеци.

- Черчил притискал кај Аучинлек да почне нов напад, но Ромел го престигнал и на 26.5.1942 ја почнал операцијата Венеција. На 6 јуни покрај неуспесите Ромел успеал да ги спречи противнападите и на 11 јуни ја скршил британската линија, која сега се извлекувала кон египетската граница. На 15 јуни се свртел кон Тобрук, за на 21 да ја заземе тврдината со огромни залихи. Ова ќе има последици за Оската, бидејќи Черчил, кој е на состанок со Рузвелт ќе добие понуда за помош од него.

- Ромел унапреден во фелдмаршал ги гони Британците, кои се засолниле во Ел Аламејн. Ромел го нападнал на 1 јули, но три недели неговата офанзива била во застој.

- Черчил го поставил Александар на местото на Аушинлек, a на местото на Гот кој загинал, дошол непознатиот пор. генерал сер Бернард Л. Монтгомери.

- 31.8.1942 Ромел го почнал, според него, последниот напад до Нил. Британците успеале да го задржат Ел Аламејн. Сега Монтгомери мирно спремал противнапад. Имал трипати повеќе војска од Ромел и голема воздушна поддршка. Битката за Ел Аламејн Монтгомери ја почнал на 23 октомври под името операција „Суперчарџ“ (Supercharge), а по првичните мали успеси направил уште една навала.

- Африканскиот корпус почнал да се распаѓа. Следните три месеци пустинската лисица бега од Монтгомери. Ромел стигнува до Триполи, а потоа и до Туниската граница на крајот на јануари 1943. Додека стигнал таму, уште една Сојузничка сила веќе го чекала. Неговата одлука за повлекување не била само слабоста во воената сила туку и новата ситуација со инвазијата на Мароко и Алжир во ноември 1942.

- Англо-американската инвазија се дискутирала уште од 1942. Под притисок на Сталин за трет фронт, Западните сојузници преговарале каде да се случи - напад на Европското копно од Британските Острови или британскиот план за инвазија на Северна Африка (Гимнастичарот и Супер гимнастичарот). Американците го прифатиле британскиот избор само ако американски генерал ја предводи акцијата. Така е избран Двајт Ајзенхауер на чело на акцијата за амфибиски напад на плажите од Мароко до Тунизија.

- На 8.10.1942, четири дена откако Ромел го почнал повлекувањето, со нападот на плажите на Американците настанува конфузија. Операцијата „Факел“, со помош на француската вишиевска влада имала за цел освојување на туниското пристаниште и воздухопловните бази околу градот Тунис.

- Камpањата за Африка во овие моменти била логистичка битка. Оној кој насобрал најмногу сили ќе победи. За Германците, Тунис е клучен да се зачува војската на Ромел додека да стигнат засилувања со новите Панзер IV Тигар тенкови.

- На 28.11 сојузниците стигнуваат блиску до Тунис, но со противнапад Ромел ги одбива. Германците ја добиваат првичната трка поради пократките линии за снабдување. Во јануари 1943 зимските дождови ги прекинуваат операциите и времето се користи за подготовки. Африканскиот корпус на 14.2.1943 преминува во последна офанзива. САД го претрпува првиот голем воен пораз a разделената Германска структура и засилувањата на сојузниците го запираат нападот. Потоа сојузниците ги преосвојуваат истите територии.

- Сојузниците се прегрупираат-Ајзенхауер станува врховен командант. И кај Оската доаѓа до прегрупирање – Ромел е командир на вооружената африканска групација (Африканскиот корпус, Арнимовата оклопна армија и Италијанската прва армија). Веројатно не бил најдобриот избор. Фруструран поради долгата кампања, бил уморен за нови борби. Силите на Оската биле сè послаби.

- Британците ги гледаат Американците како „нашите Италијанци“ поради слабата воена подготвеност. Затоа Монтгомери на 26.3 тргнува со напад и успева да се пробие низ противничките линии. Италијанскaта прва армија и Африканскиот корпус се повлекуваат. Сојузниците се спојуваат и ги ставаат силите на Оската во мали џепови. На 7.5 ослободен е Тунис од генерал Монтгомери.

- Стратешки, во Северноафриканската кампања Сојузниците првпат одлучно ја победуваат Оската на копно, со што психолошкото значење на победата е големо.

- САД влегуваат во војната и со Британија ги усовршуваат комбинираните командни структури, а француските партизани се организираат под команда на Западните сојузници. Но, тие сега се надвор од позиција, бидејќи нападот на Италија ќе треба да се прави со поморски напредувања.

- Поразот е стратешко назадување за Германија и заканата за стратешките линии на Британија исчезнува. Силите кои Хитлер ќе ги изгуби во мај 1943 можеби би направиле разлика на другите фронтови, додека тактички и операционо победата мора да им се припише на сојузниците и покрај војничката храброст на Ромел и неговиот Африкански корпус. Во логистичкиот хаос повеќе се снашле Сојузниците и успеале да го добијат овој значаен фронт.