Седноид
Седноид — заднептунско тело со перихел на голема далечина од работ на Кајперовиот Појас на 47,8 ае. Познати се само три вакви тела: 90377 Седна, 2012 VP113 и 541132 Лелејакухонуа (2015 TG387), но се претпоставува дека постојат многу повеќе. Сите три имаат перихели поголеми од 64 ае.[1] Лежат вон привидно празен јаз во Сончевиот Систем и не замоделуваат со други планети. Обично се групираат заедно со одвоените тела. Некои астрономи како Скот Шепард,[2] ги сметаат седноидите за тела од внатрешниот Ортов Облак, иако за внатрешниот Ортов Облак (или Хилсов Облак), првично се предвидувало дека лежи подалеку од 2.000 ае, по афелите на трите познати седноиди.
Еден обид за точна дефиниција на седноидите е било кое тело со перихел поголем од 50 ае и голема полуоска преку од 150 ае.[3][4] Меѓутоа, оваа дефиниција важи за 2013 SY99, 2014 ST373, 2015 FJ345, 2004 XR190, 2014 FC72 и 2014 FZ71, кои имаат перихел на 50,02 ае и голема полуоска од околу 700 ае но не се припаднички на седноидите, туку на истата динамичка класа како 2004 VN112, 2014 SR349 и 2010 GB174.[5]
Со нивните високозанесени орбити (над 0,8), седноидите се одликуваат од високоперихелните тела со умерена занесеност кои се во стабилна резонанција со Нептун, имено 2015 KQ174, 2015 FJ345, 2004 XR190, 2014 FC72 и 2014 FZ71.[6]
Необјаснети орбити
[уреди | уреди извор]Орбитите на седноидите не можат да се објаснат со растројувања од џиновските планети,[7] ниту пак со содејство со галактичките плими.[3] Ако настанале на нивните тековни места, нивните орбити мора првобитно да биле кружни; во спротивно, насобирањето (соединувањето на помали тела во поголеми) би било невозможно, бидејќи големите релативни брзини помеѓу планетезималите би правеле премногу пореметувања.[8] Денешните елиптични орбити можат can да се објаснат со неколку хипотези:
- Орбитите и перихелните растојанија на овие тела може да биле „подигнати“ со минувањето на блиска ѕвезда кога Сонцето сè уште било вгнездено во неговото родно јато.[9][10]
- Нивните орбити може да биле пореметени од засега непознато планетарно тело подалечно од Кајперовиот Појас како што е хипотетичката Деветта планета.[11][12]
- Може да биле зафатени од околината на минувачки ѕвезди, најверојатно во родното јато на Сонцето.[7][13]
Познати членови
[уреди | уреди извор]Број | Име | Пречник (км) |
Перихел (ае) | Голема полуоска (ае) |
Афел (ае) | Околусончево растојание (ае) |
Аргумент на перихелот (°) |
Откриен/предоткриен |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
90377 | Седна | 995 ± 80 | 76,06 | 506 | 936 | 85,1 | 311,38 | 2003 (1990) |
— | 2012 VP113 | 300–1000[15] | 80,50 | 261 | 441 | 83,65 | 293,78 | 2012 (2011) |
541132 | Лелејакухонуа | 220[16] | 64,94 | 1094 | 2123 | 77,69 | 118,17 | 2015 (—) |
Трите објавени седноиди, како и сите крајноодделечени тела (со големи полуоски > 150 ае и перихели > 30 ае; орбитата на Нептун), имаат слична насоченост (аргумент на перихелот) од ≈ 0° (338 ± 38 °). Ова не се должи на набљудувачка пристрасност и е неочекувано, бидејќи содејството со џиновските планети би ги произволило нивните аргументи на перихелот (ω),[3] со периоди на прецесија помеѓу 40 и 650 милиони години и 1,5 милијарди години за Седна.[13] Ова укажува на тоа дека во надворешниот Сончев Систем може да постои еден[3] или повеќе[17] неоткриени масивни растројувачи. Суперземја на 250 ае би предизвикала либрација кај овие тела околу ω = 0 ± 60 ° со милијарди години. Постојат повеќе можни построености, и суперземја со мало албедо на тоа растојание би имала привидна величина доволно мала за да не биде забележана од небесните прегледи. Оваа хипотетичка суперземја е наречена „Деветта планета“. Поголемите и подалечни растројувачи исто така би биле преслаби за да се забележат во прегледите.[3]
Во 2016 г. имало 27 познати тела со голема полуоска преку 150 ае, перихел по Нептун, аргумент на перихелот од 340 ± 55 ° и лак на набљудување од преку 1 година.[18] 2013 SY99, 2014 ST373, 2015 FJ345, 2004 XR190, 2014 FC72 и 2014 FZ71 се близу границата на перихелот од 50 ае, но не се сметаат за седноиди.
На 1 октомври 2018 г. е објавено дека Лелејакухонуа (тогаш наречена 2015 TG387) има перихел од 65 ае и голема полуоска од 1.094 ае. Со афел преку 2.100 ае, ова го носи телото подалеку од Седна.
Кон крајот на 2015 г. на конференција е објавено дека V774104 е уште еден кандидат за седноид, но неговиот лак на набљудување бил прекраток за да се знае дали неговиот перихел воопшто бил вон влијанието на Нептун.[19] Кажаното V774104 веројатно се мислело за Лелејакухонуа (2015 TG387) иако V774104 е внатрешна ознака за неседноидниот 2015 TH367.
Седноидите може да сочинуваат своја динамичка класа, но може да имаат разнородно потекло; спектралната косина од 2012 VP113 е многу различна од онаа на 90377 Седна.[20]
Теоретско население
[уреди | уреди извор]Секој од предложените механизми за крајно далечната орбита на Седна би оставила впечатлив белег на структурата и динамиката на секе пошироко население. Ако за ова е одговорна заднептунска планета, сите такви тела би имале приближно ист перихел (≈80 ае). Доколку Седна е зафатена од друг планетарен систем кој се вртел во иста насока како Сончевиот, тогаш сето негово население би имало орбити со релативно низок наклон и големи полуоски од 100 до 500 ае. Ако се вртел во спротивна насока, тогаш би се создале две населенија — едно со низок и едно со висок наклон. Растројувањатата од минувачките ѕвезди би создале широк опсег на перихели и наклони — секој зависен од бројот и аголот на таквите средби.[21]
Затоа, би било корисно да се добие поголем примерок од овие тела со цел да се утврди најверојатното сценарио.[22] Во 2006 г. Браун изјавил „Седна ја нарекувам фосилен остаток од најпрвобитниот Сончев Систем“, додавајќи „Со време, кога ќе најдеме други фосилни остатоци, Седна ќе ни помогне да дознаеме како настанало Сонцето и бројот на ѕвезди во негова близина при неговиот настанок.“[23] Во прегледот од 2007–08 г. Браун, Рабиновиц и Швамб се обиделе да пронајдат друг член на хипотетичкото население на Седна. Иако прегледот бил многу чувствителен на движење до далечина од 1.000 ае и ја открил веројатната џуџеста планета Гунггунг, истиот не пронашол нови седноиди.[22] Подоцнежните симулации во кои биле вклучени новите податоци упатуваат на веројатно постоење на 40 тела во ова подрачје со големина на Седна, од кои најсјајниот би имал величина на Ерида (−1,0).[22]
По откривањето на Лелејакухонуа, Шепард и неговите колеги заклучиле дека тоа подразбира население од 2 милиони тела од внатрешниот Ортовиот Облак поголеми од 40 км, со вкупна маса од околу 1⋅1022 кг (неколку пати поголема од масата на астероидниот појас и 80 % од масата на Плутон).[24]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „JPL Small-Body Database Search Engine: a > 150 (AU) and q > 50 (AU) and data-arc span > 365 (d)“. JPL Solar System Dynamics. Посетено на 15 октомври 2014.
- ↑ Sheppard, Scott S. „Beyond the Edge of the Solar System: The Inner Oort Cloud Population“. Department of Terrestrial Magnetism, Carnegie Institution for Science. Архивирано од изворникот на 2014-03-30. Посетено на 17 април 2014.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Trujillo, Chadwick A.; Sheppard, Scott S. (2014). „A Sedna-like body with a перихел of 80 astronomical units“ (PDF). Nature. 507 (7493): 471–474. Bibcode:2014Natur.507..471T. doi:10.1038/nature13156. PMID 24670765. Архивирано (PDF) од изворникот 16 декември 2014.
- ↑ Sheppard, Scott S. „Known Extreme Outer Solar System Objects“. Department of Terrestrial Magnetism, Carnegie Institution for Science. Архивирано од изворникот на 2015-03-25. Посетено на 17 април 2014.
- ↑ Bannister, Michele; Shankman, Cory; Volk, Katherine (2017). „OSSOS: V. Diffusion in the orbit of a high-perihelion distant Solar System object“. The Astronomical Journal. 153 (6): 262. arXiv:1704.01952. Bibcode:2017AJ....153..262B. doi:10.3847/1538-3881/aa6db5.
- ↑ Sheppard, Scott S.; Trujillo, Chadwick; Tholen, David J. (јули 2016). „Beyond the Kuiper Belt Edge: New High Perihelion Trans-Neptunian Objects with Moderate Semimajor Axes and Eccentricities“. The Astrophysical Journal Letters. 825 (1). L13. arXiv:1606.02294. Bibcode:2016ApJ...825L..13S. doi:10.3847/2041-8205/825/1/L13.
- ↑ 7,0 7,1 Brown, Michael E.; Trujillo, Chadwick A.; Rabinowitz, David L. (2004). „Discovery of a Candidate Inner Oort Cloud Planetoid“ (PDF). Astrophysical Journal. 617 (1): 645–649. arXiv:astro-ph/0404456. Bibcode:2004ApJ...617..645B. doi:10.1086/422095. Архивирано од изворникот (PDF) на 27 јуни 2006. Посетено на 2 април 2008.
- ↑ Sheppard, Scott S.; Jewitt, David (2005). „Small Bodies in the Outer Solar System“ (PDF). Frank N. Bash Symposium. University of Texas at Austin. Посетено на 25 март 2008.
- ↑ Morbidelli, Alessandro; Levison, Harold (2004). „Scenarios for the Origin of the Orbits of the Trans-Neptunian Objects 2000 CR105 and 2003 VB12 (Sedna)“. Astronomical Journal. 128 (5): 2564–2576. arXiv:astro-ph/0403358. Bibcode:2004AJ....128.2564M. doi:10.1086/424617.
- ↑ Pfalzner, Susanne; Bhandare, Asmita; Vincke, Kirsten; Lacerda, Pedro (9 август 2018). „Outer Solar System Possibly Shaped by a Stellar Fly-by“. The Astrophysical Journal. 863 (1): 45. arXiv:1807.02960. doi:10.3847/1538-4357/aad23c. ISSN 1538-4357.
- ↑ Gomes, Rodney S.; Matese, John J.; Lissauer, Jack J. (2006). „A distant planetary-mass solar companion may have produced distant detached objects“. Icarus. 184 (2): 589–601. Bibcode:2006Icar..184..589G. doi:10.1016/j.icarus.2006.05.026.
- ↑ Lykawka, Patryk S.; Mukai, Tadashi (2008). „An outer planet beyond Pluto and the origin of the trans-Neptunian belt“. Astronomical Journal. 135 (4): 1161–1200. arXiv:0712.2198. Bibcode:2008AJ....135.1161L. doi:10.1088/0004-6256/135/4/1161.
- ↑ 13,0 13,1 Jílková, Lucie; Portegies Zwart, Simon; Pijloo, Tjibaria; Hammer, Michael (2015). „How Sedna and family were captured in a close encounter with a solar sibling“. MNRAS. 453 (3): 3158–3163. arXiv:1506.03105. Bibcode:2015MNRAS.453.3157J. doi:10.1093/mnras/stv1803.
- ↑ „MPC list of q > 50 and a > 150“. Minor Planet Center. Посетено на 1 октомври 2018.
- ↑ Lakdawalla, Emily (26 март 2014). „A second Sedna! What does it mean?“. Planetary Society blogs. The Planetary Society. Посетено на 12 јуни 2019.
- ↑ Buie, Marc W.; Leiva, Rodrigo; Keller, John M.; Desmars, Josselin; Sicardy, Bruno; Kavelaars, J. J.; и др. (април 2020). „A Single-chord Stellar Occultation by the Extreme Trans-Neptunian Object (541132) Leleākūhonua“. The Astronomical Journal. 159 (5). arXiv:2011.03889. Bibcode:2020AJ....159..230B. doi:10.3847/1538-3881/ab8630. 230.
- ↑ de la Fuente Marcos, Carlos; de la Fuente Marcos, Raúl (1 септтември 2014). „Extreme trans-Neptunian objects and the Kozai mechanism: signalling the presence of trans-Plutonian planets“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society: Letters. 443 (1): L59–L63. arXiv:1406.0715. Bibcode:2014MNRAS.443L..59D. doi:10.1093/mnrasl/slu084. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „JPL Small-Body Database Search Engine: a > 150 (AU) and q > 30 (AU) and data-arc span > 365 (d)“. JPL Solar System Dynamics. Посетено на 8 февруари 2016.
- ↑ Witze, Alexandra (10 ноември 2015). „Astronomers spy most distant Solar System object ever“. Nature News. doi:10.1038/nature.2015.18770.
- ↑ de León, Julia; de la Fuente Marcos, Carlos; de la Fuente Marcos, Raúl (мај 2017). „Visible spectra of (474640) 2004 VN112-2013 RF98 with OSIRIS at the 10.4 m GTC: evidence for binary dissociation near афел among the extreme trans-Neptunian objects“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society: Letters. 467 (1): L66–L70. arXiv:1701.02534. Bibcode:2017MNRAS.467L..66D. doi:10.1093/mnrasl/slx003.
- ↑
Schwamb, Megan E. (2007). „Searching for Sedna's Sisters: Exploring the inner Oort cloud“ (PDF). Caltech. Архивирано од изворникот (PDF) на 12 мај 2013. Посетено на 6 август 2010. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ 22,0 22,1 22,2 Schwamb, Megan E.; Brown, Michael E.; Rabinowitz, David L. (2009). „A Search for Distant Solar System Bodies in the Region of Sedna“. The Astrophysical Journal Letters. 694 (1): L45–L48. arXiv:0901.4173. Bibcode:2009ApJ...694L..45S. doi:10.1088/0004-637X/694/1/L45.
- ↑ Fussman, Cal (2006). „The Man Who Finds Planets“. Discover. Архивирано од изворникот 16 јуни 2010. Посетено на 22 мај 2010.
- ↑ Scott Sheppard; Chadwick Trujillo; David Tholen; Nathan Kaib (1 октомври 2018). „A New High Perihelion Inner Oort Cloud Object“. arXiv:1810.00013. doi:10.3847/1538-3881/ab0895. Наводот journal бара
|journal=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Седноид на Ризницата ?
- Ново ледено тело наговестува планета која се крие зад Плутон (англиски)
|