Роб Томас
Роб Томас | |
---|---|
Томас на забавата организирана од списанието Vanity Fair во Њујорк (2010) | |
Животописни податоци | |
Родено име | Роберт Кели Томас |
Роден(а) | 14 февруари 1972 Ландштул, Западна Германија |
Потекло | Флорида, САД |
Жанрови | Алтернативен рок, поп рок, соул |
Занимања | Пејач, текстописец |
Инструменти | Вокал, пијано, гитара, перкусија, тапани |
Период на активност | 1996 - сѐ уште |
Издавачи | Атлантик, Emblem Music |
Соработници | Matchbox Twenty, Карлос Сантана, Itaal Shur, Tabitha's Secret |
Мреж. место | robthomasmusic.com |
Роб Томас (роден на 14 февруари 1972) е американски рок-музичар и текстописец. Кариерата ја започнал како пејач во бендот Matchbox Twenty, за подоцна да продолжи како соло артист. Има издадено два студиски албуми, и тоа ...Something to Be (2005) и Cradlesong (2009).[1]
Најпозната негова нумера е песната „Smooth“, која воедно е прва негова соработка со гитаристот Карлос Сантана. Песната освоила три Греми награди, а албумот Supernatural (на кој се наоѓа композицијата) се продал во повеќе од 30 милиони примероци на глобално ниво.
Освен за Сантана, Роб Томас има пишувано текстови за музичарите Мик Џегер, Марк Ентони и Вили Нелсон помеѓу останатите.
Интересно, Томас е роден во воена болница во тогашна Западна Германија, бидејќи неговите родители служеле во армијата на САД. Тој е исто така голем поборник за правата на геј заедницата.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Rob Thomas: Talking with the artist about his new album, 'Cradle Song' we7 exclusive“. 2009-03-02. Архивирано од изворникот на 2012-09-19. Посетено на 2009-06-24.
- ↑ Thomas, Rob. „The Big Gay Chip on My Shoulder“. Huffington Post. Посетено на 5/27/09. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Интервју со Роб Томас Архивирано на 3 јануари 2013 г.
- Matchbox Twenty Fansite
|