Од Википедија — слободната енциклопедија
Ријад (арапски: الرياض / Ar Riyāẓ) е главниот град на Саудиска Арабија. Воедно, Ријад е најголем град во државата, како и главен град на покраината Ријад. Ријад е дел од историските региони Наџд и Јамама. Градот се наоѓа во центарот на Арапскиот Полуостров и тој е дом на околу 5,254,560 жители. Метрополитенската област Ријад има население од околу 7 милиони жители. Градот е поделен на 15 општински окрузи кои се под капата на општина Ријад и градоначалникот и гувернерот.
Градот лежи во „централниот коридор“ на Саудиска Арабија за развој, заедно со Бураида и Харџ во ријадската административна единица. Другите две области со концентрирано поголемо население се две крајбрежни области - околу Џида и Мека на Црвеното Море, и околу Џубаил и Дахран на Персискиот Залив.
Иако е многу сува областа во која е сместен градот, сепак паѓаат и дождови во мала количина. Пет брани ја собираат дождовницата. Има околу 96 бунари и 467 км цевкаст систем кој ја пренесува водата од центрите за отсолување на Персискиот Залив до градот.
Името „Ријад“ потекнува од арапскиот збор الرياض и значи „градини“.
|
---|
| | | Северна Азија | Јужна Азија | Југоисточна Азија | Западна Азија | |
Средна Азија
Источна Азија
| |
- Бангкок, Тајланд
- Бандар Сери Бегаван, Брунеј
- Вест Ајленд, Кокосови Острови (Австралија)
- Виентијан, Лаос
- Дили, Источен Тимор
- Куала Лумпур, Малезија
- Манила, Филипини
- Непјидо, Мјанмар
- Пном Пен, Камбоџа
- Сингапур
- Флаинг Фиш Коув, Божиќен Остров (Австралија)
- Ханој, Виетнам
- Џакарта, Индонезија
|
- Абу Даби, Обединети Арапски Емирати
- Аман, Јордан
- Анкара, Турција
- Багдад, Ирак
- Баку, Азербејџан
- Бејрут, Либан
- Дамаск, Сирија
- Доха, Катар
- Епископи, Акротири и Декелија (ОК)
- Ерусалим, Израел *
- Каиро, Египет
- Кувајт, Кувајт
- Манама, Бахреин
|
- Ереван, Ерменија
- Левкозија, Кипар
- Мускат, Оман
- Рамала, Палестина (дефакто) *
- Ријад, Саудиска Арабија
- Сана, Јемен
- Северна Левкозија, Северен Кипар
- Степанакерт, Арцах
- Сухуми, Абхазија
- Тбилиси, Грузија
- Техеран, Иран
- Цхинвал, Јужна Осетија
|
| | * Статусот е предмет на спор. |
|