Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Шарлија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шарлија
Βροντούς
Поглед на врвот Пророк Илија (Али Баба) од атарот на с. Горно Фраштани
Највисока точка
Надм. вис.1.849 м [1]
Географија
Шарлија
Βροντούς на карта

Карта

Поглед од Беласица на Шарлија (десно, заден план). На преден план е Сенгелска Планина, а лево е Драмски Боздаг

Шарлија или Бродска Планина (грчки: Βρόντος, Врондос) — планина во североисточна Егејска Македонија, денес во Грција.

Географија

[уреди | уреди извор]

Планината е сместена во Серско, Егејска Македонија и се протега во працвец североисток-југозапад. Долга е околу 30 км и широка 15-20 км. Највисока точка е врвот Пророк Илија (Προφήτης Ηλίας) со 1.849 м. По 1941 г. врвот територијално влегол во состав на Бугарија и во 1942 г. е преименуван со државен указ во Коевец. Пред тоа се нарекувал Алибаба (Αλή Μπαμπάς). На север, длабоката долина на реката Белица (Крусовитис) ја дели од Славјанка (Алиботуш или Орвилос) и Сенгелска Планина (Ангистро), а на североисток Шарлија се надоврзува на планината Црна Гора (Мавро Вуно) преку Црвиловското Седло, а на исток Бродска Река ја дели од планината Сминица (Меникио). На запад и југ планината се граничи со плодното Серско Поле. Шарлија е составена претежно од гранити. Во ниските делови се среќаваат шкрилци, мермери и песокливи терцијарни наслаги.[2]

Населени места

[уреди | уреди извор]

Во подножјето на планината се сместени гратчето Валовишта (Демир Хисар, гр. Сидирокастро) и селото Савек (Вамвакофито) од западна страна, градот Сер од јужна, селото Горно Броди (Ано Вронду) од источна и селото Крушево (Ахладохори) од север. Од Шарлија извира реката Серовица, која тече кон југ, напоредно на Бродската Река.

Зимско одморалиште

[уреди | уреди извор]

На северните падини на Шарлија, на висина од 1.600 м е сместен скијачкиот центар Лајља (Λαϊλιά). Тука е изграден скијачки терен со должина од 1 км, скилифт со седишта долг 850 м и капацитет 700 луѓе на час, како и неколку влечалки. Центарот располага и со терен за почетници. На крајот од пистата има современ објект со ресторан, кафетерија и сместувачки капацитети. Центарот е домаќин на низа натпреварувања по скијачко спуштање и трчање.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. Oreivatein.com
  2. Георгиев, Георги К. "Железодобивната индустрия в Мървашко (планината Алиботуш и съседните и планини)". София, 1953, стр.12-13.