Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Цонга (јазик)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цонга
Шангана
Xitsonga
Застапен воМозамбик, ЈАР, Свазиленд, Зимбабве
ПодрачјеЛимпопо, Мпумаланга
Говорници3,7 милиони  (2006)
Јазично семејство
Статус
Службен во ЈАР
Јазични кодови
ISO 639-1ts
ISO 639-2tso
ISO 639-3tso
Linguasphere99-AUT-dc вкл. varieties 99-AUT-dca...
-dcg
Гатриев кодS.53 (S.52)[1]

Цонга (самон. шицонга или поточно шангана) — јужноафрикански банту-јазик што го говори народот Цонга (Вацонга).

Име на јазикот

[уреди | уреди извор]

Поимот „цонга“ се однесува на јазиците цонга, цва и ронга. Затоа, самиот јазик цонга во потесна смисла се нарекува „шангана“, наречен по неговиот главен дијалект. Други дијалекти се шилулеке, нвалунгу, хлаве, кнука, гвамба, нлангану, џонга и била.

Географска распространетост

[уреди | уреди извор]
Географска распространетост на јазикот цонга во ЈАР: дел од населението што горови цонга во домот.
  0–20%
  20–40%
  40–60%
  60–80%
  80–100%

Јазикот цонга го говорат околу 1.972.000 жители[2] на покраините Лимпопо, Гаутенг и Мпумаланга во ЈАР, како и 1,5 милиони луѓе во Мозамбик и 19.000 луѓе во Свазиленд. Покрај ова, постојат и 100.000 говорници што живеат во Зимбабве.

Во ЈАР, највеќето припадници на народот Цонга (Вацонга) се сконцентрирани во мееста како Нкованкова, Гијани, Маламулеле, Нвамитва, Мухлава, Хланганани (Бунгени) во Лимпопо и Бушбакбриџ, како и други во Мпумаланга. Постои и бројно население во покраините Северозападна, Квазулу-Натал и Гаутенг, што во основа значи насекаде на територијата на стариот Трансвал.

Фонологија

[уреди | уреди извор]

Цонга прави разлика помеѓу модални и мрморни варијанти на согласките: /bʱ, bvʱ, vʱ, dʱ, ɖʐʱ, dʒʱ, ɡʱ/ наспроти /b, bv, v, d, ɖʐ, dʒ, ɡ/ кај препречните (со исклучок на /ɮ/), како и помеѓу /m̤, n̤, ŋ̈, r̤, ȷ̈, w̤/ наспроти /m, n, ŋ, r, j, w/ кај сонантите (со исклучок на /ɲ/).

За разлика од некои нгунски јазици, цонга има мошне малку зборови со чкрапки. По место тие можат да бидат од забни до задновенечни.

Граматика

[уреди | уреди извор]

Граматиката е типична за банту-јазик, со збороред од обликот „подмет-прирок-предмет“.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Jouni Filip Maho, 2009. New Updated Guthrie List Online
  2. Попис 2001: Најважни резултати - Статистика Јужна Африка (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]