Фауста (сопруга на Констанс II)
Изглед
Фауста | |||||
---|---|---|---|---|---|
Византиска царица | |||||
Роден(а) | 7 век | ||||
Починал(а) | 7 век Цариград | ||||
Почивалиште | |||||
Сопружник | Констанс II Ираклиј | ||||
Деца |
| ||||
| |||||
Династија | Ираклиева династија | ||||
Татко | Валентинијан |
Фауста (околу 630 - после 668) била византиска царица, сопруга на царот Констанс II Ираклиј и мајка на царот Константин IV[1].
Фауста била ќерка на Валентинијан, византиски генерал од ерменско потекло, потомок на ерменската династија на Аршакидите[2].
Фауста се омажила за Констанс II Ираклиј во 642 година. Двајцата имале три сина:
- Константин IV
- Ираклиј
- Тибериј
Точниот датум на смртта на Фауста е непознат. Познато е дека таа го надживеала сопруг, кој бил убиен во бањата на 15 септември 668 година. Во "За церемониите" цар Константин VII споменува дека царицата била погребана во црквата Свети Апостоли во Цариград.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Kazhdan, pg. 496
- ↑ Peter Charanis, 'The Armenians in the Byzantine Empire,' Byzantinoslavica 22 (1961), 196–240.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Warren Treadgold, "Two Fights for Survival: 610–668," Chapter 9 of his A History of the Byzantine State and Society, Stanford University Press, 1997, pp. 287–322.
- Lynda Garland, "Fausta, wife of Constans II"
Претходник Грегорија |
Византиска царица 642–668 |
Наследник Анастасија |