Помошна организација на ВМРО
Помошната организација на ВМРО, позната и како Држава во држава [1] или Земја на слободата или смрта [2], во Пиринска Македонија била помошна организација на Внатрешната македонска револуционерна организација. Таа била создадена од Тодор Александров и имала за цел да ја помага морално и материјално револуционерната борба во Вардарска и Егејска Македонија.
Цел
[уреди | уреди извор]На 22 август 1922 година Тодор Александров објавил окружно бр. 303, со кое на Организацијата ѝ дал административни и судски функции [3] кои биле воспоставени во Пиринска Македонија. Таа работела за:
- 1. Да ја помага морално и материјално ВМРО во поробените, под Србија и Грција, делови од Македонија; 2. Да ги отстрани сите пречки за успехот на организацијата, имено уништување на разбојништвото, шверцот и шпионажата, казнување на крадците, изнудвачите, рушветчиите и золумџиските службеници и др. 3. Да дава прием и да помага во наоѓање работа на вратените на одмор или работа за качаците (бегалци) и бегалци од Македонија под српско и грчко ропство и да им помага на кој имаат желба да се вратат во нивните родни места; 4. Да ја омекне партиските борби таму до степен да не бидат штетни тие за каузата на робот; 5. Да ги помага законоустановените власти за зајакнување на редот и законитоста во овој крај, кој до неодамна бил најнемирен во Царството Бугарија 6. Да уреди таму таму милиција за засилување на одбраната на селата и границата против напади од крадци, шверцери, разбојници наши и странски банди и др. слични [4].
Држава во држава
[уреди | уреди извор]За што, всушност, се работи? Се работи за тоа дека среде Европа, одвај четириесет и осум часа со воз од Лионската железничка станица во Париз, постои една организација, која е посилна од државата на чија територија дејствувала. Таа организција има свои закони, свој весник, своја полиција и свое судтсво. Таа собира даноци, прима пари од странство, осудува на смрт врз основа на својот произволен догматизиран морал. Таа страшна организација суверено владее со еден дел од државата, а на уставната влада не и дозволува да води ни внатрешна, ни надворешна политика, која не им конвенира на сфаќањата на организацијата. Така, таа ја присилува Југославија да поставиплетена жица на својата граница и караули по планинските врвови на источната граница и да ги држи под стража железничките пруги и мостови, како да е во војна. Ете такви работи извршува Внатрешната македонска револуционерна организација - ВМРО.
— Алберт Лондр, Комитаџии [2]
По настанувањето на конфликтот помеѓу БЗНС и ВМРО, особено по Нишката спогодба од 1923 година, помошната организација презела мерки против на бугарската влада и армија, како и против федералистките чети. Се создала и втора помошна организација во пограничните територии на Пиринска Македонија - Железничарска тајна организација. Конспиративна природа на оваа помошна организација им овозможувала на членовите да навлезат во структурите на железничкиот транспорт на БДЖ во Бугарија, најважниот логистички отстрел во тоа време.
Својата конечна физиономија ја добива во времето кога на чело на ВМРО застанува Ванчо Михајлов. Тој успеал да оневозможи каква било јавна политичка дејност што не била во согласност со самата Организација. ВМРО успеала да ја попречи работата на Бугарската комунистичка партија и други организации и друштва во Пиринска Македонија. Граѓанските партии тешко успевале да истакнат и да изберат свои кандидати за општинските совети или народното собрание во Бугарија. За политички претставници биле бирани лица од македонската средина кои биле блиски до ВМРО.
Пратениците во бугарското собрани од Пиринска Македонија образувале македонска парламентарна група, сите тие биле избрани со поддршка и помош на Организацијата и во собранието воделе сметка за интересите на ВМРО.
Постепено ВМРО успеала да се наметне врз сите македонски организации и друштва во Бугарија: Илинденската организација, Македонскиот национален комитет на братствата, Македонскиот младински сојуз, Студенското друштво Вардар и итн.
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Историја на македонскиот народ, Скопје, 1972
- ↑ 2,0 2,1 Алберт Лондр, Комитаџии, Тероризмот на Балканот, Скопје, Култура, 1996
- ↑ „Гребенаров, Александър, „Тодор Александров и железничарската тайна организация", сп."Македонски преглед", бр.3, 1999 г.“. Архивирано од изворникот на 2008-02-22. Посетено на 2011-06-20.
- ↑ Тюлеков, Димитър. „ВМРО в Пиринско 1919-1934“, Унив. Изд. “Неофит Рилски”, Благоевград, 2001 г.