Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Планината Сент Виктоар и вијадуктот на долината Арк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Планината Сент Виктоар и вијадуктот на долината Арк
Mont Sainte-Victoire and the Viaduct of the Arc River Valley
Творец Пол Сезан
Година 1882 (1882)—1885 (1885)
Материјал масло на платно
Димензии 65.5 см × 81.7 см
Место Метрополитен (музеј), Њујорк (град)
Сопственик Метрополитен (музеј)

Планината Сент Виктоар и вијадуктот на долината Арк е слика од Пол Сезан, создаена во периодот помеѓу 1882 и 1885 година, денес е во Метрополитен (музеј) во Њујорк (град).

Оваа слика е значајна не само по уметничките дострели, која ја открива севкупниот раскош на авторовиот тален но, значајна е и по тоа што во неа Сезан ги внел сите карактеристични елементи на неговата подоцнежна зрела фаза од која ќе произлезат низа негови антологиски дела значајни за ликовната уметност[1].

Во неа го напушта лесниот потез и светлината на импресионизмот и ги внел неговите карактеристични колористички јарки бои и потполно ја променил перспективата и композициската стварност во идејниот и творечки ракурс[2].

Оваа слика била темелот од која ќе произлезат негоите карактеристични мртви природи и Играчите на карти кои всушност не се слики во класичен смисол на зборот туку своевидно истражување на можностите и повеќеслојноста на ликовниот израз и мисла.

Многумина ова дело го вбројуваат во едно од најзначајните во Сезан[3].