Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Отља

Координати: 42°8′38″N 21°35′16″E / 42.14389° СГШ; 21.58778° ИГД / 42.14389; 21.58778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Отља
Отља во рамките на Македонија
Отља
Местоположба на Отља во Македонија
Отља на карта

Карта

Координати 42°8′38″N 21°35′16″E / 42.14389° СГШ; 21.58778° ИГД / 42.14389; 21.58778
Општина Липково
Население 2.538 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 17076, 17576
Надм. вис. 447 м
Отља на општинската карта

Атарот на Отља во рамките на општината
Отља на Ризницата

Отља (албански: Hotla) — село во Општина Липково, Кумановско.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Отља лежи северозападно од Куманово и кумановскиот дел на Скопска Црна Гора (Карадак), во Жеглигово на десниот брег на Липковска Река. Местото е исполнето со планини и котлини, и се наоѓа во близина на селата Липково и Матејче. Отља се наоѓа на падините на Скопска Црна Гора, во селата кои се населени со Албанци муслимани.

Историја

[уреди | уреди извор]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.543—    
19531.601+3.8%
19611.638+2.3%
19711.938+18.3%
19812.326+20.0%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
19942.685—    
20023.148+17.2%
20212.538−19.4%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.100 Албанци, 50 Македонци и 50 Роми.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.538 жители, од кои 2.485 Албанци и 52 лица без податоци.[3]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 490 200 1.543 1.601 1.638 1.938 2.326 0 2.685 3.148 2.538
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]

Отља е муслиманско село. А порано имало и православно население.

Според истражувањата од 1941 година, родови во селото биле

Православни

  • Грујовци (4 к.) доселени биле пред повеќе од 350 години од околината на Вучитрн во Косово. Тогаш во Отла и останатите села на Карадак немало доселени муслимански родови од Албанија. Потоа доста население од Грујовци се иселил во Скопје, Дебар, Матејче и Куманово.
  • Петковци (1 к.) доселени биле од околината на Косовска Митровица во Косово. Од овој род имало многу иселеници во Куманово (10 семејства).
  • Златанови (1 к.) доселени биле од некое место во Косово. Имале иселеници во Куманово (8 семејства).
  • Ѓоргиовци (1 к.) доселени биле од Метохија. Имале иселеници во Куманово (10 семејства).

Муслимански

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  3. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  4. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  5. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  6. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  7. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  8. Трифуноски, Јован (1951). Кумановско-Прешевска Црна Гора. Белград: САНУ.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]