Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Оче наш

Од Википедија — слободната енциклопедија

Оче наш — главната молитва во христијанството предложена од самиот Исус Христос во Беседата на гората запишана во Евангелието според Матеј (Мт 6,9-12) и Евангелието според Лука (Лк 11,2-4). Овде се дадени верзии на македонски, старословенски и црковнословенски.

Македонски

Оче наш, кој си на небесата,
да се свети името Твое,
да дојде царството Твое,
да биде волјата Твоја,
како на небото, така и на земјата;
Лебот наш насушен дај ни го денес
и прости ни ги долговите наши
како и ние што им ги проштеваме на нашите должници;
и не воведувај нè во искушение,
но избави нè од лукавиот.
Зашто Tвое е царството,
и силата и славата во сите векови.
Амин!

Старословенски во руска редакција
(црковнословенски)

Ѻтче нашъ, иже єси на небесҍхъ,
да свѧтитсѧ имѧ Твое,
да прїидетъ царствїе Твое:
да будетъ волѧ Твоѧ,
якѡ на небеси, и на земли.
хлѣбъ нашъ насущный даждь намъ днесь,
и остави намъ долги нашѧ,
якоже и мы ѡставлѧемъ должникѡмъ нашымъ:
и не введи насъ во искушенїе,
но избави насъ ѿ лукавагѡ.
Аминь.

„Оче наш“ на старословенски.
„Оче наш“ на црковнословенски.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]