Општини во Романија
Општина (comună на романски) — најниско ниво на административна подподелба во Романија. Романија е поделена на 2.686 општини. Општината претставува рурална подподелба на окрузите. Урбаните населби, како што се гратчињата и градовите во окрузите, го стекнуват статусот на градови или градски општини.
Како начело, општината може да содржи неограничен број на население, но во практиката, кога една општина ќе стане урбанизирана и ќе надмине преку 10.000 жители се стекнува со статус на град. Иако градовите се на исто управно ниво како и општините, нивните месни власти се подредени на таков начин што истите имаат поголема моќ. Некои урбани и полуурбани области со помалку од 10.000 жители имаат стекнато статус на град.
Секоја општина е управувана од градоначалник (primar на романски). Општината се состои од едно или повеќе села кои поединечно немаат никаква управна улога. Општините, како и градовите, сè исто што и европските месни управни единици од второ ниво.
Флорешт во округот Клуж, е најголемата општина, со преку 22.000 жители.[1][2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-06-16. Посетено на 2015-02-01.
- ↑ http://adevarul.ro/locale/cluj-napoca/cea-mai-mare-comuna-tara-nu-liceu-isi-universitate-10-milioane-eurocu-ajutorul-penticostalilor-1_51bef306c7b855ff569dc758/index.html