Nothing Special   »   [go: up one dir, main page]

Прејди на содржината

Ондо (сојузна држава)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ондо
Сојузна држава
Прекар(и): Држава на изгрејсонцето
Местоположба на Ондо во Нигерија
Местоположба на Ондо во Нигерија
Држава Нигерија
Датум на создавање3 февруари 1976
Главен градАкуре
Управа
 • ГувернерОлуваротими Одунајо Акередолу (КСН)
 • Заменик гувернерЛаку Аједатиуа
 • СенаториНиколас Тофоуомо
Роберт Аџаји Борофис
Ајо Патрик Акињелуре
Површина
 • Вкупна15,500 км2 (5,985 ми2)
Население (попис од 2006)1
 • Вкупно3,460,877[1]
 • Ранг18. of 36
БДП (ПКМ)
 • Година2007
 • Вкупно8.414 милијарди $[2]
 • По глава на жител2,392 $[2]
Час. појасЗАВ (UTC+01)
поштенски број340001
ISO 3166NG-ON
ИЧР (2018)0.606[3]
среден · 16. од 37
^1 Preliminary results

Сојузната држава Ондодржава во југозападна Нигерија. Создадена во февруари 1976 година од поранешната Западна сојузна држава, државата Ондо се граничи со државата Екити (формално дел од државата) на север, државата Коги на североисток, државата Едо на исток, државата Делта на југозапад, државата Осун на северозапад, и Атлантскиот Океан на југ.[4] Главен град на државата е Акуре, поранешна престолнина на античкото Кралство Акуре.

Под прекарот „Држава на изгрејсонцето“, државата Ондо е 18-та по големина држава во земјата. Државата е претежно јорупска,[5][6] и најчесто се зборува на јорупски јазик.[7] Државната економија е доминирана од нафтената индустрија, при што производството на какао, експлоатацијата на асфалт и активностите што се користат во големото крајбрежје на државата исто така служат како главни економски фактори.[8]

Власт и општество

[уреди | уреди извор]

Државата содржи осумнаесет локано самоуправни области, а најголемите се Акоко, Акуре, Окитипупа, Ондо, Илаје и Ово. Мнозинството граѓани на државата живеат во урбани центри. Големите владини универзитети во државата Ондо се Акурскиот сојузен универзитет за технологија, Ондовскиот државен универзитет за наука и технологија, Ондовскиотуниверзитет за медицински науки и Универзитетот „Адекунле Аџасин“ во Акунгба Акоко.[9]

Области на локална самоуправа

[уреди | уреди извор]

Државата Ондо се состои од 18 области на локалната самоуправа, тие се:

Етнички групи

[уреди | уреди извор]

Етничкиот состав на државата Ондо е во голема мера од јорупски подгрупи на народите Акоко, говорниците на јазикот Едо, Акуре, Икале, Илаџе, Ондо и Ово. Народот Иџау, како што се населенијата на Апои, Фурупага и Арогбо, живеат во крајбрежните области, а голем број луѓе од државата Ондо кои зборуваат врста на јорупскиот јазик сличен на дијалектот во Ифе кои живеат во Оке-Игбо.[11] Религија: Огромното мнозинство од населението се христијани.

Терциерни установи

[уреди | уреди извор]
  • Универзитет „Адекунле Аџасин“, Акунгба Акоко
  • Универзитет „Ачиверс“, Ово
  • Адејемов образовен колеџ
  • Универзитет „Елизад“
  • Сојузен земјоделски колеџ, Акуре
  • Сојузен политехнички, Иле Олуџи
  • Акурски сојузен технолошки универзитет
  • Национален отворен универзитет на Нигерија, Акуре
  • Ондовски државен универзитет за наука и технологија, Окитипупа
  • Политехнички „Руфус Гива“, Ово
  • Универзитет за медицински науки, Ондо
  • Веслиев универзитет за наука и технологија
  1. „2006 PHC Priority Tables – NATIONAL POPULATION COMMISSION“. population.gov.ng (англиски). Архивирано од изворникот на 10 октомври 2017. Посетено на 15 април 2021.
  2. 2,0 2,1 „C-GIDD (Canback Global Income Distribution Database)“. Canback Dangel. Посетено на 15 април 2021.
  3. „Sub-national HDI - Area Database - Global Data Lab“. hdi.globaldatalab.org (англиски). Посетено на 15 април 2021.
  4. „Ondo state border States“.
  5. „The People Of Ondo Kingdom And Their Culture: A Historical Survey And Political Underpinning – Ondo Connects New Era“ (англиски). Посетено на 15 април 2021.
  6. „Geography and Society“, The Yoruba from Prehistory to the Present (англиски), Cambridge University Press: 1–28, 2019-07-04, doi:10.1017/9781107587656.001, ISBN 978-1-107-58765-6, Посетено на 2021-03-07
  7. „Yoruba Online“. www.africa.uga.edu. Архивирано од изворникот на 2021-09-18. Посетено на 15 април 2021.
  8. „Ondo State“. Nigerian Investment Promotion Commission (англиски). 9 јануари 2019. Посетено на 15 април 2021.
  9. „Ondo State Trip Planner • Plan your Ondo State vacation itinerary“. Inspirock (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-04-15. Посетено на 15 април 2021.
  10. „Ondo | Nigeria“. Encyclopedia Britannica.
  11. Anderson, Liam D. (2013). Federal Solutions to Ethnic Problems: Accommodating Diversity. ISBN 9780415781619. Посетено на 15 април 2021.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]